Македонски олимписки комитет

From Wikipedia, the free encyclopedia

Македонски олимписки комитет

Македонски олимписки комитет (МОК) — национален олимписки комитет на Република Македонија и 195-ти член на Меѓународниот олимписки комитет. Негов претседател е Даниел Димевски. На функцијата потпретседател се Д-р Наташа Мешковска и Андреа Јосифовски, генерален секретар е Д-р Сашо Поповски, а спортски директор Насе Насев.

Кратки факти национален олимписки комитет, Земја ...
Македонски олимписки комитет
Thumb
Лого на комитетот
национален олимписки комитет
Земја Македонија
КодMKD
Основан1992
Признаен1993
Континентално
членство
ЕОК
Затвори

Основни цели и задачи на МОК се:

  • подготовка и учество на спортистите од Република Македонија на Летните и Зимските Олимписките игри,
  • развој и ширење на олимпиското движење во Република Македонија,
  • почитување на Олимписката повелба,
  • ширење на основните принципи на Олимпизмот преку активности и програми кои се реализират во рамките на образовниот и културниот живот,
  • развој на врвниот спорт,
  • развој на меѓународна соработка во областа на спортот,
  • спроведување на акции против секаков облик на дискриминација и насилство за време на спортските настани,
  • грижa за здравјето на спортистите и за имплементација на квалитетна анти-допинг програма, посебно почитувајќи го медицинскиот код на Меѓународниот олимписки комитет и Светскиот анти-допинг код на Светската Анти-допинг Агенција.

МОК ја одвива својата активност преку 16 органи и тела.

Во ширењето на олимпизмот има востановено повеќе традиционални манифестации: Олимписки денови (зимски и летен), Олимписки часови, Олимписки ден на трчање, Олимписки Пикник и друго. MOK иницира и поддржува повеќе приредби од спортски, културен или хуманитарен карактер.

Покрај учеството на Олимписките игри, МОК ги организира и настапите на македонските спортисти на континеталните и светските олимписки младински денови, а во 2002 година беше и домаќин на третиот натпревар на Олимписките надежи од Балканот.

Првото учество на спортисти од Македонија на летните олимпијади е врзано за австралиското копно, за Мелбурн 1956. Оттогаш, па заклучно со Торино 2006 (освен на Игрите во Токио 1964) станува збор за настапи на 14 летни и зимски олимпијади на кои сè до осамостојувањето на Република Македонија, во 1991 година, нејзините спортисти беа дел од составот на олимпискиот тим на поранешна СФР Југославија.

На ОИ во Барселона 92 македонските спортисти настапија со статус - независни учесници бидејќи МОК сè уште не беше примен во членство во МОК, па оттука Атланта 96 е првата нивна олимпијада под знамето на Република Македонија. Што се однесува до Зимските олимписки игри, првото учество на македонскиот олимписки тим е врзано за Нагано 1998 година.

Македонските спортисти имаат освоено 13 олимписки медали и тоа сите на летна олимпијада: 2 злата, 5 сребра и 6 бронзи. Повеќето од медалистите се членови на Клубот на великаните на МОК, што претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во нашава земја. Строгите критериуми кои не се однесуваат само на резултатите во спортската кариера, досега ги имаат исполнето 17 спортисти и спортски стручњаци. Секој член на Клубот на великаните добива статуа, златен прстен и значка.

Освојувачи на медали на олимписки игри се:

Освојувачи на медали на пара-олимписки игри се:

  • Вангел ЖабевЛПОИ Арнем - 1980 – 2 бронзени медали
  • Бранимир ЈовановскиЛПОИ Барселона - 1992 – златен медал
  • Ванчо КаранфиловЛПОИ Атина - 2004 – сребрен медал
  • Оливера Наковска - БиковаЛПОИ Лондон - 2012 -златен медал

Македонскиот олимписки комитет има востановено и други признанија, меќу кои и Повелба на МОК и Олимписка ѕвезда. Повелбата на МОК за посебни заслуги за развојот на олимпизмот и спортот му е доделена на Хуан Антонио Самаранч, а прв носител на Олимписката ѕвезда е Мишел Платини.

Поврзано

Надворешни врски

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.