Париз
главен град на Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
главен град на Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Париз (француски: Paris) — главен град на Франција, а воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на реката Сена во северниот дел на Франција, во регионот Ил де Франс т.е. парискиот регион.
Париз Paris | |||
---|---|---|---|
Надесно: Пирамида пред Лувр, Триумфалната порта, Дефанс, панорама на Париз на реката Сена и Ајфеловата кула - сликите водат кон соодветни статии | |||
Гесло: Fluctuat nec mergitur (латински: „Брануван од брановите, но не потонува“) | |||
Местоположба во регионот Ил-де-Франс [[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Île-de-France" does not exist|270px|Париз во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Île-de-France" does not exist]]
Париз | |||
Координати: 48°51′24″N 2°21′03″E | |||
Земја | Франција | ||
Регион | Ил де Франс | ||
Департман | Париз | ||
Единици | 20 арондисмани | ||
Управа | |||
• Градоначалник (2008–14) | Бертран Делано (PS) | ||
Површина1 [1] | 105,4 км2 (407 ми2) | ||
• Градска (2010) | 2.844,8 км2 (10,984 ми2) | ||
• Метро (2010) | 17.174,4 км2 (66,311 ми2) | ||
Население (2010[2])2 | 2.243.833 | ||
• Ранг | 1. во Франција | ||
• Густина | 2,100/км2 (5,500/ми2) | ||
• Градскo (Јан. 2009) | 10,413,386[3] | ||
• Метро (Јан. 2009) | 12,161,542[4][5] | ||
Час. појас | CET (UTC +1) | ||
INSEE/Пошт. бр. | 75056 / 75001-75020, 75116 | ||
Мреж. место | www.paris.fr | ||
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Големината на градското подрачје е ограничено уште во 1860 година и поради тоа Париз е со константен број на население од околу 2.200.000 жители. Меѓутоа во поширокото градско урбано опкружување, живеат над 12 милиони жители и со тоа овој регион е еден од најнаселените региони во Европа, по регионите околу Москва и Лондон.
Париз веќе неколку столетија наназад има значење за економијата, културата, политиката, образованието, уметноста и науката во светот. Во најново време Париз е и седиште на високата мода, модните брендови, како и луксузот и естетиката на живеењето.
Според податоците од 2005 година,[6][7] Париз од градовите во Европа е со најразвинена економија и највисок БДП. Париз и парискиот регион со 534 милијарди € (2007) учествува со четвртина од вкупниот БДП на Франција. Во Париз се сместени и работат 37 од 500-те најголеми компании во светот според списокот Fortune Global 500.
Во Париз се сместени и многу меѓународни организации како УНЕСКО, Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Меѓународната комора за трговија (ICC), како и неформалниот Париски клуб, додека пак во еден период тука било сместено и седиштето на НАТО.
Со годишна бројка од над 45 милиони туристи Париз е најпосетуваниот град во светот, како резултат на многубројните културни, историски и уметнички знаменитости, како и поради парковите и други атракции во градот. Поради тој факт Париз се нарекува и град на светлината или најромантичниот град во светот.
Денешното име на Париз потекнува од старите жители што живееле на тој простор -Пинтерското племе и Ризкото племе. Градот бил наречен Лангезим (или поточно Langе Ziorum)во текот на првите шест века под окупација на Римското Царство. Името на градот го менува Јулијан Отпадникот (1703-1759) во сегашното име Париз. Некои научници сметаат дека името на племето Пинтерското племе потекнува од келтско-галаски збор пинтер - „pinteresio“, што во превод значи „богата земја“ или “богатства“.Затоа можеме да кажеме дека Франција е позната по градот Париз. од До раниот 20 век, Париз бил познат и по името Панам (на француски: Paname) во францускиот жаргон (File:ltspkr.pngMoi j'suis d'Paname, т.е "Јас сум од Панам"),јас сум панам.
Градот Париз е сместен на реката Сена. На реката се наоѓаат и два острова во самиот центар на градот, еден помал островот Сен-Луј и другиот поголем островот Ил-де-ла-Сите, кој воедно претставува и атракција за туристите, бидејќи на него се наоѓа познатата Богородична црква, (Нотр-Дам) и мостот Понт-Неф (Новиот мост), кој денес впрочем е најстариот мост на реката Сена, изграден уште во 1607 година. Најниската точка на градот е на 35 метри надморска височина, додека највисоката е 130 метри надморска височина (ридот Монмартр).
Надвор од Париз постојат два големи парка и тоа, Булоњската шума и Винсенската шума. Тие зафаќаат површина од 86,92 км2. Во 1929 година двете шуми официјално биле споени со градот.
Париз има океанска клима и е под влијание на атлантската струја и тоа доведува да нема некои големи температурни разлики во текот на годината.
Париз има релативно топли лета со просечна највисока температура од 25 °C (77 °F) и просечна најниска температура од 15 °C (59 °F). Зимите се студени, меѓутоа без поголеми минусни температури, со просечни температури од 3 °C (37 °F) до - 8 °C (46 °F). Пролетните и есенските денови се претежно со блага температура и со умерени студени ноќи. Врнежите се чести во текот на целата година и често може да дојде до ненадејни врнежи во текот на денот. Годишниот просек на врнежи е 642 mm/m2. Снегот е релативно ретка појава во Париз.
Највисоката температура некогаш измерена во Париз е 40.4 °C (105 °F), измерена на 28 јули 1948, додека најниската била −23.9 °C (−11 °F), изнерена на 10 декември 1879. Париз годишно просечно има околу 1789 сончеви часови, најмогу сонце има во јули, просечно по 240 часа месечно, а најмалку во декември 53 сончеви часа месечно.
Климатски податоци за Париз (парк „Монсури“), 1981–2010 | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 16.1 (61) |
21.4 (70.5) |
25.7 (78.3) |
30.2 (86.4) |
34.8 (94.6) |
37.6 (99.7) |
40.4 (104.7) |
39.5 (103.1) |
36.2 (97.2) |
28.4 (83.1) |
21 (70) |
17.1 (62.8) |
40.4 (104.7) |
Прос. висока °C (°F) | 7.2 (45) |
8.3 (46.9) |
12.2 (54) |
15.6 (60.1) |
19.6 (67.3) |
22.7 (72.9) |
25.2 (77.4) |
25.0 (77) |
21.1 (70) |
16.3 (61.3) |
10.8 (51.4) |
7.5 (45.5) |
16.0 (60.8) |
Сред. дневна °C (°F) | 5.0 (41) |
5.6 (42.1) |
8.8 (47.8) |
11.5 (52.7) |
15.3 (59.5) |
18.3 (64.9) |
20.6 (69.1) |
20.4 (68.7) |
16.9 (62.4) |
13.0 (55.4) |
8.3 (46.9) |
5.5 (41.9) |
12.5 (54.5) |
Прос. ниска °C (°F) | 2.7 (36.9) |
2.8 (37) |
5.3 (41.5) |
7.3 (45.1) |
10.9 (51.6) |
13.8 (56.8) |
15.8 (60.4) |
15.7 (60.3) |
12.7 (54.9) |
9.6 (49.3) |
5.8 (42.4) |
3.4 (38.1) |
8.5 (47.3) |
Најниска забележана °C (°F) | −14.6 (5.7) |
−14.7 (5.5) |
−9.1 (15.6) |
−3.5 (25.7) |
−0.1 (31.8) |
3.1 (37.6) |
6 (43) |
6.3 (43.3) |
1.8 (35.2) |
−3.1 (26.4) |
−14 (7) |
−23.9 (−11) |
−23.9 (−11) |
Прос. врнежи мм (ин) | 53.7 (2.114) |
43.7 (1.72) |
48.5 (1.909) |
53 (2.09) |
65 (2.56) |
54.6 (2.15) |
63.1 (2.484) |
43 (1.69) |
54.7 (2.154) |
59.7 (2.35) |
51.9 (2.043) |
58.7 (2.311) |
649.6 (25.575) |
Прос. бр. врнежливи денови | 10.2 | 9.3 | 10.4 | 9.4 | 10.3 | 8.6 | 8 | 6.9 | 8.5 | 9.5 | 9.7 | 10.7 | 111.5 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 62.5 | 79.2 | 128.9 | 166.0 | 193.8 | 202.1 | 212.2 | 212.2 | 167.9 | 117.8 | 67.7 | 51.4 | 1.661,7 |
Извор: Метео Франција[8] |
Најраните археолошки откритија кои содржат траги за постоење на населби во денешниот регион на Париз датираат уште од 4200 година п.н.е., додека податоците за племето Паризи, кои биле познати морепловци и трговци, се од 250 п.н.е..
Римјаните го зазеле Париз околу 52 п.н.е. и го прошириле градот на левата страна на реката Сена и на островот Ил де ла Сите. Гало-римскиот град бил наречен Лутеција. Во наредните векови Париз константно се ширел и прераснал во град со убави градби како палати, бањи, театри, форуми, амфитеатри и друго. Распадот на Западното Римско Царство и заземањето од страна на Германите довело до стагнација на градот. Градот го добива своето сегашно име Париз по падот на Западното Римско Царство. Франечкиот крал Клодвик I го прогласува Париз за главен град во 508 година.
Чумата се појавува во Париз во 1348 година, од којашто настрадале многу луѓе. Во 1466, пак од чума и од глад умреле 40.000. Во тој период Париз имал околу 400.000 жители.
Париз ја губи титулата на главен град за време на Стогодишната војна меѓу Франција и Англија. Приматот му го враќа кралот Карло VII Победникот во 1437 година. Подоцна центарот на државата се префрла во долината на Замоците на Лоара. Во 1528, кралот Франсоа I го пренесува центарот на моќ од Лоара повторно во Париз. За време на Француската религиозна војна (1562-1598) во градот се наоѓало седиштето на Католичката партија на Франција. За време на владеењето на Карло IX, додека се подготвувала венчалната церемонија на наследникот на престолот Анри IV, започнала Вартоломејската ноќ (ноќта меѓу 23 и 24 август 1572) и набргу масакарот врз протестантите се проширил низ целата земја. Во тој масакар биле убиени 50.000 протестантски верници. Во 1682, кралот Луј XIV го префрлил своето седиште од Париз во дворецот во Версај.
Околу сто година подоцна, во Париз се случила и познатата Француска револуција со напад на затворот Бастилја на 14 јули 1789 година, а во 1792 кралската монархија била гилотирана. На 31 март Париз паднал под владение на Русите, за првпат по 400 години градот бил освоен. Војските на Козаците и Калмиците влегуваат во градот.[9]
Парижаните револтирани од монархијата кренале Јулска револуција во 1830. Кралот Шарл X бил принуден да абдицира од престолот. Со Февруарската револуција во 1848 година завршила монархијата на Луј-Филип I и се пристапило кон создавање на Втората Француска Република.
Индустриската револуција и Француската втора империја довеле до голем и брз развој на Париз. Преку железничките врски се овозможиле непречени миграции кон Париз и развој на индустријата во предградијата на градот.
Париз доживува масовна реконструкција за време на владеењето на Наполеон III Бонапарт. Со планот на архитектот барон Осман се изградиле нови улици, широки булевари и авении, се подобрила комуникациската врска со внатрешноста на земјата, се обновиле фасадите на зградите, се изградила водоводна и канализациона мрежа. Со тоа кралот се надевал дека ќе ги смири народните маси и ќе обезбеди нивна поддршка.
Во периодот од 1870 и 1871 година, градот се наоѓа под опсада, со која завршила и Француско-пруската војна. Со падот на кралот Наполеон III Бонапарт се формирала Париската комуна, при што народот ја презел власта, протерувајќи ја владата надвор од градот. Во борбите меѓу комуните и царската гарда загинале повеќе од 22.000 парижани.
Париз бил домаќин на Универзалната изложба одржана по повод на стогодишнината од Француската револуција. За таа изложба била изградена и прочуената Ајфелова кула, главен архитект на кулата бил Густав Ајфел по кого градбата го добила името. За време на изложбата во 1900 година било отворено и париското метро.
За време на Првата светска војна, Париз бил во близина на фронтот меѓу Франција и Англија од една страна, и Германија од друга. Со победата во Првата битка на Марна било спречено навлегувањето на германската војска кон Париз. Во повоениот период Париз станува главен центар на уметниците. Тука твореле: Стравински, Пикасо, Хемингвеј и многу други познати уметници од целиот свет.
На 14 јуни 1940 година, Париз паѓа во рацете на германските окупациски сили и останува сè до август 1944 кога бил ослободен, два месеца по инвазијата во Нормандија.
По војната, Париз започнува да се развива со забрзано темпо. Париските предградија започнале да се шират и се изградил најголемиот деловен кварт во Европа, Ла Дефенс (La Défense) со високи облакодери и модерни зданија.
Сè до 1970-тите повеќе предградија не биле индустријализирани, посебно северните и источните, и со доселувањето на емигрантите се зголемил бројот на невработени лица. Но со развојот на индустријата и високата технологија, во париската област се создал и напредок на оваа поле, па така денес Париз има најголем БДП, поголем од сите други градови во Европа.
Со цел да се намалат социјалните тензии во приградските зони и да се ревитализира економијата на Париз, се планираат неколку мерки од владата на Франција. Планот на претседателот на Франција, Никола Саркози е формирање на интегрирана метропола наречена Grand Paris со развој на предградијата каде живеат многу луѓе и отворање на работни места, како и инвестирање во софистицирана висока индустрија, и развој на научната дејност.
Во план за изградба се и неколку висококатници (над 300 m), кои биле одобрени во 2006 да се градат во деловниот кварт La Défense.
Во Париз има големи оперски куќи, тука пред сè треба да се спомене Опера Гарние изградена во 19 век, исто така и модерната Опера Бастилја. Во 19 век постоеле и други оперски куќи како Опера на комиката, и театарот Лирик, којшто денес е познат како Градски Театар.
Театрите традиционално заземаат значајно место во културата на Париз, а тоа и денес е случај. Некои од главните театри во градот се Бобино, театрите Магадор и Гете-Монпарнез. Многумина од француските музички легенди својата слава ја стекнале во париските концертни сали, како Едит Пјаф, Морис Шевалије, Шарл Азнавур и многу други.
Париското кулинарство има голема традиција. Во градот има безброј ресторани и кафулиња, каде што туристите можат да уживаат во Француската кујна и нејзините специјалитети. Во градот се застапени и многу други кујни од светот.
Хотелите се уште една причина за ширењето на туризмот во Париз. Во градот има многу луксузни хотели, но може да се најдат и просечни апартмани. Најлуксузен и најпознат е хотелот Риц (Hôtel Ritz), кој се наоѓа на плоштадот Вандом, а е отворен во 1898 година. Познат хотел е и хотелот Де Крилон (Hôtel de Crillon) сместен на плоштадот Конкордија (Place de la Concorde), отворен во 1909 година.
Во Париз има многу јавни паркови и градини. Меѓу познатите е Луксембуршка Градина, која се наоѓа во близина на Луксембуршката Палата. Во градот има и шума-паркови, како што се Булоњската Шума, Винсенската Шума и др.
Според пописот од 1999, во Париз живеат 2.125.000, што е помалку од историски најголемиот број од 2,9 милиони во 1921 година. Париската урбана зона зафаќа површина од 2.723 км2 и е 26 пати поголема од самиот град. Париз и регионот околу градот се една од најголемите мултикултурни области во Европа. Според пописот од 1999 година, 19,4% од целокупното население во Париз е родено надвор од Франција. Најголем број од нефранцуското население го сочинуваат доселеници од Кина и Африка.
Париз е главен град на Франција и седиште на владата на Франција. Претседателот на Франција е сместен во Елисејската палата која се наоѓа во осмиот округ, додека седиштето на премиерот се наоѓа во Хотел Матињон (Hôtel Matignon) во седмиот округ. Министерствата се сместени на неколку локации од градот. Сенатот е сместен во Луксембуршката Палата, во шестиот округ, а долниот дом на парламентот во Палатата Бурбон. Најголемите француски судови се наоѓаат во Париз. Касацискиот суд кој е највисок суд во земјата се наоѓа во Палатата на Правдата на Ил де ла Сите.
Со БДП од 2007 во износ од 533,6 милијарди евра, регионот на Париз е со најголем БДП во Европа. Кога регионот би бил држава, би била 17-та најголема економија во светот, приближно голема колку холандската економија. Парискиот регион е главен француски економски центар. Париз нема специјализирана индустрија како некои други големи градови, туку повеќе индустриски гранки (финансии, ИТ сервис, технологија, висока мода и друго).
Според податоците од пописот, извршен во 1999 година, околу 5.100.000 луѓе се вработени во парискиот регион. Од нив, 16,5% работат во бизнис секторот, 13,0% во комерцијалниот сектор, 12,3% во производство, 10% во јавна администрација и одбрана, 8,7% во здравство, 8,2% во транспорт и комуникации, 6,6% во образование и 24,7% во други економски сектори. Од производствените сектори најголем е електронскиот со 17,9% од вкупната работна сила. Туризмот е значајна гранка и во неа се вработени околу 3,6% од работниците од парискиот регион.
На почеток на 9 век, императорот Карло Велики наредил во црквите да се даваат часови по читање, пишување и други образовни и научни вештини. Париз уште тогаш бил значаен црковен центар во Франција и постепено прераснувал во схоластички центар. Во раниот 13 век, во црковното училиште во Нотр Дам настава одржувале многу познати учители, но многу од нив под влијание на црквата предавале контроверзни учења.
Во Париз има многу основни и средни училишта, престижни образовни центри како Lycée Louis-le-Grand, Lycée Henri-IV и други. Во академската 2004-2005 година во градот со својата околина имало 17 јавни универзитети со 359.749 студенти. Тоа е најголема концентрација на студенти во Европа.
Катедралата Нотр Дам била првиот високообразовен центар пред формирањето на Парискиот Универзитет. Сорбона е најпознатиот универзитет во Париз, кој е основан од страна на Роберт де Сорбон, кој бил теолог и схоластичар, а живеел и творел во средниот век.
Најпопуларен спортски клуб во Париз е фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен, кој е еден од најпознатите во Франција и игра на стадионот Парк на Принцовите. Познат кошаркарски клуб е Париз Баскет Рејсинг. Градот има и рагби тим Стад Франс Пари (Stade Français), кој е меѓу најпознатите во Европа.
Во предградието Сен-Дени се наоѓа најголемиот стадион во Франција Стад де Франс со капацитет од 80.000 гледачи и 5 ѕвезди на УЕФА. Тука се одигра финалето на светското првенство во фудбал во 1998. На овој стадион значајни натпревари играат француската фудбалска и француската рагби репрезентација.
Градот Париз бил домаќин на две Олимпијади, во 1900 и 1924, а во него се одиграле натпревари и од две светски првенства во фудбал, во 1938 и 1998 година. Париз е познат и по велосипедската трка Тур де Франс, која се вози низ цела Франција, а последната етапа од трката завршува на Елисејските Полиња.
Улогата на Париз како светски центар, наметнува потреба од квалитетен транспорт до и надвор од градот. Градот има повеќе видови на јавен превоз со цел брзо и квалитетно превезување на патиници од едно до друго место во градот. RATP e државна компанија за масовен превоз во Париз. Таа вклучува 654 автобуски линии, метро, трамвајски линии, RER железничка мрежа во густо населените области и OPTIL, приватна мрежа од автобуски линии.
Париското метро е назначајниот транспортен систем, со 300 станици, поврзани со 214 км мрежа и со 16 линии низ целиот град. Во Париз има 4 трамвајски линии, а во план е отворање на уште шест. Во Париз популарен е и велосипедскиот превоз со изнајмување на велосипед, познат како Велиб (Vélib'), со над 20.000 велосипеди дистрибуирани на 1450 јавни паркинг места. Во 2008 година е воведен и фери систем Вогу (Voguéo) на реките Сена и Марна.
Париз е поврзан со другите Француски и Европски градови со железница, со супер брзите TGV возови, како и со обични возови.
Париз има два големи аеродрома: Орли и Шарл де Гол (еден од најголемите аеродроми во светот, по број на слетувања и по број на примени патници). Во близина на градот се наоѓаат и два помали аеродрома.
Париз има и развиена мрежа од автопатишта, кои го поврзуваат градот со големите градови во Франција и Европа, како Лион, Лил, Стразбур, Нант и европските како Брисел, Франкфурт и др.
Париз има еден сестрински град и многу партнерски градови.[10][11]
Париз претставува инспирација за голем број писатели, кои искажуваат различни оцени за градот. На пример, американскиот писател Хенри Милер го опишува Париз како „претежно сив град“,[12] „нездраво место“,[13] „смрди“,[14] но „кој е навистина волшебен ноќе“[15] и „изгледа прекрасно“.[14] За Монмартр, тој вели дека е „мрзелив, рамнодушен, некако остарен, не е толку магичен колку што е заводлив, не пушта искри туку тлее со пригушен пламен.“[16] Понатаму, тој пишува дека „Монмартр е целиот пропаднат, избледен, запуштен, нескриено порочен, алчен, порочен. Сè на сè, повеќе е одбивен отколку привлечен, но подмолно одбивен, како и самиот порок.“[17] Во расказот „Вселување“ од збирката „Писма од мојот млин“, францускиот писател Алфонс Доде го опишува Париз како „бучен и црн“,[18] додека во романот „Зази во метрото“, Ремон Кено пишува дека „Париз е големо село“.[19] Во новелата „Исповедта на Лусио“,португалскиот писател Марио де Са-Карнеиро пишува за „космополитскиот Париз – снобовски и генијален“.[20] Од друга страна, во романот „Записките на Малте Лауридс Бриге“, германскиот писател Рајнер Марија Рилке го опишува Париз како „голем град, голем, полно со значајни искушенија“,[21] додека Фридрих Ниче вели дека уметникот нема друга татковина освен Париз, зашто на ниту едно друго место нема таква страсност во поглед на формата, а Париз се одликува со сериозност par excellence.[22] Во романот „Госпоѓа Бовари“, Гистав Флобер го опишува Париз како „поголемо пространство од океанот“.[23] Во расказот „Месојадно растение“, македонската писателка Наташа Сарџоска го опишува Париз со следниве зборови: „Париз беше predator. Свирепо и крволочно животно. Месождер. Отров во мало шишенце. Остров во нечовечко море. Привлечен и загадочен. Туѓ и недофатлив.“[24]
Париз се јавува како тема во повеќе книжевни дела, како:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.