From Wikipedia, the free encyclopedia
Лазар Костиќ - Лаза (српски: Лазаp Костић - Лаза; Ковиљ, Бачка 31 јануари 1841 - Виена, 9 декември 1910 ), српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика. Освен лирски песни и балади, пишувал поетски трагедии („Максим Црноевиќ“, „Пера Сегединац„), раскази и есеи.
Лаза Костиќ | |
---|---|
Роден/а | Лазар Костиќ 12 февруари 1841 Ковиљ, Австриско Царство (денес Србија) |
Починат/а | 27. ноември 1910. 69) Виена, Австроунгарија | (возр.
Почивалиште | Сомбор, Србија |
Псевдоним | Лаза |
Занимање | поет, драматург, новинар |
Јазик | српски јазик |
Националност | Србин |
Период | 1868–1910 |
Жанр | романтизам |
Сопруг/а | 1 |
Лаза Костиќ е роден на 31 јануари по стар, односно на 12 февруари по нов стил, во 1841 година во Ковиљ, Бачка, во војничко семејство. Татко му се викал Петар Костиќ, а мајка му Христина Јовановиќ. Имал постар брат Андрија, но братот и мајка му починале додека Лаза бил бебе, а татко му во 1877 година. Основно училиште учел во родното место, каде учител му бил Глигорије Глиша Каќански.[1] Гимназија учел во Нови Сад, Панчево и Будим, а право и докторатот по право во 1866 година на Пештанскиот универзитет.[2][3][4][5] Најпрво почнал да работи како гимназиски наставник во Нови Сад, а потоа станал адвокат, голем бележник и претседател на судот. На овие работни места бил околу осум години, а потоа, сè до смртта, се занималавл само со книжевност, новинарство, политика и јавни национални работи. Двапати бил затовран во Пешта: првиот пат поради лажна информација дека учествувал во убиството на кнезот Михаило Обреновиќ, а вториот пат поради борбениот и антиавстриски говор во Белград на свеченоста по повод прогласување полнолетство на кнезот Милан Обреновиќ.[6] Откако бил пуштен од затвор, во знак на признание бил избран за пратеник во унгарското собрание. Потоа живеел во Белград, каде бил уредник на списанието „Српска независност”, но поради притисок од реакционерната влада морал да ја напушти Србија. На покана од кнезот Никола I Петровиќ заминал за Црна Гора, каде останал околу пет години како уредник на официјалниот црногорски весник и политички соработник на кнезот. Но и тука дошло до судир, па заминал во Бачка. Во Сомбор го поминал крајот на животот релативно мирно.
Во 1892 година во Пешта се сретнал со Никола Тесла. Умрел во 1910 година во Виена, а бил погребан во Сомбор.
Бил избран за член на „Српското учено друштво“ на 27 февруари 1883 година, а за редовен член на „Српската академија на науки и уметности“ на 26 јануари 1909 година.
Лаза Костиќ бил еден од основачите и водач на „Обединета младина“, започнал и уредувал бројни книжевни и политички весници, бил близок соработник на Светозар Милетиќ. Во Австрија се борел против клерикализмот, а во Србија против бирократската стега.
Костиќ почнал да пишува во време на романтизмот, во времето на Змај, Ѓура Јакшиќ и други истакнати писатели. По неполни десет години, се вброил во редот на најголемите поети и станал најпознат претставник на српскиот романтизам. Напишал околу 150 лирски и дваесеттина епски песни, балади и романси;
три драми:
естетичка расправа:
философски трактат:
и голема монографија:
Напишал голем број статии со полемички карактер, предавања, скици и фељтони. Од преведувачката дејност најзначајни се неговите преводи на Вилијам Шекспир: „Хамлет“, „Ромео и Јулија“ и „Ричард III“. Напишал и неколку раскази („Чедо вилино“, „Махараџа“, „Маченица“).
Исто така, во 1900 година, тој превел од германски јазик еден учебник по римско право,[8][9] во време кога живеел во манастирот Крушедол.[10][11]
Во својата „Антологија на српската поезија“, Зоран Мишиќ истакнува дека, иако не е највисокиот домет на српската поезија, Лаза Костиќ е нејзиниот најсмел, најнестрплив прометејски потфат, но и нејзниот најславен пораз. Тој бил предодреден да ги искаже најпрефинетите сомнежи на вселенскиот склад и несклад, нему му бил вроден дијалектичкиот начин на мислење, но му било претесно во јазикот со кој располагал. Затоа, измислил свој јазик пред кого често стоиме восхитени, но многу почесто го чувствуваме како вештачки и туѓ. Распонот на неговите теми навистина воодушевува, зашто тој пее за Париз, за Јован Дамаскин и за Санта Марија дела Салуте при што во неговите песни има елементи на византиска строгост, медитерански хедонизам, класицистичка хармонија, народна поезија, свечен и семмен тон, слободен стих, хумор и реторика, со што се јавува како зачетник на модерната српска поезија.[12]
Српскиот поет Бранко Миљковиќ има напишано песна со наслов „Лаза Костиќ“.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.