13 век

век From Wikipedia, the free encyclopedia

13 век — век кој траел од 1 јануари 1201 до 31 декември 1300 година, според грегоријанскиот календар. Во историјата на европската култура, овој период се смета за дел од развиениот среден век. Монголското Царство го доживеало својот подем, а по неговите освојувања во Азија, царството се протегало од Источна Азија до Источна Европа.

< XII век XIII век XIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900

Настани

1200-ти

Thumb
Џингис Хан
Thumb
Бонифациј Монфератски е избран за водач на Четвртата крстоносна војна. Слика од Анри Декен, 1840 година, Версај

1210-ти

Thumb
Опсада на Дамиета
Thumb
Големата повелба
Thumb
Фридрих II со муслиманскиот владетел ел-Камил

1220-ти

1230-ти

Thumb
Битка кај Клокотница: Бугарскиот цар Иван Асен II го заробува Теодор Ангел Дука Комнин
Thumb
Големата џамија во Кордоба е претворена во римокатоличка катедрала.

1240-ти

Thumb
Потпишан договорот од Алмирза за распределба на освоените територии по крајот на Реконквиста
  • 1240 - Битка кај Нева: Рускиот принц Александар Невски ги поразува Швеѓаните, спасувајќи ја Новгородската Република од целосна непријателска инвазија од север.
  • 1241 - Монголската инвазија на Полска): Монголските сили ги победуваат феудалните полски армии на провинциите Сандомјеж и Краков.
  • 1241 - Битка кај реката Шајо: Бату-кан и Субутај ги победуваат силите на Бела IV. Битката е последниот голем настан во Монголската инвазија на Европа.
  • 1242 - За време на Битката на мразот на езерото Пејпус, руските сили, предводени од Александар Невски, ја одбиле инвазијата на Тевтонските витези.
  • 1243 - Фердинанд III Кастилски ја претвора Мурсија во протекторат и го иницира процесот на колонизација и христијанизација на регионот.Кастилските војници пристигнуваат во Мурсија, за поддршка на династијата Хадит[11]
  • 1244 - Со договорот од Алмирза, кралот Јаков I и Алфонсо Х Кастилски постигнуваат договор за распределба на муслиманските земји по крајот на војната
  • 1244 - Опсадата и падот на Ерусалим води кон Седма крстоносна војна.
  • 1245 - Папа Инокентиј IV го испраќа Џовани Плано Карпини во монголскиот двор за да им сугерира да го прифатат христијанството и да се приклучат на Крстоносните војни.
  • 1247 - Побуна се јавува помеѓу муслиманитте во Кралство Арагон, во регионот на Валенсија. Како казна, царот издава наредба за протерување на муслиманите од неговото царство, што во следната година доведува да голем број муслимани заминат во егзил кон Кралство Гранада и Северна Африка.
  • 1248 - Кралот Луј IX започнува Седма крстоносна војна, со армија од 20.000 за освојување на Египет.
  • 1249 - Крај на португалската Реконквиста.

1250-ти

Thumb
Луј IX Светиот за време на Седмата крстоносна војна
Thumb
Опсадата на Багдад
Thumb
Роберт де Соборн го основа денешниот Париски универзитет
  • 1250 - Светски климатски транзиции од Средновековен топол период до мала ледена доба[12]. Светското население се проценува на околу 400 до 416 милиони лица.
  • 1250 - Битка кај Фарискур: Луј IX е заробен од муслиманските сили. Кралот Луј е ослободен од неговите египетски киднапери, откако плаќа откуп од милион динари.
  • 1250 - Умира Фридрих II, Цар на Светото Римско Царство. По неговата смрт започнува 23-годишен интерегнум. Фридрих II е последниот римски цар од Хоенштауфеновците. По крајот на војната, царството преминува под власта на Хабсбурговците.
  • 1251 - Започнување на Првата пастирска крстоносна војна во Франција.
  • 1251 - Монгке-кан е избран за четврти кан на Монголското Царство.
  • 1252 - Папа Инокентиј IV издава ја папската була Ad extirpanda, давајќи дозвола на мачење на кривоверците за време на инквизицијата. Тортурата брзо добива широко распространета употреба во католичка Европа.
  • 1253 - Серија поморски војни започнува помеѓу италијанските град-држави Џенова и Венеција, кои ќе продолжат до 1371.
  • 1254 - Кралот Луј IX, откако ги исцрпил своите средства и бил потребен во својата земја, ја напушта Седмата крстоносна војна, и се враќа во Франција.
  • 1255 - По смртта на Бернардо Бонсињори, неговиот брат, Орландо останува единствен директор на најголемата банкарска фирма во Западна Европа, Гран Тавола во Сиена[13]
  • 1256 - Монголскиот командант Бајџу Нојан (кој дејствува под команда на Хулагу-кан ги предводи своите сили во победата над Иконискиот Султанат со што ја освојува Анадолија.
  • 1257 - Вулканот Самалас еруптира на островот Ломбок, Индонезија, една од најголемите вулкански ерупции во изминатите 10.000 години. Ерупцијата создаде тешки климатски промени низ целиот свет кои доведоа до сериоен глад и смрт. Водејќи на една од најголемите геополитички промени низ целиот свет во текот на следните неколку векови[14][15].
  • 1257 - Роберт де Сорбон го основа колеџот кој подоцна ќе прерасне во денешниот универзитет во Париз.
  • 1258 - Опсадата на Багдад завршува со победа на монголските сили на чело со Хулагу-кан. По освојувањето на градот, биле убиени околу 1.000.000 граѓани, градот бил срушен заедно со т.н. Куќа на мудроста.
  • 1259 - Кралевите Луј IX и Хенри III се согласуваат со Парискиот договор, во кој Хенри се откажува од териториите во Европа, во замена да Луј ја повлече својата поддршка за англиските бунтовници.

1260-ти

Thumb
Тома Аквински
Thumb
Египетскиот султан Бајбарс
  • 1260 - Кублај-кан војува за престолот на Монголското Царство, по смртта на Монгке-кан.
  • 1260 - Битка кај Ајн Џалут во Галилеја: Мамелучкиот Султанат ги поразува монголските сили, означувајќи го нивниот прв одлучувачки пораз и точка на максимално проширување на Монголското Царство.
  • 1261 - Бајбарс станува нов султан на Мамелучкиот Султанат во Египет.[16]
  • 1261 - Градот Цариград е освоен од силите под команда на Алексиј Стратигопул, со што Латинското Царство престанува да постои а повторно била воспоставена Византија[16]. Михаил VIII Палеолог е крунисан за византиски цар во Цариград.
  • 1262 - Исландскиот Комонвелт потпишува договор за унија со Норвешка, признавајќи го Хокон IV за владетел.
  • 1264 - Завршува граѓанската војна во Монголија. Кублај-кан го поразува својот брат Арик Боке кој се предава и кој е затворен. Тој умира една година подоцна под мистериозни околности, можеби со труење, но причината за смртта сè уште е неизвесна. Сепак, оваа битка во суштина го означува крајот на обединетото Монголско Царство. Кублај-кан одлучува да го премести својот главен град, од Ксанаду во Канбалик (денес Пекинг).
  • 1264 - Започнува Втора баронска војна.
  • 1264 - Тома Аквински го завршува своето дело Summa contra Gentiles.
  • 1265 - Втора баронска војна, битка кај Ившам: армијата на Едвард ги поразува силите на бунтовничките барони предводени од Симон V Монфорт, што резултира со смрт на Монфор и многу од неговите сојузници. Ова понекогаш се смета за крај на витештвото во Англија.
  • 1267 - Крај на Втора баронска војна. Бунтовниците и кралот Хенри III се согласуваат со условите за мир, како што е наведено во Едиктот од Кенилворт.
  • 1268 - За првпат е забележан карневалот во Венеција.
  • 1268 - Битка кај Антиохија: Кнежевство Антиохија, држава на крстоносците, паѓа под контрола на Мамелучкиот Султанат. Неговото уништување е толку големо што трајно го намалило значењето на градот.
  • 1269 - Маринидите го комплетираат освојувањето на Мароко, заменувајќи ја династијата Алмохади.

1270-ти

Thumb
Марко Поло
  • 1270 - Кралот Луј IX го започнува Осмиот крстоносен напад, во обид да ги врати крстоносните држави од Мамелуците. Кралот умира за време на опсадата на градот Тунис, по кое е ставен и крај на опсадата. Филип III е крунисан во крал на Франција.
  • 1271 - Марко Поло заминува од Венеција со својот татко и вујко, на неговото познато патување во Азија.
  • 1271 - Едвард I пристигнува во Ако, започнувајќи Деветта крстоносна војна. Сепак, крстоносците не се во можност да освојат некоја територија.
  • 1271 - Кублај-кан го преименува своето царство познато како Јуан.
  • 1273 - Рудолф I е избран за Крал на Германија над соперничкиот кандидат Отакар II, завршувајќи го интеррегнумот; Отакар одбива да го признае Рудолф како нов крал, што доведува до војна во 1276.
  • 1274 - Втор Лионски собор од страна на Римокатоличката црква за ослободување на Светата земја преку објавување на нова крстоносна војна. Советот на крајот го одобрува десетокот како данок, за да ги поддржи напорите за ослободување на Светата земја од муслиманите.
  • 1275 - 200.000 монголска армија се соочуваат со кинеска династија Сунг со сила од 130.000 војници. Јуен на крај победува.
  • 1275 - Монголската Златна Орда извршува напади во Литванија по третпат.
  • 1277 - Крстот на Свети Ѓорѓи за првпат е забележан во употреба, како национално знаме на Англија.[17]
  • 1278 - Петар III Арагонски го освојува муслиманското упориште на Монтеса, ставајќи крај на двегодишниот бунт. Поразените муслимани се протерани од царството и заминуваат во егзил[18].
  • 1278 - Битка на Моравско Поле: кралевите Рудолф I и Ладислав IV Унгарски го поразуваат кралот Отокар II. Со крајот на битката, завршува и борбата за власт меѓу Рудолф и Отакар во врска со судбината на Средна Европа, по кое династијата на Рудолф продолжува да владее со Австрија и другите освоени територии, до крајот на Првата светска војна во 1918 година.

1280-ти

Thumb
Падот на Триполи
  • 1280 -Цар Иван Асен III побегнува од Трново, ставајќи крај на Асените.
  • 1281 - Осман I, основач на Отоманското Царство, станува бег на племето во Согут во централна Анадолија. Во 1299 ќе прогласи независност од Селџуците, официјална година на основањето на Отоманското Царство.
  • 1282 - Царот Рудолф I ги прогласува своите синови Албрехт и Рудолф за ко-владетели на војводствата на Австрија и Војводство Штеарска, со што се основа Хабсбуршка династија на тие територии.
  • 1282 - Побуна во Сицилија против владеењето на Карло I Анжујски. Во следните 6 недели, илјадници Французи се убиени. Востанието го принудува Карло да се откаже од крстоносната војна, додека сè уште е на пат кон целниот град Цариград, и му дозволува на Петар III Арагонски да го преземе владеењето на островот (што од своја страна доведува до изопштување од Папа Мартин IV на Петар]).
  • 1283 - Даниел Московски ја обединува западната страна на Русија, со кое завршува ерата на Киевска Русија по 301 година, а започнува онаа на Големото Московско Кнежевство.
  • 1284 - Монголската Златна Орда, предводена од Ногај-кан, ја напаѓа Унгарија вторпат.
  • 1285 - Архиепископот Јакуб Свинка им наредува на сите свештеници кои подлежат под неговата епархија во Полска да даваат проповеди на полски јазик, наместо на германски, поттикнувајќи го националниот идентитет.
  • 1285 - Мамелучкиот султан ел-Мансур Калавун започнува опсада на крстоносната тврдина Маргат (во денешна Сирија) главното упориште на Болничарите. Тврдината е освоена еден месец подоцна.
  • 1286 - Кралот на Шкотска Александар III умира, оставајќи го како наследник единственото негово неродено дете и 3-годишната Маргарета. По ова започнува Војна за независност на Шкотска и зголеменото влијание на Англија над Шкотска.
  • 1288 - Папа Никола IV прогласува крстоносна војна против кралот Ладислав IV Унгарски, кој го изгубил кредибилитетот со фаворизирање на неговите полупагански кумански субјекти, одбивајќи да одговара на социјалните стандарди на Западна Европа.
  • 1289 - Падот на Триполи: Мамелучкиот султан ел-Мансур Калаван го освојува Грофовија Триполи (во денешен Либан) по едномесечна опсада. Ова е крај на постоењето на крстоносната држава.
  • 1289 - Во Сиена, дваесет и три партнери, вклучувајќи и пет членови на семејството Бонсињори, повторно ја создаваат Гран Травола, порано најуспешната европска банка, која престанала да функционира по смртта на нејзиниот творец и менаџер, Орландо Бонсињори, во 1273 година[19].

1290-ти

Thumb
Едвард I се заколнува на верност пред францускиот крал
  • 1290 - Година без зима - Исклучително редок случај на непрекината транзиција, од есента 1289 до следната пролет, во Британија и во континентална Западна Европа[20].
  • 1291 - ел-Ашраф Калил го освојува градот Ако, со што целосно ги освојува крстоносните држави.
  • 1291 - Основан е Швајцарскиот Сојуз од Швиц, Ури и Унтервалд.
  • 1292 - Започнуваат Папските избори. По папските избори, Папа Целестин V го наследува Папа Никола IV, станувајќи 192-тиот папа.
  • 1292 - Јован е избран од кралот Едвард I како крал на Шкотска. Едвард потоа го третира Јован како марионетска владетел и Шкотска како вазална држава, на крајот провоцирајќи ја Војната за независност на Шкотска, која започнала во 1296 година.
  • 1294 - Умира Кублај-кан. Поделбата помеѓу четирите монголски земји: Чагатајски Ханат, Златна Орда, Илканат и Јуен се продлабочува.
  • 1295 - Марко Поло се враќа во Венеција, по неговите патувања до Кина.
  • 1296 - Започнува Византиско-венецијанската војна, и трае до 1302 година.
  • 1297 - Силите на Франсоа Грималди го освојуваат замокот во Монако (Династија Грималди владее со кнежевството до денес).
  • 1297 - Кралот Денис Португалски и кралот Фердинанд IV Кастилски го потпишуваат Договорот од Алканисес. Географските граници на Португалија се постојано фиксирани (со исклучок на Сао Феликс де Галегос, изгубени во 1640 и Оливенса, изгубени во 1801).
  • 1298 - Битката кај Курцола: Џеновската флота ги поразува Венецијанците. Марко Поло е еден од затворениците, а додека е во затвор во Џенова, започнува да го диктира неговото дело за патешествијата кои ги поминал.
  • 1298 - Странските кредитори на Сиена започнуваат да ги бараат своите депозити назад, со што ја забрзуваат кризата со ликвидноста со која се соочува фирмата[13].
  • 1299 - Осман I го прогласува својот бејлик за независно од Селџуците на Иконискиот Султанат.

Личности

Thumb
Алберт Велики
Thumb
Александар Невски
Thumb
Данте Алигиери

Наводи

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.