Ѓорѓиев крст

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ѓорѓиев крст

Ѓорѓиев крст или крст на Свети Ѓорѓи — црвен крст на бела позадина, кој од доцниот среден век се поврзува со Свети Ѓорѓи, воен светец, кој честопати бил прикажан како крстоносец.

Thumb
Крстот на Свети Ѓорѓи

Поврзуван со Крстоносните војни, црвено-белиот крст има потеклото во 10 век. Се користел од страна на Република Џенова можеби уште во текот на 10 век. Симболот бил усвоен од Швапскиот сојуз во пред-реформското Свето Римско Царство. Црвено-белиот крст бил широко користен користен низ Северна Италија како симбол на Болоња, Падова, Реџо Емилија, Мантова, Верчели, Алесандрија, и наместо името Свети Ѓорѓи, се користело името „Крст на Свети Амброзије“, усвоен од Комуната на Милано во 1045 година[1].

Свети Ѓорѓи е „заштитник на Англија“ по Англиската реформација. Од раниот модерен период, неговото знаме се идентификува како национално знаме на Англија. Свети Ѓорѓи е покровител на Каталонија, Шпанија, како и на Грузија. Националното знаме на Грузија (2004) претставува комбинација од крстот Свети Ѓорѓи и Ерусалимскиот крст.

Наводи

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.