Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Петтата крстоносна војна (1217 — 1219) — обид за враќање на Ерусалим и останатите делови од Светите Земји, преку завладувањето прво на силната држава на Ајубидите во Египет. Многу крстоносци од Унгарија, Австрија и Баварија постигнале изклучителни успеси во зазимањето на Дамиета во Египет во 1219 година, но по настојувањето на Пелагиј го нападнале и Каиро, каде наводнувањето на река Нил ги принудила да избираат помеѓу тоа дали да се предадат, или да бидат поразени.
Опсада на Дамаск Ливонианска крстоносна војна Битка кај Хатин Опсада на Ерусалим (1187) Опсада на Арка Битка кај Арсуф Арагонска крстоносна војна Александриска крстоносна војна Битка кај Никопол Северна крстоносна војна Битка кај Варна Битка за Отранто Хусистки војни | ||
Папата Инокентиј III уште од 1208 година планирал крстоносна војна за повторно заземање на Ерусалим. Во април 1213 година тој издал була Quia maior, со која ги повикал сите христијани да се приклучат кон новата крстоносна војна.[1] По ова следувала друга папска була во 1215 година, Ad Liberandam.[2]
Пораката за крстоносната војна во Франција ја ширел англискиот кардинал Роберт Керзон. Неколкумина француски витези се приклучиле, кои веќе се бореле во Катарската крстоносна војна против катарска секта во јужна Франција.
Во 1215 година, папата Инокентиј III го свикал Четвртиот латерански собор, каде заедно со патријархот на Ерусалим зборувал за повторното заземање на Светата земја. Папата Инокентиј сакал оваа војна да биде водела од папата, како што требало да биде со Првата крстоносна војна, и со тоа да се избегнат грешките од Четвртата крстоносна војна, која ја презеле Венецијанците. Папата планирал крстоносците да се сретнат во италијанскиот град Бриндизи во 1216 година, и забранил трговија со муслиманите, со што сакал да се осигура дека крстоносците ќе имаат бродови и оружје. Секој крстоносец требало да добие индулгенција, вклучувајќи ги и оние кои само ќе помогнат финансиски, но нема да заминат во војната.
Оливер од Келн ја ширел идејата за крстоносната војна во Германија, а царот Фридрих II планирал да се приклучи во 1215 година. Инокентиј не го сакал Фридрих, бидејќи му се спротивставувал на папата. Инокентиј умрел во 1216 година, а наредниот папа, Хонориј III, му забранил на Фридрих да учествува, а крстоносците ги организирал под водство на кралот Андрија од Унгарија и војводата Леополд од Австрија. Андрија имал најголема кралска војска во историјата на крстоносците.
Папата Инокентиј успеал да обезбеди учество на Грузија во крстоносната војна. Грузија со својата изолационистичка политика имала моќна армија, и голема концентрација на витези. Сепак, извидничката сила на Монголците Џебе и Субудај уништила голем дел од грузиската војска во две последователни битки. По смртта на грузискиот крал Георгиј IV Лаша, неговата сестра Русудан му напишала на папата писмо со кое го информирала дека Грузија не ќе може да го исполни своето ветување да помогне при крстоносната војна, бидејќи армијата е уништена од непознати дивјаци. Се претпоставува дека чудното пасивно однесување на крстоносците во подоцнежните години се должи на чекањето грузиската војска да се приклучи на борбата.[3]
Во јули 1217 година, кралот Андреја II од Унгарија го напуштил Загреб во придружба на Леополд VI и Ото I.[4][5] Војската на кралот Андреја била голема, најмалку 10.000 опремени војници и многубројна пешадија, а голем дел од нив останале во позадина кога Андреја стигнал во Сплит, два месеца подоцна.[4][6] Венецијанската флота ги префрлила преку морето.[7] Андреја и неговите трупи се качиле на бродовите на 23 август 1217 година во Сплит, и на 9 октомври се истовариле на Кипар од каде повторно со бродови заминале за Ако и се придружиле кон војските на Јован Бриен, владетелот на Ерусалимско Кралство, Иго I Кипарски, и принцот Боемунд IV од Антиохија во борбите против Ајубидите во Сирија. До неговото враќање во Унгарија, кралот Андреја бил водач на христијанските сили за време на Петтата крстоносна војна.[8] Во октомври 1217 година, водачите на крстоносците одржале воен совет во Акра, на кој преседавал Андреја II.[9]
Добро опремената војска на кралот Андреја ги поразила војските на султанот Малик ел Адил кај Бетсаида на реката Јордан на 10 ноември 1217 година. Муслиманските сили се повлекле во нивните тврдини и градови. Во Ерусалим, ѕидините и утврдувањата биле уништени за да не можат христијаните да го бранат градот, во случај да стигнат до градот и да го заземат. Муслиманите го напуштиле градот, во страв дека ќе се повтори крвопролевањето од Првата крстоносна војна во 1099 година. Катапултите на крстоносците не стигнале на време, така што нападите врз тврдините во Либан и на планината Тавор биле залудни. Потоа Андреја го поминал своето време во собирање на наводни мошти. На почеток на 1218 година, Андреја, кој бил тешко болен, решил да се врати во Унгарија.[10][11]
Андреја и неговата војска заминале за Унгарија во февруари 1218 година, а Боемунд и Иго исто така се вратиле дома.[11]
Во 1218 година Оливер од Келн пристигнал со нова германска војска и со и холандскиот гроф Вилхелм I. Војската била составена од Холанѓани, Фламанци, и Фризијци. Со Леополд и Јован разговарале за напад на Дамиета во Египет. За да го остварат ова, се здружиле со султанот Кејкавус I од Румскиот Султанат, кој ги нападнал Ајубидите во Сирија, со што им помогнал на крстоносците да не се борат на два фронта.[12][13][14][15]
Во јули 1218 година крстоносците ја започнале Опсадата на Дамиета, и покрај отпорот на неподготвениот султан Малик ел Адил, кулата надвор од градот била заземена на 25 август. Сепак не можеле да ја заземат Дамиета, а наредните месеци многу од крстоносците умреле поради болести. Малик ел Адил исто така умрел, а го наследил Малик ел Камил. Во меѓувреме, Пелагиј Галвани стигнал со војска во 1219 година, по што султанот се обидел да преговара за примирје. Понудил размена на градовите Дамиета со Ерусалим, но Пелагиј не ја прифатил понудата. Откако дознал за ова, Вилхелм I ја напуштил војната и се вратил дома. Во август или септември, Фрањо Асишки пристигнал во кампот на крстоносците, а во ноември крстоносците ги совладале силите на султанот и го зазеле градот.
Веднаш папската и секуларната моќ се бореле за контрола на градот, а Јован Бриен ја презел за себе во 1220 година. Пелагиј не го прифатил ова, па Јован се вратил во Акра. Пелагиј чекал Фридрих II да дојде со нова војска, но тоа не се случило. По една година Јован Бриен се вратил, а крстоносците тргнале кон Каиро во јули 1221 година. Овој марш го набљудувале силите на султанот, а честите напади на војската натерало 2000 Германци да се откажат од напредувањето и да се вратат во Дамиета.
За тоа време, султанот Малик ел Камил се здружил со други Ајубиди од Сирија, а крстоносците биле запрени на својот марш кон Каиро поради поплавување на реката Нил. Залихите им се потрошиле, започнале со принудно повлекување, а војската на султанот ги нападнала, по што голем број крстоносци загинале или се предале.
Условите поставени при предавањето значеле отстапување на Дамиета во замена за ослободување на заробените крстоносци. Султанот Малик ел Камил се согласил на осумгодишен мир со Европа и со враќање на Чесниот Крст. Сепак крстот никогаш не бил вратен, затоа што султанот не го ни поседувал.
Неуспехот на крстоносната војна предизвикал излив на антипапски чувства од поетот Гилјем Фигеира.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.