Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Тома Аквински (латински: Thomas Aquinas, италијански: Tommaso d'Aquino; 1225 — 7 март 1274) — италијански христијански теолог, философ и свештеник, светец на Католичката црква. Тој се смета за еден од најголемите католички теолози во историјата и за еден од триесет и трите доктори на Католичката црква.
Тома Аквински најверојатно е роден во замокот Рокасека кај Аквино, Италија. бил воспитан во опатијата на монасите-бенедиктинци во Монтекасино, Италија. Се замонашил во 1248 година. Учел во Париз каде постигнaл голем успех и бил наречен Doctor universalis и Doctor angelicus. Од 1248 до 1252 година бил студент на св. Алберт Велики во Келн. Предавал повторно во Париз од 1256 до 1259, а потоа проповедал во Италија (Рим, Витербо и Орвјето). Од 1269 година бил научен префект на Доминиканскиот орден во Неапол, каде ја создал својата школа. Умрел на пат за Вториот лионски собор во Фосанова. Папата Јован XXII го канонизирал како светец во 1323 година.
Св. Тома Аквински е основоположник на томизмот, една од средновековните школи кои лежат во основата на доцните филозофски погледи на католичката црква. Во 1879 година, ова учење било прогласено официјално од папата Лав XIII во сите католички учебни програми.
Големата заслуга на Тома Аквински е поставувањето на теологијата на научна основа. За изјаснувањето на тајните на верата ги применува принципот на „нормалниот разум“ и филозофските погледи на Аристотел. Тој ги осудува тогашните противречја помеѓу приврзаниците на учењето на Свети Августин (принцип на верата) и онаа на Аристотел, која произлегува од опитот и на неговото познавање, при што докажува, дека овие две учења дејствуваат заедно — некои работи можат да се објаснат само со посредство на верата, други со разумот.
Тома Аквински го одобрува убиството на кривоверците и станува теоретичар на Инквизицијата. Неговата порака — „Верувам, оти е апсурдно“ — покажува колку строго го толкувал учењето на Свети Августин. Во поново време, Католичката црква се држи на растојание од овој поглед на Тома Аквински.
Тома Аквински има напишано многу филозофски и теолошки дела, од кои најславно дело му е „Теолошки зборник“ (Summa philosophica) во три дела, во кое ја обработува својата теологија и опфаќа систематски изложена синтеза на теоријата на Аристотел и на христијанската традиција. Овој спој е вграден во мисловните темели на средновековната црква, а и ден-денес ја сочинува основата на римокатоличката доктрина. Ова дело е преведено на скоро сите светски јазици.
Говорејќи за црквата, Св. Тома рекол:“ Исус ја прифатил маката од голема желба која ја имал во себеси да ја обедини црквата.“
Дебеличок и дружељубив, Тома Аквински, бил толку омилен што го сакале дури и неговите противници во интелектуалниот свет.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.