Венсенска Шума
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Венсенската Шума (фр. Bois de Vincennes) е парк во англиски стил во источниот дел на Париз. Паркот го носи името по градот Венсен кој се наоѓа во близина.
Оваа шума е дел од XII округ во Париз.
Подрачјето зафаќа површина од 9,947 км2 (или 2,458 акри), што е речиси трипати пошироко од Централ Парк во Њујорк, и четири пати пошироко од Хајд Парк во Лондон.
Во минатото паркот бил ловиште за француските кралеви, а потоа, после Француската револуција станал место на кое се правеле воени вежби. Во јавен градски парк се претворил за време на Наполеон III во 1860.
Паркот официјално станал дел од градот Париз во 1929.
На северниот крај на Венсенската Шума се наоѓа Венсенскиот замок, кој бил омиленото второ живеалиште на многу француски кралеви во 14-от век.
Шумата се користи денес и за спортски активности. Во источниот дел се наоѓаат Венсенскиот хиподром и велодром, а воедно и Францускиот институт за спорт и физичко образование.
Во западниот дел се наоѓа зоолошка градина.
На подрачјето на Венсенската Шума се простираат 4 езера, напојувани со вода од реката Марна:
„Bois de Vincennes“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.