Remove ads
главен град на Грузија From Wikipedia, the free encyclopedia
Тбилиси (грузиски: თბილისი, до 1936 г. Тифлис) — главен град на Грузија. Се простира реката Кура и има околу 1.118.035 жители (2014).
Tбилиси თბილისი | |||
---|---|---|---|
| |||
Местоположба на Тбилиси во Грузија | |||
Координати: 41°43′0″N 44°47′0″E | |||
Република | Грузија | ||
Основан | околу 450 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Кахабер Калаѕе | ||
Површина | |||
• Вкупна | 726 км2 (280 ми2) | ||
Надм. вис. | м | 380−770||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 1,118,035 | ||
Час. појас | грузиско време (UTC+4) | ||
Мреж. место | tbilisi.gov.ge |
Тбилиси е основан во 458 г. од царот Вахтанг I Горгасали на местото на малечко селце, основано во IV век. После окупацијата од страна на Персија, арапите и селџуците, во 1122 градот е ослободен од персиска контрола, а во 1801 е освоен од Русија. Во време на владеењето на независна Грузија помеѓу 1918 и 1921 Тбилиси повторно е негов главен град. Во 1921 Грузија повторно е окупирана од Советска Русија и Тбилиси станува центар на Затавкаската СФСР, а подоцна на Грузиската ССР. Од 9 април 1991 Тбилиси повторно е главен град на независна Грузија.
Тбилиси е сместен јужен Кавказ на 41° 43' сев ш и 44° 47' ист д. Градот е сместен во источна Грузија на двете страни од реката Кура. Се простира на надморска висина од 380 до 770 метри и е опколен од три страни со планини.
Северно од градот има голем резервоар (попознат какоTбилишко езеро) кој е полн со канали за наводнување.
Климата во Тбилиси се менува од суптропска до релативно блага континентална. Се одликува со врнежливи зими и топли лета.
Климатски податоци за Тбилиси | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 19.5 (67.1) |
22.4 (72.3) |
28.7 (83.7) |
31.6 (88.9) |
34.9 (94.8) |
38.7 (101.7) |
40.0 (104) |
40.3 (104.5) |
37.9 (100.2) |
33.3 (91.9) |
27.2 (81) |
22.8 (73) |
40.3 (104.5) |
Прос. висока °C (°F) | 5.9 (42.6) |
7.1 (44.8) |
12.2 (54) |
19.3 (66.7) |
23.1 (73.6) |
27.5 (81.5) |
31.0 (87.8) |
30.2 (86.4) |
26.1 (79) |
19.4 (66.9) |
12.7 (54.9) |
7.8 (46) |
18.6 (65.5) |
Сред. дневна °C (°F) | 1.5 (34.7) |
2.4 (36.3) |
6.8 (44.2) |
13.0 (55.4) |
17.0 (62.6) |
21.1 (70) |
24.5 (76.1) |
23.7 (74.7) |
19.8 (67.6) |
13.6 (56.5) |
7.8 (46) |
3.4 (38.1) |
12.9 (55.2) |
Прос. ниска °C (°F) | −1.5 (29.3) |
−0.8 (30.6) |
3.0 (37.4) |
8.1 (46.6) |
12.1 (53.8) |
16.0 (60.8) |
19.4 (66.9) |
18.6 (65.5) |
15.0 (59) |
9.4 (48.9) |
4.5 (40.1) |
0.5 (32.9) |
8.7 (47.7) |
Најниска забележана °C (°F) | −24.4 (−11.9) |
−14.8 (5.4) |
−12.8 (9) |
−3.8 (25.2) |
1.0 (33.8) |
6.3 (43.3) |
9.3 (48.7) |
8.9 (48) |
0.8 (33.4) |
−6.4 (20.5) |
−7.1 (19.2) |
−20.5 (−4.9) |
−24.4 (−11.9) |
Прос. врнежи мм (ин) | 20 (0.79) |
29 (1.14) |
31 (1.22) |
51 (2.01) |
84 (3.31) |
84 (3.31) |
41 (1.61) |
43 (1.69) |
35 (1.38) |
41 (1.61) |
35 (1.38) |
23 (0.91) |
517 (20.35) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1 мм) | 4.0 | 4.6 | 5.9 | 7.6 | 9.7 | 8.7 | 5.7 | 5.7 | 5.0 | 5.6 | 4.4 | 4.0 | 70.9 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 99.2 | 104.4 | 142.6 | 171.0 | 213.9 | 249.0 | 257.3 | 248.0 | 207.0 | 164.3 | 102.0 | 93.0 | 2.051,7 |
Извор: Pogoda.ru.net,[1] Хонгконшка опсерваторија[2] подат. за прос. врнеж. денови и сонч. часови, Weatherbase (само крајности)[3] |
Тбилиси е мултикултерен град. Во него живеат повеќе од 100 различни етнички групи. Околу 80% се етнички Грузијци, а другите поголеми се Руси, Ерменци, и Азери. А од помалите најзастапени се: Осети, Апхазијци, Украинци, Грци, Евреи, Естонци, Германци, Курди, Асиријанци, и други. Во последните години Турците и Кинезите се населуваат во градот и имаат еден од најголемите порасти во наталитетот.
Повеќе од 85% од жителите на Тбилиси се христијани (најдоминантни се припадниците на Грузиската Православна црква]). Руската православна црква и Ерменската Апостолска Црква се исто така застапени. Католиците, Лутераните, Баптистите, и други христијани го сочинуваат малцинството. А исто така голем број (околу 8%) го практикуваат исламот (најмногу се Сунити). Јудаизмот е исто така присутен,но само мал дел (околуt 2%) го практикуваат. Тбилиси е исто така познат како град на верска толеранција, во кој има и Цркви,џамии и синагоги.
Тбилиси има голема спортска историја Како и секоја земја која е блиску до арапскиот свет има големо влијание на боречките спортови. Во 1978, градот имаше околу 250 големи и мали спортски обележја, вклучувајќи 4 затворени и 6 отворени олимписки базени, 185 игралишта и сали за кошарка, 192 терени за одбојка, 82 ракометарски арени, 19 тениски игралишта, 31 фудбалски игралишта, и 5 стадиони. А додека сега најголем стадион е стадионот „Борис Паичаѕе“ со 55.000 седишта, адодека втор е стадионот Михели Месхи со 24.680 седишта. Додека спортската палата во Тбилиси собира околу 11.000 гледачи.
Најпопуларни спортови денес во Тбилиси се фудбал, рагби, кошарка, и борење.
Поголрмиот дел ма медиумските компании во Гризија (вклучувајќиги и телевизиите, весниците и радијата)се сместени во Тбилиси. Градот е дом и на најпозната телевизија Рустави 2 која цекосно ја поддржуваше револуцијата на розата.Овој канал и каналот Мзе Тв се во сопственост на познатиот медиумски магнат Руперт Мурдох и неговата компанија.
Тбилиси има и голем броја на издавачки куќи.Некои од најпознатите весници и списанија се: 24 Saati (24 часа), Rezonansi (Резонанс, звучност), Alia, дневниот весник на англиски The Messenger, неделникот FINANCIAL, Georgia Today, и на англиски неделникот The Georgian Times.
Надвор од градот се најпознатите и највлијателните радиостаници во Тбилиси како: Imedi Radio (105.9FM), Fortuna, и Radio 105, кои имаат и национални концесии.
Архитектурата во градо е мешавина од локална (Грузиска), со силни влијанија од винатискиот, еврипскиот и рускиот неокласицизам, и блискоисточни архитектонски влијанија. Стариот дел на градот, вклучувајќи го и Абанот-Убани, јасно дава на знаење дека тука преовладува азиската архитектура. Областите о Тбилиси кои се изградени во XIX век (Руставели Авенијата, Дистриктот Вера, итн.) имаат европски и руски неокласичен изглед.
Во XX век се гледа нови градби од стилот арт-ново. А додека во доцниот XX век градбите се со советски примеси и типични комунистички градби.
Тоа вклучува големи градби, крупни блокови и поголеми пространства. По распадот на СССР и здобивањето на неѕависност почнува Тбилиси да се гради со современи зданија. Во иднина Тбилиси ќе има два облакодерни комплекси.Едниот е кулата Аксис и новата Аџарија Хотел/Бизнис Комплекс (во изградба) кои ќе бидат највисоките згради на Кавказот.
Тбилиси има голем број на згради од особен култиролошки интерес. Зградите на Парламентод и владата како и врховниот суд, се сместени во Тбилиси. Од големо значење на градот се и зградите на државната конзерваторија, државната опера (Paliashvili Opera House), Академскиот театар Марјанишвили, катедралата Самеба, Воронстов палатата (позната и какодетска куќа), многу државни музеи, националната библиотека, националната банка и многу други.Во советско време Тбилиси го заземаше 4 место во СССР по бројот на музеи.
Надвор од градот најпозната е тврдината Нарикала (IV-XVII век), црквата Арчисхати (VI век), катедралата Сиони (VIII век), и др.
Збратимени градови на Тбилиси се:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.