главен и најголем град во Украина From Wikipedia, the free encyclopedia
Ки́ев (украински: Київ; руски: Киев) — главен и најголем град во Украина, кој се наоѓа во северниот средиштен дел на земјата, по течението на реката Днепар. Населението на градот според пописот од 2001 година е 2.611.300. Сепак, според печатот, денеска овој број е поголем[1].
Киев Київ Kyiv | |||
---|---|---|---|
Координати: 50°27′00″N 30°31′24″E | |||
Земја | Украина | ||
Општина | Киев | ||
основан | 5 век | ||
Реон | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Виталиј КличкоКличко (uk) | ||
Површина | |||
• Градска | 839 км2 (324 ми2) | ||
Надм. вис. | м | 179||
Население (1 јануари 2010) | |||
• Градско | 2,797,553 | ||
• Густина | 3.299/км2 (8,540/ми2) | ||
• Метро | 3,648,000 | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
поштенски број | 01xxx-04xxx | ||
Повик. бр. | +380 44 | ||
Авто. рег. таб. | AA (before 2004: КА, КВ, КЕ, КН, КІ, KT) | ||
Мреж. место | kmv.gov.ua |
Киев претставува важен индустриски, научен, образовен и културен центар на Источна Европа. Градот е дом на голем број светски компании, високообразовни институции и светски познати знаменитости. Градот има висока инфраструктура и високо развииен систем за јавен превоз, вклучувајќи го и Киевското метро.
Името на градост се смета дека потекнува од Киј, еден од трите браќа кои го основале градот. Во текот на својата историја, Киев опстојувал како еден од најстарите градови во Источна Европа. Најверојатно, градот постоел пред 5 век и претставувал трговски центар, како и место кое претставувал трговски град помеѓу Скандинавија и Цариград. Градот бил престолнина на Киевска Русија, за да во 1240 година биде целосно разрушен во времето на монголската инвазија. Во сладните векови, градот го изгубил своето значење и станал провинцијален град во рамките на Големото Литванско Војводство, Кралството Полска и Руската Империја[2].
Градот значително започнал да се развива кон крајот на 19 век во рамките на Руската Империја. Во 1917 година, откако Украинската народна република прогласила независност, градот станал престолнина на новата држава. Во 1921 година, Киев станал дел од Советскиот Сојуз, и престолнина на Украинска ССР од 1934 година. Во текот Втората светска војна, градот бил значитењлно разрушен, за да по војната повторно биде целосно обновен. По распадот на Советскиот Сојуз и добивање на украинската независност од 1991 година, Киев станал главнен град на Украина.
Киев е еден од најстарите градови во Источна Европа и одиграл голема улога во развојот на средновековната источнословенска цивилизација, како и во современата украинската нација.
Се смета дека градот бил основан во 482 п.н.е. За потеклото на градот постојат неколку легенди. Според една легенда, градот бил основан од страна на водачот на едно племе, кој се викал Киј, заедно со неговите браќа и сестра. Сепак, во практика не се знае кога точно бил основан градот. Се смета дека на територијата на денешниот град Киев постоела словенска населба од 6 век, но не е познато нејзиниот развој. Во 8 век биле изградени првите утврдувања во една населба која била напуштена претходно. Денеска не е познато дали ова утврдување било изградено од страна на Словените или Хазарите. Доколку тоа било изградено од словенските народи, тогаш не е познато кога градот паднал во рацете на Хазарите. Главен извор на информации за раната историја на областа потекнува од началникот Асколд. Како и да е, денеска од страна на поголемиот дел на историчари е потврдено дека градот во текот на 8 век или почетокот на 9 век бил под власта на Хазарите. Една тврдина, која се нарекувала Самбат (високо место) била изградена за одбрана на областа. Во текот на доцниот 9 век, градот паднал под власта на Варагинците, станувајќи еден од главните центри на Рус, подоцна Киевска Рус. Заземањето на градот станало од страна на Асколд, а подоцна со него управувал Олег.
Златната доба на градот се случила во времето на Киевска Рус. Во 968 година, Печенегите го ставиле градот под опсада. Периодот на развој на градот се случило во времето на кнезовите од Владимир. На 8 март 1169 година градот бил разрушен од страна на Андреј Богољубски, при кое се случил голем грабеж на црквите и манастирите. Киев за долго време ја изгубил значајноста во земјата, на сметка на големите центри како Владимир, Новогород и Москва. Градот во 1230-тите бил на неколкупати ограбуван од страна на неколку кнезови. Во 1240 се случила инвазијата на монголците предводени од Бату Хан, кој целосно го разрушил Киев, настан кој имал големо влијание за иднината на градот и источната цивилизација. Пред да биде разрушен, градот бил познат како еден од најголемите во светот, со население од 100.000 луѓе.
Во почетокот на 1320-тите, литванските војски предводени од Гедимин успеал да ги порази словенските војски предводени од Станислав Киевски кај реката Ирпин, и со тоа да го освои градот. Во 1324 година пак, градот повторно бил ограбен од страна на Татарите, па така литванскиот принц морал да плаќа данок на Златната орда. Во 1362 година, Киев и околните области биле вклучени во составот на Големото Литванско Војводство. Во 1569 година, со основањето на Полско-литванската Државна Заедница, Киев станал главен град на новоформираното Киевско војводство. Во 1658 година градот требал да стане престолнина на Унијата на трите народи, но договорот не бил ратификуван.
Во 1667 година градот станал дел од Царство Русија. Во рамките на империјата, градот бил еден од најголемите христијански центри, но неговото значење останало маргинално. Во текот на 18 век и 19 век, градот бил управуван од страна на руските воени и црковни власти, а Руската православна црква играла голема улога во градот. Во доцните 1840-ти, Никола Костомаров основал тајно друштво кое се викало Братството на Свети Кирил и Методиј. Членовите на таа група ја предлагале идејата за федерација на земјата каде Украинците би се сметале за посебен народ и нема да бидат потчинети од страна на рускиот народ.
Во времето на Руската индустриска револуција од крајот на 19 век, Киев станал важен трговски и транспортен центар на Руската Империја, познат по производство на шекер и жито, кои биле извезувани преку реката Днепар. Во 1900 година, грасот станал исто така и индустриски центар, чие население броело околу 250,000 жители. Во текот на тој период биле изградени неколку знаменитости на градот, голем дел од железничката инфраструктура, а исто така биле изградени и неколку образовни и културни објекти како и значајни архитектонски споменици.
Така, градот станал трет најзначаен град во рамките на Руската Империја. Во периодот на Руската револуција, Киев станал главен град на неколку краткотрајни држави. За многу краток период, градот бил опфатен со Првата светска војна, Руската граѓанска војна и Полско-советската војна.
Започнувајќи од 1921 година, градот станал дел од Украинска ССР. Во текот на 1934 година, престолнината на земјата била префрлена од Харков во Киев. Градот во тој период значително се развил. Бројот на населението се зголемило, биле создадени неколку индустриски гиганти, но од друга страна во времето на т.н. Голема чистка градот загубил едни од најголемите интелектуалци.
Во Втората светска војна, градот повторно претрпел значителна штета, и бил окупиранл од Нацистичка Германија од 19 септември 1941 до 6 ноември 1943 година. Непосредно откако градот бил окупиран, офицерите од НКВД поставиле динамити околу објектите улицата Крештатик, каде се наоѓала голема германска војска. Така, зградите изгореле за неколку дена, а 25,000 луѓе останале без покрив над главата. Во знак на одмазда, Германците ги уапсиле сите локални евреи, кои биле масакрирани на Бабин Јар.
Во поствоенио период, градот повторно започнал да се гради од почеток, станувајќи повторно трет најзначаен град во Советскиот Сојуз. Катастрофалната несреќа во Чернобил се случила на само 100 километри од градот, пренесувајќи го радиоактивното зрачење.
По распадот на комунизмот и со изгласувањето на Декларацијата за независност на Украина, градот бил прогласен за престолнина на новата украинска независна држава.
Модерниот Киев претставува мешавина од старата и новата архитектура. Градот доживеал голем раст на населението во текот на 1970-тите и во текот на 1990-тите.
Најпозната историска и архитектурна градба во градот е катедралната црква Света Софија и Киевско-печерската лавра. Овие два комплекса се вклучени во спосокот на светско и културно наследство на УНЕСКО.
Други значајни историски градби ја вклучуваат Мариинскиот дворец како и неколкуте православни цркви како црквата Свети Михаил, црквата Свети Андреја и црквата Свети Владимир, како и Златната порта.
Едно од модерните обележја на градот е статуата пред Националниот музеј на историјата на Украина во Втората светска војна, Химерскиот дом и Плоштадот на независноста.
Значајни архитектонски згради и градби |
---|
Географски, Киев припаѓа на полешката еколошка зона (дел од европските мешани шуми).
Киев се наоѓа на двете страни на реката Днепар, која тече на југ низ градот кон Црното Море. На постариот дел од градот (западниот) се наоѓаат неколку ридови, долини и мали реки. Киев во текот на својата историја значително се расширил кон денешниот источен дел од градот.
Киев има влажна континентална клима. Најтопли месеци во годината се јуни, јули и август, со температури од 13,8 до 24,8 °C. Најстудените месеци се декември, јануари и февруари, со температури од -4.6 до -1.1 °C. Највисоката температура во градот била измерена на 31 јули 1936 година и истата изнесувала 39.4 °C. Најниската температура во градот била измерена на 7 февруари 1929 година кога изнесувала -32,2 °C.
Клима на Киев | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Апсолутна максимална (°C) | 11,1 | 17,3 | 22,4 | 30,2 | 33,6 | 35,0 | 39,4 | 39,3 | 33,8 | 27,9 | 23,2 | 14,7 | 39,4 |
Просечна максимална (°C) | −0,9 | 0,0 | 5,6 | 14,0 | 20,7 | 23,5 | 25,6 | 24,9 | 19,0 | 12,5 | 4,9 | 0,0 | 12,5 |
Просечна температура (°C) | −3,5 | −3 | 1,8 | 9,3 | 15,5 | 18,5 | 20,5 | 19,7 | 14,2 | 8,4 | 1,9 | −2,3 | 8,4 |
Просечна минимална (°C) | −5,8 | −5,7 | −1,4 | 5,1 | 10,8 | 14,2 | 16,1 | 15,2 | 10,2 | 4,9 | 0,0 | −4,6 | 4,9 |
Апсолутна минимална (°C) | −31,1 | −32,2 | −24,9 | −10,4 | −2,4 | 2,4 | 5,8 | 3,3 | −2,9 | −17,8 | −21,9 | −30 | −32,2 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 36 | 39 | 36 | 46 | 57 | 82 | 72 | 61 | 58 | 40 | 48 | 44 | 619 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 8 | 7 | 9 | 13 | 14 | 15 | 14 | 11 | 14 | 12 | 12 | 9 | 138 |
Снежни денови (≥ 2,0 см) | 17 | 17 | 10 | 2 | 0,2 | 0 | 0 | 0 | 0,03 | 2 | 9 | 16 | 73 |
Влага (%) | 83 | 80 | 74 | 64 | 62 | 67 | 68 | 67 | 74 | 77 | 85 | 86 | 74 |
Сончеви часови (месечно) | 31,0 | 56,5 | 124,0 | 180,0 | 279,0 | 270,0 | 310,0 | 248,0 | 210,0 | 155,0 | 60,0 | 31,0 | 1,954,5 |
Во престолнината на Украина се наоѓаат најважните институции од централната законодавна, извршна и судска власт. Во градот се наоѓаат:
Согласно член 133 од Уставот на Украина[3], градот Киев како главен град на земјата има специјален статус, кој е дефиниран со Законот за главниот град на Украина[4].
Главното седиште на општината се наоѓа во Киевскиот градски совет. Како резултат на последните избори кои биле одржани на 25 мај 2008 година, Леонид Черноветски е моменталниот градоначалник на градот.
Прватапозната формална поделба на градот датира од 1810 година, кога градот бил поделен на чтири делови: Печерски реон, Старокиевски реон, Прв Подолски реон и Втор Подолски реон. Во 1833-1834 во согласност со декретот цар Николај I Киев бил поделена во шест реони, за да подоцна тој број се зголеми на десет. Од 1917 година градот бил поделен на осум реонски совети.
Во текот на советското време, градот значително се проширил заедно со бројот на жителите кои се зголемил. Со тоа се зголемиле и бројот на реони, чии имиња најчесто биле наименувани според советските партиски водачи.
Последната административна поделба била спроведена во 2001 година, кога бројот на реони бил намален од 14 на 10 реони.
Во градот Киев има 10 општини (реони):
Реон | Население | Површина |
---|---|---|
Десниот брег на Днепар: | ||
Холосеевски реон | 213 илј. | 5,6 илј. хек. |
Печерски реон | 131 илј. | 1,96 илј. хек. |
Подолски реон | 182 илј. | 3,4 илј. хек. |
Оболонски реон | 308 илј. | 11 илј. хек. |
Светошински реон | 320 илј. | 10,1 илј. хек |
Соломенски реон | 305 илј. | 4 илј. хек |
Шевченковски реон | 234 илј. | 2,7 илј. хек |
Левиот брег на Днепар: | ||
Дарницки реон | 244 илј. | 13,3 хек. |
Днепарски реон | 342 илј. | 14,8 хек. |
Десњански реон | 334 илј. | 6,67 хек. |
Реката Днепар поминува низ градот, со кое во практика градбите во зависност од тоа каде се наоѓаат се делат на градби во левиот и десниот дел од градот. Стариот дел на градот се наоѓа на западниот десен брег на реката, додека пак градот значително се проширил на левиот брег од градот во текот на XX век.
Поголемиот дел од киевските атракции, како и поголемиот дел од бизнис центрите и владините институции се наоѓаат на десниот брег. Во т.н. лев брег се наоѓаат во најголем дел, станбени објекти.
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
10xx | 100.000 | — |
1647 | 15.000 | −85.0% |
1666 | 10.000 | −33.3% |
1763 | 42.000 | +320.0% |
1797 | 19.000 | −54.8% |
1835 | 36.500 | +92.1% |
1845 | 50.000 | +37.0% |
1856 | 56.000 | +12.0% |
1865 | 71.300 | +27.3% |
1874 | 127.500 | +78.8% |
1884 | 154.500 | +21.2% |
1897 | 247.700 | +60.3% |
1905 | 450.000 | +81.7% |
1909 | 468.000 | +4.0% |
1912 | 442.000 | −5.6% |
1914 | 626.300 | +41.7% |
1917 | 430.500 | −31.3% |
1919 | 544.000 | +26.4% |
1922 | 366.000 | −32.7% |
1923 | 413.000 | +12.8% |
1926 | 513.000 | +24.2% |
1930 | 578.000 | +12.7% |
1940 | 930.000 | +60.9% |
1943 | 180.000 | −80.6% |
1956 | 991.000 | +450.6% |
1959 | 1.104.300 | +11.4% |
1965 | 1.367.200 | +23.8% |
1970 | 1.632.000 | +19.4% |
1975 | 1.947.000 | +19.3% |
1979 | 2.144.000 | +10.1% |
1980 | 2.191.500 | +2.2% |
1985 | 2.461.000 | +12.3% |
1991 | 2.643.400 | +7.4% |
1996 | 2.637.900 | −0.2% |
2000 | 2.615.300 | −0.9% |
2005 | 2.666.400 | +2.0% |
2009 | 2.765.500 | +3.7% |
as of January 1st of respective year.[5][6] |
Според пописот од 2001 година, од вкупното попишано население во Киев изнесува 2,611,300 луѓе[1]. Според податоците од истиот попис, вкупниот број на мажи изнесува 1.219.000 лица, или 46,7%, а жените се 1.393.000 лица или 53,3%. Според резултатите од претходниот попис во 1989 година, градот покажува тренд на стареење на населението. Од друга страна пак, бројот на населението има пораст. Според податоците од истиот попис, во градот живеат повеќе од 130 националности и етнички групи.
Украинците се најголемата етничка група во Киев, со вкупен број од 2.110.800 луѓе, или 82,2% од населението. Русите сочинуваат 337.300 (13,1%), Евреите 17.900 (0,7%), Белорусите 16.500 (0,6%), Полјаците 6,900 (0,3%), Ерменците 4900 (0,2%) и Азербејџанци 2,600 (0,1%), Татари 2.500 (0,1%), Грузијците 2.400 (0,1%), Молдавците 1900 (0,1%).
Во 1926 година, еврејското население од Киев броело 140.256, или 27,3% од населението.[7]. Најчести јазици кои се зборуваат во градот се руски и украински. Според анкета од 2006 година, украинскиот јазик најчесто се зборува од страна на живелите на градот со украинско потекло или 23%, а 52% го користат рускиот, додека пак 24% ги користат и двата јазици.[8] According to a 2006 survey, Ukrainian is used at home by 23% of Kievites, as 52% use Russian and 24% switch between both.[9].
Околу 1.069.700 луѓе имаат високо или средно образование, кое претставува значително зголемување од 21,7% за разлика од пописот од 1989 година. Според проценки од април 2007 година[1], бројот на населението во градот изнесува 2,7 милиони жители.
Нац-год. | 1897 | % | 1926 | % | 1959 | % | 1989 | % | 2001 | % |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Украинци | 55.1 | 22.22% | 216.5 | 42.28% | 663.9 | 60.11% | 1863.7 | 72.45% | 2110.8 | 82.22% |
Руси | 134.3 | 54.20% | 125.5 | 24.51% | 254.3 | 23.02% | 536.7 | 20.87% | 337.3 | 13.14% |
Евреи | 30.0 | 12.08% | 140.3 | 27.40% | 153.5 | 13.90% | 100.6 | 3.91% | 17.9 | 0.70% |
Вкупно | 247.7 | 100.00% | 512.1 | 100.00% | 1104.3 | 100.00% | 2572.2 | 100.00% | 2567.9 | 100.00% |
Во 2007 година, во Киев, имало регистрирано 719 верски заедници, од кои 177 припаѓаале на Украинската Православна црква - Московска патријаршија, 91 на Украинската Православна црква - Киевска патријаршија, 49 на Јевови сведоци, 45 на Баптистите, 40 на Евангелистите, 24 на Украинската автокефална православна црква, 21 на Адвентистите, 15 на Пентекосталците, 9 на Украинската гркокатоличка црква 8 на муслиманите, 8 на Римокатоличката цеква, 7 на Евреите[13], 1 на Руската православна црква по стар обред и најмалку четири нерегистрирани будистички храмови.
Според податоци од 1 јули 2009 година во Киев, официјално регистрирани верски организации биле 1067 на број. Меѓу нив се: 813 биле верски органзизации, 44 биле религиозни центри, 21 братства, 41 верски образовни институции, и 21 манастири итн.[14].
На верска основа, во 2006 година 64% од жителите на градот биле верници. Најголемиот дел од верниците се православни христијани, и тоа верници на Киевската патријаршија (67% од верниците) и Москвската патријаршија (18%). Релативно мал дел од верниците припаѓаат на некои други деноминации (3%), па дури и тешко да се идентификуваат со некоја посебна деноминација (12%)[15].
Во Киев, првата христијанска црква била изградена во времето на Киевска Русија, и та била Десетинската црква. Денеска најпознати христијански храмови се: Софискиот собор, Пештерските манастири, Михаилскиот собор, Андреевскиот собор, Владимирскиот собор итн.
Во градот постојат седум синагоги[16].
Од 2009 година, во градот било изградено првото минаре околу џамијата Ар-Рахман[17].
Во текот на историјата, Киев претставувал културен центар на Источните Словени и главна лулка за Христијанизација на Киевска Рус. И покрај тоа што градот на неколкупати бил рушен до темел и ограбуван, тој низ вековите го задржал своето културно значење, па дури и во време ан релативно распаѓање, и останал во центарот на Источното православно христијанство, каде до денес има голема улога во православниот свет.
Најсвето христијанско место во градот е Киевско-печерската лавра или манастирот на пештерите и катедралната црква Света Софија, и истите претставуваат можеби најпознатите места во градот, кои во текот на историјата биле посетувани од страна на милиони аџии. Денеска овие комплекси се вклучени во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО и претставуваат најголеми туристички атракции на градот. Освен во списокот на УНЕСКО, овие две атракции се вклучени и во списокот на Седум чуда на Украина.
Киев е познат по театралниот живот во Источна Европа. Најпознати театри се: Националната опера на Украина, Националниот академски драмски театар Иван Франк, Националниот академски театар на руската драма, Киевскиот академски театар на операта, Киевскиот академски куклен театар, Националнатс филхармонија на Украина и други. Во 1946 година, градот Киев имал четири театри, една оперска куќа и една концертна сала[18]. Овие културни објекти во голема мера биле наменети само за најпривилигираните луѓе од градот[18]. Нивниот број денеска е значително зголемен.
Други значајни културни центри во градот се Филмското студио Довженко и Киевскиот циркус. во градот се наоѓаат голем број на музеи, од кои најпознати се: Националниот музеј на историјата на Украина во Втората светска војна, Националниот музеј на уметноста на Украина, Музејот на Богдан и Варвара Карненко, Музејот на народната архитектура, Музејот на културното наследство, Националниот научно-природен музеј на Украина, а еден од најинтересните во градот е итн. Рециклаторски музеј, поради својата единственост, и честопати се нарекува Музеј на бескорисни работи.
Во 2005 година Киев бил домаќин на 50-годишната Евровизија како резултат на победата на Руслана во 2004 година.
Киев има многу професионални и аматерски фудбалски клубови, вклучувајќи го и ФК Динамо, ФК Арсенал и ФК Оболон. Други познати спортски клубови во градот се: ХК Сокил, КК Киев.
Во текот на Летните олимписки игри одржани во Советскиот Сојуз во 1980 година, во Киев се одржале прелиминарните натпревари и четврт-финалето на фудбалскиот турнир на Олимпискиот стадион, кој стадион бил реконструиран специјално за овој настан. На овој стадион, исто така ќе се одржи и финалето од Европското првенство во фудбал во 2012 година. Друг позначаен стадион во градот е стадионот Лобановски. Во моментот, своите домашни натпревари по фудбал на овој стадион ги игра ФК Динамо Киев.
Киевската палата на спортот претставува најголемиот затворен спортски комплекс во престолнината на Украина. Во 2006 година во овој комплекс се одржила Евровизија 2006. Овде гостувале светски познати групи како Backstreet Boys, Black Eyed Peas, Deep Purple, A-Ha, Jamiroquai, Moby, Muse, Placebo, The Rasmus, Depeche Mode како и Кристина Агилера, Анастасија, Лени Кравиц. Во текот на својата историја, во објектот биле одржани повеќе од 16 светски првенства, 30 европски првенства, 42 советски првенства, 440 турнири, 210 изложби, 4.000 концерти, повеќе од 20 семинари и конференции од најразлични теми.
Киев претставува најголем транспортен центар во Украина. Сообракајот во градот вклучува патни, железнички и водни транспортни мрежи. Голема улога во одвивањето на сообраќајот во градот играат мостовите на реката Днепар, а во внатрешниот, главна улога има Киевското метро.
Јавниот транспорт во градот се извршува од Киевското метро, автобуси, тролејбуси, трамваи и жичара.
Првите автобуси во градот биле доведени во 1913 година, а првата автобуска линија била отворена во 1925 година. Во декември истата година, била отворена и втора линија. Од 1929 година, градскиот автобуски сообракај бил обновен, а новите автобуси ЗИС-18 биле од советско производство. Во 1937 година, во градот работеле 60 автобуси. Бројот на патници во 1967 година во споредба со 1947 се зголемил за 88 пати. Во 1978 година, вкупната должина на автобуските линии изнесувала 647 килоометри, а бројот на патници околу 1 милион дневно. Денеска, во Киев има околу 90 автобусни линии кои ги опфаќаат сите делови на градот, а бројот на автобуси е попвеќе од 700 возила.
Киевскиот тролејбус претставува наглолемата тролејбуска сообраќајна мрежа во Украина. Проектот бил изграден во 1935 година. Во текот на својата историја, тролејбусната мрежа била постојано проширувана. Заклучно со декември 2010 година во градот постојат 533 тролејбуси кои работат во 36 правци, а должината на линиите е околу 500 километри. Киевскиот трамвај претставува првиот електричен трамвај кој бил изграден во поранешната Руска Империја, како и во модерна Украина. Денеска овој превоз има пад во својата пракса, главно поради застарениот возен парк и постојаното намалување на сообраќајната мрежа. Системот има 19 правци, со должина од 139,9 километри[19]. Со овој систем управува комуналното претпријатие Киевпастранс. Бројот на патниците во 2010 година изнесувал 69.020.000, за разлика од 2001 година, кога бројот на патници изнесувал 270.000.000[20].
Киевското метро претставува главен столб на јавниот превоз во градот. Ова метро било првото кое било изградено во Украина, и трето во СССР, по оние во Москва и Ленинград.
Во Киев, идејата за подземни железници за првпат се појавила во 1884 година.[21] Сепак, уште долго време се чекало пред да започне реализацијата на проектот, бидејќи тогашните градски власти го отфрлиле предлогот. По неуспешните проекти во 1902 и 1912 година за Московското метро, во 1916 година руско-американската комора понудила исто така проект за изградба на ново метро, кој исто така бил одбиен од страна на градските власти во Киев. Првите прифатливи проекти за властите се појавиле во времето кога била создадена новата Народна Република Украина, но истите не се оствариле бидејќи земјата влегла во составот на Советскиот Сојуз.
По крајот на Втората светска војна, самиот град започнал од темел повторно да се обновува., На 5 август 1944 година според Резолуцијата на Советот на министри на СССР, било наредено да се започне истражување околу проектот, создавање на општински буџет по кое кон крајот на годината конечно бил прифатен предлог за изградба на метрото. Така, на 6 ноември 1960 година била отворена првата метро-станица во градот, со должина од 5,2 километри. Со текот на времето, Киевското метро постојано се ширило.
Денеска, метрото има три линии со вкупна должина од 63,7 километри и 49 станици. Целосниот транспортен систем се проценува на 1.380.000 патници дневно, или 42,5% од вкупниот јавен транспорт во градот. Во 2010 година, вкупниот број на патници ја надминала бројката од 504.200.000 патници. Арсеналната станица се наоѓа на 105 метри под земјата.
Во Киев постојат два аеродроми, Меѓународниот аеродром Бориспил и Киевскиот аеродром. Аеродромот Бориспил се наоѓа на 6 километри од населенотѕо место Бориспил, и на 29 километри од престолнината. Аеродромот претставува најголем патнички аеродром во земјата. 62% од авионските превози во Украина ги опфаќа овој аеродром. Во моментот има две писти, од кои едната е долга 4.000 метри, а другата 3.500 метри. Решението за изградба на овој аеродром била донесена на 22 јуни 1959 година од страна на Советот на министри. Во 2002 година аеродромот добил меѓународен сертификат за сообразност (ISO 9001:2000).
Киевскиот аеродром се наоѓа 8 километри југозападно од центарот на Киев. Аеродромот има меѓународен статус, но главно се користи за домашни летови. Една од неговите писти има должина од 2.310 метри и ширина од 45 метри.
Градот Киев има развиена железничка инфраструктура, вклучувајќи долги патнички станици, шест товарни станици, складишта и поправка на истите. Сепак, овој систем сè уште не успева да ја задоволи побарувачката на патнички услуги.
Киевската железничка станица претставува комплекс од Централната киевска станица, Јужната станица како и соседната реонска станица. На оваа станица се опслужуваат повеќе од 170,000 патница, според податоци од 2005 година. Киевската железница нуди услуги од мали растојанија до меѓународни. Една станица од Киевското метро завршува токму на ова место. Старата железничка станица била изградена во периодот од 1868 до 1870 година. Денешната Централна станица била изградена во текот од 1927 до 1932 година и дизајнирана од страна на О. Вербицки и истата е изградена во украински барок стил.
Железничката станица Дарница била изградена во 1899 година, кога била изградена и железничката пруга Киев-Полтава. Објект каде се наоѓала администрацијата на железницата бил изграден во 1953 година и разрушен во 2003 година, за да во 2007 година биде повторно изградена.
Киевското речно пристаниште се наоѓа на десниот брег од реката Днепар, во историскиот дел од градот. Било основано во јули 1897 година. Станицата била изградена во периодот од 1957 до 1961 година, и е сместена на Поштовиот плоштад. Самата зграда има четири спратови. На првите два се наоѓаат администрацијата, шалтерите, гардеробите а во останатите два ресторани, пошта и кафебар.
Во советско време, овој вид на транспорт вршел товарни и патнички патувања како на кратки така и на долги патеки. Во моментот се користи за транспорт на големи товари.
Првиот мост во градот бил изграден во 1853 година и тоа бил т.н. Николаев мост. Во 1870 започнала изградбата на метален железнички мост под раководство на Аманд Струве, и тој мост бил наименуван според архитектот. По ова следувала изградбата на Петровскиот мост. Патонскиот мост бил изграден во периодот од 1941 до 1953 година, и е најголемиот во Украина со должина од 1.543 метри или 5.062 стапки.
Други мостови во градот се: Московскиот мост, Хаванскиот мост, Росановскиот мост.
По воведувањето на безвизен режим за членките на Европската Унија и Швајцарија во 2005 година, Украина бележи постојанен пораст на бројот на странски туристи кои доаѓаат во посета на земјата[22]. Во периодот од 2008 до 2009 година, просечниот пораст на бројот на странски посетители на Киев бил околу 23% во текот на три години[23]. Во 2009 година вкупно 1,6 милиони туристи го посетили Киев од кои околу 258,000 или 16% биле странски државјани[23].
Киев претставува еден од најпосетуваните градови во Источна Европа. Градот е познат како зелен град, и во него се наоѓаат две ботанички градини: градината Гришко и ботаничката градина Александар Фомин. Националната ботаничка градина Гришко, која била основана во 1936 година, опфаќа 1,3 км ² (120 хектари) и содржи преку 13,000 видови дрвја, цвекиња и други видови расади од целиот свет, додека пак ботаничката градина Александар Фомин, која била основана во 1839 година, и денеска има големина од 22,5 хектари со 8,000 растителни видови.
Покрај градот, во реката, постојат многубројни острови, од кои најпознат е Хидропарк, кој парк е изграден како забавен комплекс и забавата главно се одржува на плажите и во самата вода каде често се одржуваат водни атракции. Комплексот вклучува детска плажа, плажа за инвалиди, нудистичка плажа, терени за одбојка, тенис итн. Капацитетот на плажите е до 75,000 посетители, а во текот на сезоната бројот на посетители доаѓа до 250 милиони луѓе. Водниот парк е поврзан со Венецијански мост на левиот брег од Днепар и со Русановскиот мост од десниот брег.
Паркот на победата се наоѓа во Днепарскиот реон и посветен на победата на Советскиот Сојуз во текот на Втората светска војна. Се состои од 82,61 хектари борова шума со пешачки патеки, мало езеро со мост и острови, спортски зданија, затворено лизгалиште. Главно мсто во паркот е Могилата на бесмртноста, во чест на хероите кои ги дале своите животи во текот на Втората светска војна. Самиот објект бил отворен на 21 јуни 1967 година.
Владимирскиот парк има површина од 10,6 хектари и се наоѓа на Михаилскиот рид. Во негова близина се наоѓа катедралата Свети Михаил.
Месноста Бабин Јар денеска претставува една од најпосетуваните атракции во градот. Ова било местото каде во текот на нацистичката окупација на градот, на 29 и 30 септември 1941 биле погубени најмалку 33.771 евреи. Денеска, во комплексот постои меморијален центар во спомен на жртвите од тој настан.
Во центарот на градот се наоѓа најголемиот плоштад во Киев, Плоштадот на независноста, до кој плоштад се доаѓа преку улицата Крештатик. Во овој реон се наоѓаат најпознатите ресторани, клубови и кафулиња во градот. Главните улици се затворени за автомобилскиот сообраќај во текот на викендите и празниците. Денеска, улицата претставува голем административен и бизнис центар во градот, како и популарно место за туристите. Од 2010 година, улицата се вбројува во десетте најскапи улици во светот. Плоштадот на независноста или Мајдан Незалежмости е местото каде во текот на историјата се случувале голем број на политички, културни и забавни настани.
Андреевскиот регион, покрај кој минува и Андреевската улица е една од најпознатите историски улици во градот. На оваа улица се наоѓа Ричардскиот замок, црквата Свети Андреја, музејот посветен на Михаил Булгаков, музејот на лебот, споменик на Јарослав Мудриот, итн.
Мариинскиот дворец е официјалната резиденција на претседателот на Украина. Изградена во стил на украински барок, дворецот претставува едно од главните обележја на градот, главно поради администрацијата на претседатлот, и бидејќи има голема историска важност. Во Кловскиот дворец се наоѓа седиштето на Врховниот суд на Украина. Барокниот објект бил изграден во периодот од 1752 до 1756 година со средства обезбедени од страна на Киевско-печерската лавра. Митрополитскиот дом претставува поранешна резиденција на киевскиот митрополит. Денеска, зградата е претворена во музеј.
Во градот има околу 40 различни музеи[24]. Во 2009 година тие биле посетени од страна на 4,3 милиони туристи[24].
Националниот музеј на историјата на Украина во Втората светска војна се преселил на двапати пред да заврши на денешната локација, каде свечено бил отворен на 9 мај 1981 година од тогашниот советски водач. На 21 јуни 1996 година, музејот добил статус на национален со посебен декрет кој бил потпишан од страна на Леонид Кучма, претседател на Украина. Овој музеј е еден од најголемите музеи во Украина, со над 300.000 експомати. Во централниот дел се наоѓа статуа висока 62 метри. Музејот е посетен од страна на 21 милион жители. Комплексот опфаќа површина од 10 хектари, и се наоѓа на еден рид со поглед кон реката Днепар. Во еден од објектите се прикажани оружјата кои биле користени од страна на советската армија во времето на Втората светска војна. Скулптурите ја отсликуваат храбрата одбрана советската граница во 1941 година против германската инвазија во регионот, нацистичката окупација, партизанската борба и Битката кај реката Днепар.
Киевската тврдина, позната ѝ како Печерска тврдина, била изградена во текот на 19 век од страна на руската армија. Денеска, дел од тврдината и објектите кои се наоѓаат во неа се реконструирани и претворени во музеј наречен Киевска тврдина, додека пак останатите служат како разни воени и трговски објекти. Во текот на XX век, објектот го изгубил своето значење и истиот служел како касарна, магазин и затвор. Овде биле затварени дел од политичките затвореници во времето на Советскиот Сојуз, а подоцна, во 1927 година, објектот бил претворен во музеј.
Златната порта претставува едно од главните обележја на стар Киев и едно од главните знаменитости на денешниот град. Модерната историја на оваа порта датира од времето на Јарослав Мудриот, Големиот кнез на Киев, односно во 1037 година, во времето кога била изградена црквата Света Софија. Сепак, според други извори, портата била изградена многу порано. Ова доаѓа од сликата на Јан Матејко, каде е прикажан Болеслав Храбриот пред самата порта во 1018 година. Во почетокот објектот бил именуван како јужна порта, како една од трите главни влезови во градот. Другите две порти денеска не постојат. Портата е висока 40 метри и широка 20 метри. Голем дел од својата историја, таа служела како Триумфална капија. Се смета дека името на портата доаѓа од истоимената порта која некогаш се наоѓала во Цариград. Подоцна, истото име било ставено и на портата во градот Владимир. По монголската инвазија врз Киевска Рус, портата била во голема мера уништена. Првите ископувања биле направени во 1832 година. Во 1970-тите години била претворена во музеј. Во 1982 година, таа била целосно реконструирана по повод 1500 години од основањето на градот Киев, и покрај тоа што не постојат докази како точно изгледала оригиналната порта.
Националниот музеј на уметноста на Украина е еден од најголемите во земјата како и еден од најстарите. Во текот на еден долг период на постоење, во своите простории има донирано уникатна колекција на украинското сликарство, скулптура и графика од 12 век до денес. Подготовките за основање на еден таков вид на музеј започнеле во 1897 година, за да на 1 август 1899 биде пуштен во употреба како изложба на археолошки изложби. Во 1918 година, со владин декрет музејот станал Прв државен музеј во земјата. Денеска, Националниот музеј на уметноста на Украина брои околу 40.000 експонати.
Музејот на народната архитектура бил основан на 6 февруари 1969 година и денеска има површина на музејот е 133,5 хектари. Денеска, музејот содржи над 70,000 предмети на народна архитектура, работи од народната уметност и алатки, кои биле донесени од сите делови на земјата. Целата територија на музејот е поделена на неколку сектори, и секој еден од нив ја претставува народната архитектура и култура на одреден реон од Украина. Самиот музеј содржи огромна колекција од облека, мебел, дрво и керамика, народни музички инструменти, како и локална администрација, стари дрвени селски цркви. Вработените во музејот, односно водичите исто така се облечени во стара народна облека.
Киев исто така има бројни рекреативни атракции како Киевската зоолошка градина која се простира на територија од 40 хектари, и има вработено персонал од 378 членови со околу 280.000 посетители годишно. Според најновите податоци, зоолошката градина имс околу 2,600 животни од 328 видови.[25]
Поврзано: Категорија:Економија на Киев
Како што е примерот кај најголемиот дел од престолнините на земјите, така и Киев претставува главен административен, културен и научен центар на земјата. Киев е најголемиот град во Украина во според бројот на население и површина. Од 1 јануари 2010 година, во градот имало околу 238.000 регистрирани деловни субјекти[26].
Официјалните бројки покажуваат дека помеѓу 2004 и 2008 година, економијата на Киев ја надминала остатокот од земјата, со раст од годишен просек од 11,5%.[27] [28] По глобалната финансиска криза која започнала во 2007 година, економијата на Киев доживеала голем пад во 2009 година од 13,5%.[27] Иако рекордно високо ниво, намалувањето на било 1,6 % во однос на економијата на целата земја.[28]
Бидејќи градот може да се пофали голема и разновиден економска основа и не зависи од ниту една индустрија или компанија, стапката на невработеност во минатото била релативно ниска, односно само 3,75% во текот на 2005-2008.[29] Всушност, стапката на невработеност нараснала на 7,1% во 2009 година, и истата останала далеку под националниот просек од 9,6%.[29][30]
Во мај 2011, киевските власти го претставиле 15-годишниот план за развој според кој ќе бидат привлечени 82 билиони евра странски инвестиции до 2025 година. Стратегијата предвидува модернизација на транспортот, комуналните услуги, патната инфраструктура кои дополнително би значеле привлекување на нови туристи[31].
2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Номинален БРП[27] | 61.4 | 77.1 | 95.3 | 135.9 | 169.6 | 169.5 | n/a |
Номинален БРП (USD) **[27][32] | 11.5 | 15.0 | 18.9 | 26.9 | 32.2 | 21.8 | n/a |
Номинален БРП По глава на жител[27] | 23,130 | 28,780 | 35,210 | 49,795 | 61,592 | 61,088 | n/a |
Номинален БРП По глава на жител (USD)**[27][32] | 4,348 | 5,616 | 6,972 | 9,860 | 11,693 | 7,841 | n/a |
Месечна плата (USD)**[32][33] | 182 | 256 | 342 | 455 | 584 | 406 | 432 |
Невработеност (%)***[34] | n/a | 4.6 | 3.8 | 3.3 | 3.3 | 7.1 | 6.4 |
Продажба на мало [35] | n/a | n/a | n/a | 34,87 | 46,50 | 42,79 | 50,09 |
Продажба на мало (USD)[32][35] | n/a | n/a | n/a | 6,90 | 8,83 | 5,49 | 6,31 |
Странски директни инвестиции (USD bn)[36] | 3,02 | 4,84 | 7,05 | 11,65 | 16,84 | 19,23 | 21,86 |
* - податоците не се достапни; ** - calculated at annual average official exchange rate; *** - ILO methodology (% of workforce).
Денеска, Киев е неприкосновен центар на бизнисот и трговијата на Украина и дом на едни од најголемите компании во земјата, како што се Нафтогас, Енергоринок и Киевстар. Во 2010 година градот остварил 18% од националната продажбата на мало и 23% од сите градежни активности.[35][37][38][39] Недвижностите се еден од главните сили во економијата на Киев. Просечните цени на станови се највисоки во земјата и меѓу највисоките во Источна Европа.[40] Киев, исто така, е рангиран високо во однос на комерцијалните недвижности и во градот има изградено едни од најголемите трговски центри во Украина, како Дрим Таун и Скај Мол.
Во градот се наоѓаат седиштата на едни од најголемите и најпрофитабилни компании во земјата, како: Оболон, Русинка, Киевската пивара, Roshen, АНТК Антонов, Олком и други.
Во Киев се наоѓаат голем број на универзитети, од кои најголеми се Киевскиот универзитет „Тарас Шевченко“[41], Киевскиот политехнички институт[42] и Националниот универзитет „Киево-Могиланска академија“[43]. Вкупниот број на институциите од високо образование во градот е околу 200 установи,[44]. Освен државни, во градот постојат и неколку приватни универзитети.
Киевскиот универзитет бил создаден со указ на рускиот император Николај I на 8 ноември 1833 година. Овој универзитет е вториот најстар во Украина, по оној во Харков кој бил создаден во 1806 година. Денеска, на овој универзитет студираат повеќе од 20.000 студенти со персонал од 3,420[45]. Киевскиот политехнички институт бил основан во 1898 година, и денеска има 41,700 студенти со 2,500 професори. Киево-Могиланската академија се состои од шест факултети, на кои студираат 3,000 студенти[46].
Во градот има околу 530 средни училишта и 680 основни училишта[47]. Исто така во градот работат и вечерни училишта за возрасни.
Вернадската библиотека е најголема во земјата и светот. Во библиотеката се наоѓаат околу 15 милиони предмети вклучувајќи книги, списанија, публикации, мапи, ликовни материјали, ракописи, ретки печатени книги, весници.
Киев е збратимен со следните градови:
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.