На Запад, овој век го означува крајот на класичната антика и почетокот на средниот век.[1] По падот на Западното Римско Царство, кон крајот на V век, Европа се распаднала на многу мали германски кралства, кои жестоко се натпреварувале за земја и богатство.[2] Најголемото од нив било Кралството на Франките, кое опфаќало голем дел од територијата на денешна Франција и Германија.[2] Во меѓувреме, Источната римска империја (Византија) почнала да ги враќа загубените територии за време на владеењето на царот Јустинијан. Тој успеал да ја поврати територијата на северна Африка, која претходно била освоена од Вандалите, и се обидел да ја поврати територијата на Италија, со надеж дека повторно ќе воспостави римска контрола над земјите кои некогаш биле дел од Западното Римско Царство.[3]
За време на второто Златно доба, Сасанидското Царство го достигнала врвот на својата моќ под Хозров I Ануширван, во 6 век.[4] Во средината на 6 век, хунските походи ставиле крај на класичната Гупта империја во северна Индија.[5] Во Јапонија, завршил периодот Кофун, а започнал периодот Асука. Откако била поделена повеќе од 150 години помеѓу јужни и северни династии, Кина конечно повторно била обединета под династијата Суи.[6] Трите кралства на Кореја опстојувале и во текот на 6 век. Ѓоктурците станале голема сила во Средна Азија по победата над Жужанскиот каганат.
На Американскиот континент, Теотиуакан почнал да опаѓа во текот на 6 век, откако го достигнал својот зенит во периодот меѓу 150 и 450 година. Цивилизацијата на Маите во Средна Америка се наоѓала во својот класичен период.[7]
Ран 6 век - Ах Суиток Тутул Шиу го основал мајанскиот град Ушмал.
Ран 6 век – Била основана првата академија на исток, Академијата на Гундешапур, во Персија од страна на Хозров I Ануширван.
Ран 6 век – Ирски колонисти, познати како Шкоти, почнале да мигрираат во Каледонија (подоцна позната како Шкотска).
Околу 524: Боетиј го напишал своето дело De consolatione philosophiae.
525: Скитскиот монах Дионисиј Малиот, откако се населил во Рим го измислил календарот на нашата ера (лат. Anno Domini), кој го базирал на проценетата година на раѓање на Исус Христос.
532: Бунтот Ника во Цариград. Тој бил еден од најнасилните бунтови во историјата на градот, при што речиси половина од Цариград бил изгорен или уништен, а десетици илјади луѓе загинале.
535: Се претпоставува дека оваа година избувнала силна вулканска ерупција некаде во тропските региони, која предизвикала ненормално студено време во текот на следните неколку години, што довело со масовна глад и смрт на населението во северната полутопка.
537: Битката кај Калман, последната битка на легендарниот крал Артур.
Шашанка (околу 590-625), владетел кој го обединил Бенгал и го основал сувереното кралство на Гада во Бенгал
Шотоку Таиши (573-621), јапонски државник, филозоф и писател на уставот од 17 члена
Скитскиот монах Дионисиј Малиот, откако се населил во Рим го измислил календарот на нашата ера (лат. Anno Domini), кој го базирал на проценетата година на раѓање на Исус Христос. На овој систем се заснова грегоријанскиот календар.
Играта „Табла“ била измислена во Персија од персискиот лекар Борзуи.
Шахот, како чатуранга, бил донесен во Персија од Индија и бил изменет во шатранџ.
Технологијата на правење на свила била донесена во Византија од Кина.
За време на Чен династијата во Кина бил измислен кибритот.
Вагбата, индиски медицински книги.
Во 589 година, кинескиот функционер Јан Џициу за првпат спомнува употреба на тоалетна хартија во историјата.
Значаен за историјата на земјоделството, кинескиот автор Џиа Шеија го напишал трудот Чи Мин Јао Шу, во 535 година, и иако цитира 160 претходни кинески книги за агрономија, тоа е најстариот постоечки кинески земјоделски текст. Со над сто илјади кинески знаци, книгата опфаќа подготовка на земјиште, сеење, одгледување на овоштарници, шумарство, сточарство, трговија и кулинарски рецепти.