V век (5 век) столетие кое започнало на 1 јануари 401 г., а завршило на 31 декември 500 г. Ова бил период на преселба и политичка нестабилност низ цела Евроазија.

< 4 век 5 век 6 век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900

Во 476 година, Западното Римско Царство пропаднало.[1] Пред пропаста со него владееле неколку слаби цареви, а вистинската политичка моќ ја држеле моќните војсководци. Внатрешната нестабилност и притисокот од странските освојувачи конечно резултирале со ограбувањето на Рим од страна на војската на Визиготите во 410 година.[2] Иако во текот на следните неколку децении Западното Римско Царство успеало до некој степен да се опорави, следниот сериозен удар го доживеало кога Вандалите ја окупирале Картагина, главниот град на исклучително важната провинција Африка.[2] Обидите да се заземе провинцијата од Вандалите биле прекинати поради инвазијата на Хуните под водство на Атила. По поразот на Атила, Источното и Западното Римско Царство ги здружиле силите за последен напад на Вандалите во северна Африка, но овој поход завршил со спектакуларен неуспех.[2]

Во источна Азија, многу номадски племиња се преселиле во североисточна и централна Кина, каде што основале низа династии. Со ова започнал период на поделба и конфликт меѓу Северна и Јужна Кина.

Кон крајот на V век, индиската империја Гупта била нападната од Хуните од Средна Азија, кои можеби биле поврзани со Хуните кои го нападнале Римското Царство во Европа.

Источната полутопка во 500 г.

Настани

Личности

Thumb
Атила, крал на Хуните
Thumb
Хлодовик I, крал на Франките
Thumb
Елија Пулхерија, византиска царевица
Thumb
Констанциј III, римски цар
Thumb
Ромул Августул, последниот цар на Западното Римско Царство
Thumb
Месроб Машдоц, ерменски монах
Thumb
Кирил Александриски
Thumb
Чу Чунгџи, кинески астроном и математичар

Откритија

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.