From Wikipedia, the free encyclopedia
Големата преселба на народите бил период на огромно преселување на луѓето кое се случувало околку 300–700 години од нашата ера во Европа,[1] означувајќи го преминот од Доцна антика во ран Среден век. Преселбата ги вклучува: Готи, Вандали, Прабугари, Алани, Фризи, Франки, меѓу другите и германски, ирански и словенски племиња. Преселбата можеби била прекината поради упаѓањето на Хуните, пренаселувањето или пак климатските промени.
Преселбите продолжуваат добро сè до 1000 од наша ера, со навлегувачките бранови на Словените, Аварите, Унгарците, некои туркиски народи, монголските инвазии, и на крај отоманските освојувања, со што драстично се менува етничкиот состава на Источна Европа.
Процесот на преселба може да се подели во две различни фази. Првата фаза, помеѓу 300 и 500 година од нашата ера, повеќе гледана и истражувана од средоземна преспектива од грчки и латински историчари,[2] со помош на малку арехологија, ги става германските племиња на чело на поголемиот дел од поранешното Западно Римско Царство. (Поврзано: Остроготи, Визиготи, Бургунди, Алани, Лангобарди, Англи, Саксонци, Вандали). Првите кои формално влегуваат во Римското Царство — кои всушност тогаш бегале од Хуните — се Визиготите во 376. Толерирани од Римјаните под услов да тие го бранат граничниот Дунав, тие почнале да се бунтуваат, што довело до освојување на Италија и освојувајќи го самиот Рим (410) пред конечно да се населат на Пиринејскиот Полуостров и да основаат Кралство кое постоело цели 300 години. Тие биле следени од Остроготите предводени од Теодорих Велики, кој се населува во самата Италија.
Во Галија, Франките, голем број на западни германски племиња чии водачи биле цврсто спријателени до Рим, навлегле во римските земји постепено и посмирено во 5 век, и всушност биле прифатени за владетели на римско-галискиот народ. Одбегнувајќи ги предизвиците од Алеманите, Бургундите и Визиготите, кралството на Франките станува зачеток или средиште на идните Германија и Франција. Во меѓувреме римските Британци биле постепено освојувани од Англите и Саксонците.
Втората фаза, помеѓу 500 и 700 година од нашата ера, ги гледа племињата на Словените како се населуваат во централна и Источна Европа, најмногу во источна Голема Германија. Прабугарите, најверојатно од туркиско потекло, го освојуваат источниот дел од балканска Византија во седмиот век. Ломбардите, германски народ, ја населуваат Северна Италија во регионот познат како Ломбардија.
За време на раните византиско-арапски војни, некои арапски војски се обидуваат да ја освојаат Југоисточна Европа преку Мала Азија во втората половина од седмиот век и раниот дел од осмиот век, но на крај се победени за време на опсадата на Цариград од страна на здружените сили на Византиците и Бугарите во периодот од 717 до 718 година. За време на Хазаро-арапските војни, Хазарите ги запираат арапските освојувања во Источна Европа преку Кавказ. Во исто време, Маврите (содржејќи се од Арапи и Бербери) ја напаѓаат Европа преку Гибралтар, освојувајќи ја Хиспанија (Пиринејски Полуостров) од Кралството на Визиготите во 711 година пред конечно да бидат победени од Франките кај Битката кај Тура во 732. Овие борби ја поправаат границата помеѓу христијанството и исламот за наредните три века. За ова време, покрај се, муслиманите се успешни во освојувањето на Сицилија и Јужна Италија од христијаните.
Се од 8 до 10 век, кој период веќе не се ни смета како дел од Големата преселба на народите но сепак спаѓа во Раниот Среден Век, нови бранови на преселба прво од Унгарците, а подоцна и од Турците, како и проширувањето на Викинзите од Скандинавија, заканувајќи се од новонастанатиот ред од страна на Франкиската Империја во Средна Европа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.