From Wikipedia, the free encyclopedia
Визиготите или западни Готи се германско варварско племе.
За првпат, како посебен народ се појавиле во 268 година кога го нападнале Римското Царство и ја започнале својата инвазија на Балканот. Тие ја зазеле римската провинција Панонија и дел од Илирика, дури стигнале и до Италија. Но во летото 268 година биле поразени кај денешната италијанско-словенска граница. По ова, во 268 годсина биле поразени и кај Ниш. Во текот на следните години, тие се повлекле кон Дунав во серијата походи на римскиот цар Клавдиј II. Во времето кога се населиле во Дакија, тие го прифатиле Аријанството, според кое верување се смета дека Исус не е еден од обиците на Господ во Светото Тројство, туку тој е на посебен начин створен и нема божанствен епитет. Ова верување било едно од најглавните противници на православието. Ибериските Визиготи до 589 година верувале во Аријанството, кога кралот Рекаред I им ја наложил католичката вера.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.