Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Третиот вселенски собор (грчки: Η Γ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Σύνοδος της Εφέσου — Собор во Ефес) бил одржан во Ефес, Мала Азија, од 22 јуни до 30 јули 431 година, во црквата посветена на Пресвета Богородица. Во истата црква подоцна се одржал и уште еден собор (449 година) кој го добива називот Расколнички собор, соодветно на неговиот карактер.
Трет вселенски собор | |
---|---|
Датум | 431 |
Прифатен од | Римокатоличка црква, Старокатоличка црква, Православие, Англиканство, Древноисточни цркви, Лутеранство |
Претходен собор | Прв цариградски собор |
Следен собор | Четврти вселенски собор |
Свикан од | Цар Теодосиј II |
Претседавач | Кирил Александриски |
Присутни | 200 — 250 |
Теми | Несторијанство, |
Документи и изјави | Симбол на верата |
Времеследен список на собори |
Третиот вселенски собор бил свикан од царот Теодосиј II (408 — 450) со цел да се даде одговор на несторијанската ерес, која неколку години предизвикувала немири во црквата, бидејќи Несториј Цариградски сметал дека и божествената и човечката природа на Христос треба да имаат по една личност. Отците на Третиот Собор го отфрлиле неговото учење со кое би се внесувала поделба во едната Личност на Господ Христос. На овој собор било потврдено дека Исус Христос е една Личност со две природи: со божествена природа — од вечноста, од Отецот, и со човечка природа — која ја примил во времето, од Пресвета Богородица. Несториј уште говорел дека Дева Марија не го родила Исус, туку го родила човекот Исус и затоа не го прифаќал името Богородица, а ја нарекувал човекородица или Христородица.[1]
Во работата на Соборот присуствувале 153 епископи.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.