Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Калидаса — индиски поет и драматург и еден од најпознатите писатели на санскрит.[1] Живеел најверојатно околу 400 година за време на Гупта царството.[1] Го сметале за еден од деветте драгоцености на дворот на кралот Викрамадитје. Неговите дела биле главно инспирирани од хинду митологијата и филозофијата.
Калидаса | |
---|---|
Споменик на Калидаса | |
Занимање | Поет |
Период | 4-5 век |
Жанр | Санскритска драма, Класична литература |
Предмет | Епска поезија, Пурана |
Значајни дела | Шакунтала, Викраморвашија, Малавикагнивитра, Малавика и Агнимитра |
Освен неговите дела, сѐ друго од неговиот живот со сигурност не може да се потврди.[2] Не се знае точно каде и кога живеел.[3] Според легендата, поетот бил познат по својата убавина, поради што во него се вљубила принцеза со која тој подоцна и се оженил. Но, според истата легенда, Калидаса не бил особено образован, па принцезата се срамела од неговата неукост и грубост. Бидејќи бил посветен верник на божицата Кали (неговото име во буквален превод значи слуга на Кали), тој ја повикал божицата во помош тогаш кога сакал да изврши самоубиство поради потсмевот на сопругата. Божицата му помогнала така што го наградила со особен ум. Тогаш, тој станал еден од деветте драгоцености на дворот. Според легендата тој бил на крај убиен од куртизана во Шри Ланка, за време на владеењето на Кумарадаса.
Неговите најпознати дела се: „Малавикагнивитра“, „Шакунтала“, „Викраморвашија“, „Малавика и Агнимитра“ и други.
Научниците шпекулирале околу местото на живеење на Калидаса; дали живеел блиску до Хималаите, во близина на Уџајин, или во Калинга. Овие шпекулации се засноваат главно на неговите детални описи на Хималаите во делото Кумарасамбхава; во приказот на неговата љубов кон градот Уџајин во делото Мегхадут; и во високо воспеваните описи на кралот Хемангат од Калинга, во шестото поглавие на Рагхувамши.
Санскритскиот научник Лакшми Дхар Кал (1891-1953 г.) и Кашмири Пандит, ја напишале книгата „Родно место на Калидаса“ (1926 г.), во која тие се обиделе да, на основа на неговите записи, го одредат местото на неговото раѓање. Заклучиле дека Калидаса е роден во Кашмир, и од таму се преселил на југ, барајќи покровителство од локалните владетели за сопствениот напредок. Калидасините записи кои послужиле како доказ за неговото место на раѓање биле неговите описи:[4][5]
Според народното предание, Калидаса изворно бил необразована личност. Се оженил за принцеза која го поттикнувала да проучува поезија за да подоцна стане голем поет. Друга легенда кажува дека тој го посетил Кумарадаса, кралот на Шри Ланка, каде поради некакво предавство бил убиен.[6]
Неколку древни и средновековни книги наведуваат дека Калидаса бил дворски поет на легендарниот крал Викрамадитја, кој владеел од престолнината Уџајин околу 1 век п.н.е. За него дел од историчарите тврдат дека тој не бил историска личност. Постојат неколку кралеви кои владееле од Уџајин, а кои го презеле името Викрамадитја, од кои најпознати биле Чандрагупта II (владеел 380-415 г.) и Јасодхарман (владеел во 6 век).
Најприфатена е теоријата дека Калидаса работел за време на владеењето на Чандрагупта II и, според тоа, живеел во периодот 4-5 век. Неколку западни научници, како Вилијам Џонс и А.Б. Кит, како и многу од индиските научници, на пример, Васудев Вишна Мираши и Рам Гупта, се сложуваат дека Калидаса живеел и творел во овој период.[7] Според оваа теорија, Калидаса творел и за време на Кумарагупта I (владеел од 414-455 г.) и за време на Скандагупта (владеел од 455-467 г.).[8][9]
Најраните палеографски докази за Калидаса биле најдени во санскритскиот натпис од околу 473 година, кој бил најден во Храмот на сонцето во градот Мандсаур. Името на Калидаса заедно со името на поетот Бхарави биле врежани во камен кој бил датиран од 634 година, во древното наоѓалиште Ајхоле (денес Карантака).[10]
Некои научници, како М. Сринивасачаријарар и Т.С. Нарајана Састри, сметаат дека сите трудови кои му биле припишувани на Калидаса не се дело на една личност. Според Сринивасачаријарар, писателите од 8 и 9 век, укажале на постоење на три познати книжевници кои се нарекувале Калидаса. Тоа биле: Девендра (авторот на Кави-калпа-лата), Рајашекар и Апхинанда. Састри, пак, како Калидаса ги наведувал следните автори:
Освен овие, Састри спомнува уште шест книжевни фигури под името Калидаса: Паримала Калидаса или Падмагупта (автор на Navasahasanka Charita); Калидаса или Јамакакавиј (автор на Nalodaya); Нава Калидаса (автор на Champu Bhagavata); Калидаса Акбари (автор на неколку загатки); Калидаса VIII (автор на Lambodara Prahasana) и Абхинава Калидаса или Матхава (автор на Sankshepa-Sankara-Vijayam).
Според К. Кришнамурти, зборовите Калидаса и Викрамадитја биле користени како заеднички имиња за било кој дворски поет и/или дворски покровител.[11]
Калидаса напишал три драмски дела од кои Абијнанасакунталам (За Шакунтала препознаена по токен) се смета за ремек дело. Тоа било прво санскритско дело кое било преведено на англиски, а после и на многу други јазици.[12]
Другите се:
Калидаса бил автор на две епски поеми: Рагувамса (Династијата Рагу) и Кумарасамбава (Раѓањето на Кумара или Субраманја).
Калидаса напишал две Кандакавјасе (мали поеми):
Монтгомери Скајлер Помладиот објавил библиографско издание и превод на драмата за Шакунтала во „Библиографија на Санскритски драми“.[13] Сер Вилијам Џоунс, во 1791 година, објавил англиски превод на Шакунтала, а Ртусамара како оригинален текст ја објавил во 1792 година.
Бројни се коментари за творештвото на Калидаса од различни научници. Меѓу најпознатите се коментарите на Колачала Малината Сури од 15 век (период на владеењето на вијајанагурскиот крал Деве Раје II), а најраните записи се од 10 век од кашмирскиот научник Валабхадев.[14] Голем број на санскритски поети Банабата, Јаједева и Рајасекара го воспевале Калидаса поради неговото творештво како еден од најголемите санскритски поети на сите времиња. Во бројните коментари на неговото творештво, сепак, се забележуваат знаци на промена на Калидасината поезија во однос на оригиналната, што се толкува со влијанијата на усното предание и бројните рачни копирања низ вековите.
Во Европа, едно од првите преведени дела на индиската книжевност било Абијнанасакунгален на Калидаса. Тоа било прво преведено на англиски, па на германски, и било фасцинантно прифатено меѓу познатите поети и книжевници во тоа време, како Хредер и Гете.[15]
Творештвото на Калидаса бил инспирација во уметничките кругови на Европа и во тек на доцниот XIX и раниот XX век.
Кудијатамската уметничка Натја Шастри Мани Мадава Чакјар (1899-1990 г.) направила кореографија и ги прикажувала популарните драмски дела на Калидаса.
Снимани се повеќе филмови кои се филмска обработка на повеќе дела на Калидаса. Од 1955 година, познат е филмот Махакави Калидаса, од 1983 година филмот Кавиратна Калидаса[16], а и двата се засновани на животот на индискиот поет. Во 1961 година бил снимен филмот Стри од В. Шантаран кој го преработил делото за Шакунтала. Во 1966 година бил снимен тамилскиот филм Махакави Клидас од режисерот Р. Р. Чандран, во кој улогата на поетот ја играл познатиот глумец Надигар Тилаган Савиј Ганесан, добитник на орденот Шевалие. Филмот Махакави Калидасу (Телугу 1960 г.) исто така бил заснован на животот и делото на Калидаса, со Акинен Нагесфара Роам во главната улога.
Од драмските претстави позната е Сурендра Верме на Атаван Сарга, изведувана 1976 година, која го прикажува животот на Калидаса како дворски поет Чандрагупта.
Астиј Кашчилд Вагартијам е драмско дело од пет чина кое го напишал Кришна Кумар (1984 г.) со тема од една од легендите за животот на Калидаса. Во оваа драма Калидаса е прикажан како личност со ментално ограничување од привремен карактер, кој неговата сопруга го протерува барајќи од него да се здобие со ученост и слава ако сака нивната врска да продолжи. Неговото враќање таа го условила со тоа што морал да одговори на прашањето: „Дали постои нешто посебно во изразот?“ на начин на кој неа ќе ја задоволи. По извесно време тој се стекнал со ученост и песничка слава. Калидаса тогаш ѝ одговорил така што ги почнал Кумарсамбава, Рагумвамса, и Мегадута со почетните зборови: Asti („постои“), Kashchit („нешто“) и Vāgarthah („искажан збор и негово значение“).
Во делото Калидас о рабиндронат, од Бишнупада Батачарје, била направена компаративна студија за Калидаса и поетот Рабиндранат Тагоре.
Калидаса имал големо влијание во целокупната индиска литература. Тој влијаел на познатиот поет Рабиндранат Тагоре, посебно на описите на монсуните во неговите поеми. Калидаса со своите драми влијаел на европската култура од крајот на 19 и почетокот на 20 век.[17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.