From Wikipedia, the free encyclopedia
Агрономија (од ст.грч. ἀγρός = „нива“ и νόμος = „закон“)[1] — наука и технолошка дисциплина што се занимава со одгледувањето и искористувањето на растенија за храна, гориво, ткаенини и мелиорација на земјиштето. Во нејзината дејност влегуваат проблематики како растителната генетика и физиологија, метеорологијата и науката за почвите. Како поле на активност, агрономијата претставува примена на повеќе науки како што се биологијата, хемијата, економиката, екологијата, геонауката и генетиката. Стручњаците што се занимаваат со агрономија се нарекуваат агрономи се занимаваат со производството на храна, создавање на поздрави храни, управување со влијанието на земјоделството врз животната средина и добивање на енергија од растенијата.[2] Поединечните агрономи имаат разни специјалности: плодоред, наводнување и одвод, расплодување на растенијата, растителната физиологија, класификација на почвите, плодноста, заштитата од плевел, инсекти и штетници итн.
Ова поле на агрономијата се занимава со слективно одгледување на растенијата со цел да се добијат најповолни одлики под извесни услови. Со ваквите методи научниците имаат постигнато значително зголемени приноси поголема хранлива вредност кај многу култури, меѓу кои пченката, сојата и пченицата. Покрај тоа, добиени се и нови сорти и типови на растенија, како што е хибридната житарка тритикале со вкрстување на ’ржта и пченицата. Културата тритикале содржи највеќе искористливи белковини, повеќе од ’ржта и пченицата. Агрономијата е од клучно значење и за развојот на методите на одгледување и производство на овошје и зеленчук. Агрономот има задача да се погрижи еден полјоделски или градинарски производ да ги задоволи следниве услови:
Агрономите се служаат со биотехнологија за да го подобрат и прошират развојот на пожелните особености кај културите.[3] Технолозите работат во лаборатории и вршат опити во контролирани услови, но и на самите полиња со цел да го испробаат растението и да го проследат неговиот развој.
Покрај зголемувањето на приносот, биотехнологијата сè повеќе се посветува на непрехранбени задачи. Значаен пример е прилагодувањето на маслодајни растенија за добивање на масни киселини за детергенти и како замена за горива и нафтени деривати — биогорива.
Друга задача на агрономијата е да изучува одржливи начини на искористување на почвата, која истовремено ќе биде поплодна и подоходовна. Тука спаѓа класификацијата на почвите и нивна репродукција, со цел да се утврди дали содржат супстанции неопходни за растенијата како што се соединенијата на азот, фосфор и калиум. Доколку некоја почва е сиромашна со некоја материја, тогаш истата се збогатува со ѓубрива. Науката за почвите го проучува движењето на хранливите материи во почвата, колку материи примаат корењата како и развојот на корењата и нивниот однос со почвата.
Агроекологијата се занимава со управувањето на земјоделски системи со посебен нагласок на екологијата.[4] Во потесна врска со неа се применетите дисциплини и практики како одржливото земјоделство, органско земјоделство, развојот на алтернативни системи на добивање на храна и други култури.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.