Економија — општествена наука што се занимава со изучување на употребата на органичените ресурси во задоволувањето на потребите на луѓето. Постарите дефиниции ја опишувале економијата како наука која се занимава со производството, распределбата, размената и потрошувачката на богатството.[1] Економијата се смета за позитивна кога се обидува да ги објасни последиците на различните избори во даден сет претпоставки и набљудувања, и нормативна кога препорачува одредена постапка што треба да се преземе.]
Економија |
Економија по региони |
Општи аспекти |
---|
Историја на економските теории |
Методологија |
Поведение · Информациска |
Специјалности и субспецијалности |
Развој · Раст · Историја |
Списоци |
Журнали · Публикации |
Економски идеологии |
![]() |
Гранки на економијата
Економската наука се дели на две основни гранки: микроекономија, што се фокусира на поединечните субјекти, како што се домаќинствата и претпријатијата, и макроекономија, што ја проучува економијата на една држава или регион во целост, земајќи ги предвид агрегатните големини поврзани со понудата и побарувачката за пари, капитал и стоки.
Поврзано
- Микроекономија
- Макроекономија
- Список на економисти
- Список на економски системи
- ММФ
- Политичка економија
- Понуда и побарувачка
- Економска политика
- сметководство
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.