Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Плодоред — наизменично засевање на исти земјишни површини со разни земјоделски култури[1]. Плодоредот претставува план за искористување на вегетационата средина (почвата), со одгледување на растенија со одреден редослед, како по време така и по простор[2]. По пат на плодоредот, вегетационата средина односно почвата, надворешните фактори кои ја сочинуваат таа средина се користат подобро, зашто со менување на културите се користат биолошките разлики меѓу одделни групи на култури и нивното заемно дејствие со самата почва.
Плодоредот како техника во поледелството и земјоделството воопшто опфаќа два елементи:
Времето низ кое една култура од плодоредот ги поминува сите парцели се вика ротација. По правило една ротација трае толкав период колку што е бројот на културите.
Уште поодамна со искуство е увидено дека, ако една иста земјоделска култура повеќе години се одгледува на исто место (монокултура) приносот опаѓа. Причините при одгледувањето во монокултура при што доаѓа до опаѓање на приносот има повеќе. Најчесто се смета дека една од примарните причини е таа што една иста култура ако се одгледува на стално место се јавува штетно влијание на материите што ги лачи коренот од таа култура. Тие материи од една култура имаат негативно или штетно влијание на самата култура во наредната година. Друга причина е што секоја култура различно влијае на структурата на почвата, осиромашување на почвата со органска материја, различно користење на минералните елементи, различен однос во користење на влага како и зголемена појава на болести, штетници и плевели. Структурата на почвата и обогатувањето на почвата со органски материи познато е дека некои култури влијаат на расипување на структурата, а други имаат способност да ја подобруваат. Со менување на културите како биолошко средство без други мерки може да се одржува плодноста на почвата. До колку се одгледуваат во монокултура заради еднострано користење на хранливите материи постои опасност, постепено доаѓа до осиромашување на почвата во некои елементи, додека со плодоредот заради разликите во користењето на хранливите елементи се одржува рамнотежа на минералните материи во почвата.
Значаен фактор на кој влијае плодоредот е заплевеноста. Монокултурата редовно носи интензивно заплевување. Тоа доаѓа од таму што плевелите со одредена култура прават растителна заедница, каде повеќето видови плевели се специјализирани за таа група на култури. Пример одредена група плевели е специјализирана за житни култури и тие својот развој го имаат прилагодено кон развојот на житата, па така ако житната култура се одгледува повеќе години на исто место нема биолошки фактори што ќе го редуцираат поинтензивното јавување на овие плевели, а од друга страна доколку постои смена на културите плевелите од претходната култура не опстојуваат во окопните, затоа што никнат во есен или напролет и се уништуваат со обработката.
Основните правила во плодоредот се:
При составувањето на плодоредот треба да се има предвид толеранцијата на културата за повторно одгледување на исто место. Меѓу културите кои имаат поголема толеранција на повторно одгледување на исто место се: пченката, оризот, 'ржта, компирот и други. Нетолерантни се шеќерната и добиточната репа бидеjќи се шират болести и штетници, како и црвената детелина, луцерката, грашокот, граор, сончогледот. Покрај овој принцип има правило за културите во плодоредот. По повеќегодишните легуминозни култури кои ја богатат почвата со азот, ја подобруваат структурата, по правило треба да дојдат култури кои бараат висока плодност како што е пченката, но не се препорачуваат житни култури затоа што полегнуваат. Треба да се менуваат житните култури со окопните но не се препорачува одгледување жито по жито или окопна по окопна
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.