Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јустин I (латински: Flavius Iustinus Augustus, старогрчки: Ἰουστίνος; 2 февруари 450 – 1 август 527) бил византиски владетел од 518 до 527. Тој се издигнал преку воените редови и последователно станал владетел и покрај фактот дека тој бил неписмен [1] и речиси 70 години стар во времето на наспедувањето на престолот. Неговото владеење било од големо значење за основањето на Јустинијановата династија од која бил дел неговиот познат внук Јустинијан I и за воспоставувањето на законите кои го онеспособиле влијанието на старото римско благородништво. Неговата сопруга била царицата Ефимија.
Јустин I | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиски цар | |||||
Тремиз од царот Јустин I | |||||
На престол | 518 – 1 август 527 | ||||
Претходник | Анастасиј I | ||||
Наследник | Јустинијан I | ||||
Роден(а) | 2 февруари 450 Бадеријана, близу Бадар (Скопско, Македонија) | ||||
Починал(а) | 1 август 527 (воз. 77 г.) | ||||
Сопружник | Ефимија | ||||
| |||||
Династија | Јустинова династија |
Јустин бил селанец и овчар по професија[2] од областа Дарданија, која е дел од Префектурата Илирик.[3] Тој е роден во Бедеријана близу Скупи (денешно Скопје, Македонија).[2][4] Тој бил од дако-римско или илиро-римско потекло,[5][6][7][8][9][10][11][12][13] и никогаш не научил да зборува повеќе од обичниот грчки јаик, како неговите придружници и роднини (Цимарх, Дитивист, Борајд, Бигленица, Сабациј и др.).[5][14] Неговата сестра Вигиланција (родена околу 455) се омажила со Сабациј и имале две деца: Јустинијан I (роден 483) и Вигиланција (родена околу 490), којашто се омажила со Дулкизим и им се родила Прајекта (родена околу 520), којашто се омажила со сенаторот Ареобинд и Јустин II (роден околу 520).
Како тинејџер, тој и двајца придружници избегале од барбарска инвазија, земајќи засолниште во Цариград без да поседуваат ништо повеќе од искинатите алишта на нивните грбови и торба леб. Јустин набргу се придружил на војската и поради неговата способност се издигнал до генерал под раководство на владетелот Анастасиј I. До моментот на смртта на Анастасиј I во 518, тој бил на влијателната позиција „комес ексубиторум“, командант на кралската гарда..[15]
Благодарение на неговата позиција раководејќи со единствените војници во градот и од тоа правејќи многу парични подароци, Јустин успеал да обезбеди избор за владетел во 518.
Војник со малку познавање од државното раководење, Јустин мудро се опкружил со негови верни надгледници. Најпознат од овие бил, секако, неговиот внук Флавиј Сабациј, кого го посвоил како негов син и вложувал во него под името Јустинијан.
Јустиновото владеење е важно за решавањето на Акакиевата шизма помеѓу источните и западните гранки на христијанската црква. Како одан католик, Јустин го изнел римското гледиште на прашањето за двојната природа на Исус и поопштиот принцип на римската надмоќ. Ова привремено источно одложување на западната црква не се случило.
Потпирајќи се на сметките на историчарот Прокопиј, многу често се зборува дека Јустинијан управувал со империјата во името на неговиот чичко за време на владеењето на Јустин. Сеедно, има многу докази кои го покажуваат спротивното. Информациите од „Тајната историја“ на Прокопиј биле објавени посмртно. Критичари на Прокопиј (чија работа открива човек сериозно разочаран со неговите владетели) ја отфрлиле неговата работа како сериозно пристрасен извор, исполнета со горчина и порнографија, но без други извори, критичарите не се во можност да појаснат некои од наводите во публикацијата. Сеедно, спротивно од „Тајната историја“, Јустинијан не бил назначен за наследник сè до една година пред Јустиновата смрт и тој потрошил 3,700 фунти злато за време на прославата во 520.[16]
Во 525, Јустин укинал зкон кој забранувал член од сенаторска класа да се жени со жена од пониска класа во општеството, вклучувајќи го и театарот, кој се сметал за скандалозен во тоа време. Тој потег го отворил патот на Јустинијан за да се ожени со Теодора, поранешна „нема глумица“ и резултирало со големи промени во старите класни разлики во царскиот дворец. Таа станала еднаква со Јустинијан, земајќи учество во владеењето со огромно влијание.
Подоцнежните години од владеењето на Јустин биле обележани со судири помеѓу империјата, Остроготите и Персијците. Во 536, Јустиновото здравје почнало да се влошува и формално го прогласил Јустинијан за ковладетел и на 1 април 527 како негов наследник. На 1 август истата година, Јустин умрел и бил наследен од Јустинијан.
Градот Анзарба бил преименуван Јустинопол во 525, во чест на Јустин I.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.