19 септември
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Предлошка:Септември 2025
19 септември — 262-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (263-и во престапна година). Остануваат 103 денови до крајот на годината.
Настани:
1985 | Катастрофален земјотрес со јачина од 8.1 степени според Рихтеровата скала го погодил Мексико. Во него загинале околу 10.000 луѓе, а материјалната штета е проценета на околу шест милиони долари. |
1992 | Во селото Стајковци, Скопско, е поставен и посветен камен-темелник на нова црква „Свети Кирил и Методиј“. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ). |
1996 | Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија. |
Родени:
1551 | Анри III — француски крал. |
1802 | Лајош Кошут — унгарски адвокат, новинар и политичар. |
1911 | Вилијам Голдинг — англиски писател. |
1922 | Емил Затопек — чехословачки атлетичар. |
1922 | Вили Пеп — американски боксер. |
1934 | Брајан Епстајн — англиски музички менаџер, познат со работата со Битлси. |
1936 | Ал Ертер — американски атлетичар. |
1938 | Гордан Михиќ — српски и југословенски сценарист. |
1941 | Кас Елиот — американска поп-пејачка, членка на групата Мамас енд папас. |
1947 | Виктор Ерофеев — руски писател. |
1949 | Сали Потер — англиска режисерка. |
1949 | Лесли Хорнбај — англиски модел. |
1952 | Најл Роџерс — американски музичар и продуцент. |
1953 | Дина Рубина — руско-израелска писателка. |
1958 | Лита Форд — американска рок пејачка. |
1996 | Дејвид Симан — англиски фудбалски голман. |
1966 | Андреј Луговој — руски политичар и стопанственик. |
1968 | Лила Даунс — мексиканска пејачка. |
1970 | Игор Исаковски — македонски поет. |
1970 | Сони Андерсон — бразилски фудбалер. |
1972 | Ашот Наданјан — ерменски шахист. |
1974 | Дамир Мулаомеровиќ — босанско-хрватски кошаркар. |
1981 | Дамијано Кунего — италијански велосипедист. |
1986 | Гералд Чолек — германски велосипедист. |
2000 | Јакоб Ингебригстен — норвешки атлетичар. |
2001 | Јарослава Махучих — украинска атлетичарка. |
Починале:
1881 | Џејмс Гарфилд — претседател на САД. |
1929 | Георги Баждаров — македонски револуционер. |
1941 | Аце Дорев — македонски револуционер. |
1942 | Рампо Левков - Левката — македонски борец и народен херој. |
1944 | Ѓоце Стојчевски - Амбарче — македонски борец и народен херој. |
1944 | Тодор Циповски - Мерџан — македонски борец и народен херој. |
1973 | Грем Парсонс — американски рок-музичар. |
1985 | Итало Калвино — италијански писател. |
2010 | Бади Колет — американски џез-музичар. |
2021 | Марина Туцаковиќ — српска авторка на текстови за песни. |
2021 | Џими Гривс — англиски фудбалер. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.