From Wikipedia, the free encyclopedia
Светското првенство во фудбал 1998 година било 16-тото Светско првенство во фудбал, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кои ги минале квалификациите. Првенството се одржало во Франција од 10 јуни до 12 јули 1998 година. Земјата-домаќин била избрана од страна на ФИФА по втор пат во историјата на натпреварувањето, совладувајќи го Мароко во процесот на наддавање. Така, Франција добила можност вторпат да го организира првенството (првиот бил во 1938 година), а по деветти пат тој се одржал во Европа. Ова било првото Светско првенство што се одржало под претседателство на Сеп Блатер. Со времетраење од 32 дена, ова бил најдолгиот мундијал во историјата.
Светско првенство во фудбал 1998 Coupe du Monde - France 98 | |
---|---|
Официјално лого | |
Податоци за првенството | |
Земја | Франција |
Екипи | 32 |
Финални резултати | |
Прво место | Франција (1. титула ) |
Второ место | Бразил |
Трето место | Хрватска |
Четврто место | Холандија |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 64 |
Постигнати голови | 169 (2.64 по натпревар) |
Гледачи | 2.784.687 (43.511 по натпревар) |
Голгетер | Давор Шукер (6 гола) |
Најдобар играч | Роналдо |
Најдобар млад играч | Мајкл Овен |
Најдобар голман | Фабиен Бартез |
Фер плеј награда | Англија Франција |
← 1994 2002 → |
Квалификациите започнале во март 1996 и завршиле во ноември 1997. Ова првенство било првото на кое групната фаза била проширена од 24 на 32 екипи, со осум групи од по четири екипи. Вкупниот број натпревари на турнирот биле 64, кои се одиграле на 10 стадиони во 10 градови домаќини, а воведниот и завршниот натпревар биле одиграни на новоизградениот Стад де Франс, во Сен Дени.
Титулата на ова првенство му припаднала на домаќинот, репрезентацијата на Франција, која во финалето го победила Бразил со резултат 3-0. Тоа била прва титула за Франција, со што тие станале седма земја која триумфирала на Светското првенство во фудбал и шестата нација на која тоа и успеало на домашно тло (по Уругвај, Италија, Англија, Западна Германија и Аргентина).
Одлуката за организаторот на светското првенство била донесена во јули 1992 година. Кандидати за организација на светското првенство биле: Франција, Мароко и Швајцарија. Во Цирих на 1 јули 1992 година, ФИФА и го доделила организаторството на Франција. Франција во гласањето го победила Мароко со 12 гласа наспроти 7. Швајцарија не ги исполнила потребните барања па поради тоа не била вклучена во гласањето.[1]
Резултати од гласањето[2] | |||
---|---|---|---|
Држава | Рунда 1 | ||
Франција | 12 | ||
Мароко | 7 |
Од вкупно 174 репрезентации колку се пријавиле за учество на светското првенство, 172 учествувале во квалификациите за завршниот турнир додека само Франција како организатор на турнирот и Бразил како актуелен шампион имале обезбедено учество на светското првенство. Останатите 30 репрезентации учеството го обезбедиле преку квалификациите.
Четири репрезентации за првпат се квалификувале на Светско првенство во нивната историја: Хрватска, Јамајка, Јапонија и Јужноафриканска Република. Иран и Тунис се квалификувале на СП по првпат после 1978 година, додека Парагвај и Данска првпат се квалификувале по 1986 година. Домаќинот Франција, исто така, се вратил на завршницата на светските првенства по 12 години (ги пропуштиле претходните две првенства). Меѓу поквалитетните репрезентации кој не успеале да се пласираат на првенството биле: Уругвај (кој пропуштиле второ првенство по ред) како и трето пласираната репрезентација на Светското првенство 1994 во САД - репрезентацијата на Шведска. Русија не успеала да се квалификува на првенството за првпат по 1978 година. Највисоко рангираната екипа што не се квалификувала била Чешка (рангирана на 3. место), додека најниско рангираната екипа која се квалификувала била Нигерија (рангирана на 74. место).
Репрезентација | Се квалификвале како: | Дата на квалификување | Конфедерација | Број на настапи | Последно учество на СП |
Најголем успех на СП |
---|---|---|---|---|---|---|
Франција | Домаќин | 1 јули 1992 | УЕФА | 10 | 1986 | Трето место (1958, 1986) |
Бразил | Бранител на титулата | 17 јули 1994 | КОНМЕБОЛ | 16 | 1994 | Победник (1958, 1962, 1970 и 1994) |
Мароко | Победник на групата Е во втората рунда на КАФ квалификациите | 26 април 1997 | КАФ | 4 | 1994 | Осминафинале (1986) |
Тунис | Победник на групата Б во втората рунда на КАФ квалификациите | 8 јуни 1997 | КАФ | 2 | 1978 | Групна фаза (1978) |
Јужна Африка | Победник на групата Ц во втората рунда на КАФ квалификациите | 16 август 1997 | КАФ | 1 | - | - |
Камерун | Победник на групата Д во втората рунда на КАФ квалификациите | 17 август 1997 | КАФ | 4 | 1994 | Четвртфинале (1990) |
Норвешка | Победник на групата 3 во УЕФА квалификациите | 20 август 1997 | УЕФА | 3 | 1994 | Осминафинале (1938) |
Романија | Победник на групата 8 во УЕФА квалификациите | 20 август 1997 | УЕФА | 8 | 1994 | Четвртфинале (1994) |
Холандија | Победник на групата 7 во УЕФА квалификациите | 6 септември 1997 | УЕФА | 7 | 1994 | Финале (1974 и 1978) |
Аргентина | Победник на КОНМЕБОЛ квалификациите | 10 септември 1997 | КОНМЕБОЛ | 12 | 1994 | Победник (1978 и 1986) |
Австрија | Победник на групата 4 во УЕФА квалификациите | 10 септември 1997 | УЕФА | 7 | 1990 | Трето место (1954) |
Бугарија | Победник на групата 5 во УЕФА квалификациите | 10 септември 1997 | УЕФА | 7 | 1994 | Четврто место (1994) |
Шпанија | Победник на групата 6 во УЕФА квалификациите | 24 септември 1997 | УЕФА | 10 | 1994 | Четврто место (1950) |
Мексико | Победник на 4. круг на КОНКАКАФ квалификациите | 5 октомври 1997 | КОНКАКАФ | 11 | 1994 | Четвртфинале (1970 и 1986) |
Нигерија | Победник на групата А во втората рунда на КАФ квалификациите | 8 октомври 1997 | КАФ | 2 | 1994 | Осминафинале (1994) |
Данска | Победник на групата 1 во УЕФА квалификациите | 11 октомври 1997 | УЕФА | 2 | 1986 | Осминафинале (1986) |
Англија | Победник на групата 2 во УЕФА квалификациите | 11 октомври 1997 | УЕФА | 10 | 1990 | Победник (1966) |
Германија[б 1] | Победник на групата 9 во УЕФА квалификациите | 11 октомври 1997 | УЕФА | 14 | 1994 | Победник (1954, 1974, 1990) |
Шкотска | Најдобра второпласирана репрезентација во УЕФА квалификациите | 11 октомври 1997 | УЕФА | 8 | 1990 | Групна фаза (7 пати) |
Парагвај | Второпласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите | 12 октомври 1997 | КОНМЕБОЛ | 5 | 1986 | Осминафинале (1986) |
Колумбија | Третопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите | 12 октомври 1997 | КОНМЕБОЛ | 4 | 1994 | Осминафинале (1990) |
Јужна Кореја | Победник на групата Б во втората рунда на АФК квалификациите | 18 октомври 1997 | АФК | 5 | 1994 | Групна фаза (1954, 1986, 1990 и 1994) |
САД | Второпласирани во 4. круг на КОНКАКАФ квалификациите | 9 ноември 1997 | КОНКАКАФ | 6 | 1994 | Трето место (1930) |
Јамајка | Третопласирани во 4. круг на КОНКАКАФ квалификациите | 9 ноември 1997 | КОНКАКАФ | 1 | - | - |
Саудиска Арабија | Победник на групата А во втората рунда на АФК квалификациите | 12 ноември 1997 | АФК | 2 | 1994 | Осминафинале (1994) |
Хрватска | Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите | 15 ноември 1997 | УЕФА | 1 | - | - |
Италија | Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите | 15 ноември 1997 | УЕФА | 14 | 1994 | Победник (1934, 1938, 1982) |
Белгија | Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите | 15 ноември 1997 | УЕФА | 10 | 1994 | Четврто место (1986) |
СР Југославија[б 2] | Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите | 15 ноември 1997 | УЕФА | 1 | - | - |
Чиле | Четвртопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите | 16 ноември 1997 | КОНМЕБОЛ | 7 | 1982 | Трето место (1962) |
Јапонија | Победник на плејофот во АФК квалификациите | 16 ноември 1997 | АФК | 1 | - | - |
Иран | Победник на плејофот АФК-ОФК | 29 ноември 1997 | АФК | 2 | 1978 | Групна фаза (1978) |
Следниве 32 репрезентации, се квалификувале за Светското првенство.
|
|
|
Германија, Италија, Аргентина, Шпанија, Романија и Холандија биле поставени за носители, заедно со бранителот на титулата Бразил и домаќинот Франција.
За првпат во историјата извлекувањето на групите било изведено на фудбалски стадион - тоа бил стадионот Велодром во Марсеј, на 4 декември 1997 година.
Шешир 1 | Шешир 2 | Шешир 3 | Шешир 4 |
---|---|---|---|
Форматот на натпреварување на првенството бил поинаков од оној на Светското првенство 1994 година бидејќи на овој мундијал се натпреварувале 32 репрезентации наместо претходните 24. Сите 32 репрезентации биле поделени во осум групи од по четири екипи. Победниците на групите, како и второпласираните продолжувале понатаму во осминафиналето. За разлика од првенствата кои се одржале во периодот помеѓу 1986 и 1994 година на овој турнир не постоела можност третопласираните екипи да поминат понатаму. Било уведено и правилото златен гол кое се применувало во случај кога регуларниот дел од натпреварот ќе завршел нерешено.
Почнувајќи од ова првенство, репрезентациите морале да патуваат од еден град во друг за да ги играат својте натпревари во групната фаза на натпреварувањето, бидејќи различни стадиони во различни градови биле домаќини на натпреварите од групите. Исто така, бил уведeн и електричниот семафор со кој четвртиот судија го покажувал надополнетото време и замените.
Мундијалот бил отворен со натпреварот меѓу Бразил и Шкотска, кој завршил со победа на бранителот на титулата со 2-1. Норвешка го напрвила најголемото изненадување во групата А со победата над Бразил со 2-1, во последното коло постигнувајќи два гола во завршницата од натпреварот за да дојдат до целосен пресврт. Таа победа им овозможила на норвежаните како второпласирани заедно со кариоките да минат понатаму во осминафиналето.
Италија без проблеми го освоила првото место во групата Б, а пак на Чиле му биле доволни и три нерешени натпревари за да мине во нокаут фазата. Откако пред четири години во финалето на претходното првенство, го промашил клучниот пенал сега Роберто Баџо ја спасил Италија од пораз против Чиле за конечни 2-2 во првиот натпревар одигран од оваа група. Австрија и Камерун, исто така, имале свој шанси да минат натаму но ремито во нивниот меѓусебен двобој ќе се покаже клучно за нивната елиминација. Исто така, Автрија на овој турнир поставила еден многу интересен куриозитет, постигнувајќи голови во самата завршница односно во судиското продолежние на секој од нивните три натпревари од групата.
Франција сигурно го освоила првото место во групата Ц, иако Зинедин Зидан во натпреварот против Саудиска Арабија (завршил 4-0 за французите) заработил црвен картон кој му донел два натпревари суспензија. Од таа група како второпласирана понатаму поминала Данска, откако Јужна Африка не успеала да ја совлада Саудиска Арабија во последното коло.
Нигерија била изненадувачки победник во групата Д (т.н. група на смртта), додека Шпанија била најголемото разочарување на турнирот не успевајќи да ја мине групната фаза. На старотот од турнирот шпанците биле поразени од Нигерија со 3-2 во фантастичен натпревар со многу пресврти, и натаму нивните шанси за понатамошен пласман биле сведени на чекање на резултатите од останатите натпревари. Така, за нив се покажало дека ниту најубедливата победа на турнирот со 6-1 над Бугарија не им била доволна да ја минат групната фаза, затоа што натаму покрај Нигерија минала селекцијата на Парагвај, која по нерешените резултати со Бугарија и Шпанија во првите две кола, ја совладала Нигерија во последното коло во кое Африканците сепак влегле со осигурено прво место во групата и пласман понатаму.
Од групата Е понатаму поминале репрезентациите на Холандија и Мексико. Мексико во двата натпревари во кои одиграл нерешено, губеле со два гола негатива и се спасувале од пораз (особено важно било враќањето против ), но и тоа било доволно за да поминат понатаму. Белгија, исто така, била близу да се пласира во осминафиналето но прокоцканото водство од 2-0 против Мексико и 1-0 во последното коло против Јужна Кореја и ја чинело елиминација и освојување на третото место со 3 бода (сите нерешени резултати), додека Јужна Кореја завршила последна во групата со само еден освоен бод.
Во групата Ф, доминирале репрезентациите на Германија и СР Југославија и многу лесно минале понатаму. Тие ги совладале својте соперници Иран и САД, а во нивниот меѓусебен двобој за првото место одиграле нерешено 2-2, иако СР Југославија водела со 2-0. Во натпреварот кој бил опишан како „мајка на сите натпревари“ и „најполитичкиот натпревар во историјата на Светското првенство“ Иран ги совладал САД со 2-1 и го освоил третото место во групата.
Благодарение на голот пред крајот на натпреварот, Романија ја победила Англија со резултат 2-1 и на тој начин осигурала голема предност во групата Г. Во последното коло тие само го потврдиле првото место во групата играјќи нерешено 1-1 со последнопласираниот тим во групата, репрезентацијата на Тунис, за кои ова бил прв и единствен бод на турнирот. Во натпреварот кој директно одлучувал која репрезентација ќе мине во осминафиналето како втора од оваа група, се сретнале Англија и Колумбија. Двете репрезентации во натпреварот влегле со 3 бода односно по една победа и пораз, а англичаните биле тие кој на крајот и се придружиле на Романија од оваа група во осминафиналето совладувајќи ја Колумбија со 2-0.
Аргентина со три победи и максимален учинок го освоила првото место во групата Х, во која освен нив играле уште три дебитанти на Светските првенства: Хрватска, Јапонија и Јамајка. Хрватска завршила втора славејќи победи над Јамајка и Јапонија во првите две кола, пред во директниот натпревар за првото место да потклекнат пред Аргентина, а во натпреварот без големо резултатско значење Јамајка ја победила Јапонија со 2-1 завршувајќи на третото место во групата.
Првиот ден од осминафиналето не донел изненадувања и фаворитите биле сигурни: Италија ја победила Норвешка со 1-0, додека Бразил убедливо го совладал Чиле со 4-1. Следниот ден, францускиот одбранбен играч Лоран Блан влегол во историјата на светските фудбалски првенства како првиот играч кој постигнал златен гол. Неговиот гол ја одвел Франција во четвртфиналето, откако ја елиминирале селекцијата на Парагвај (1-0 по продолженија) во оваа фаза. Данска неочекувано лесно ја победила во групната фаза одличната репрезентација на Нигерија со 4-1. Место во четвртфиналето обезбедила и Германија која направила пресврт против Мексико за ја надополни негативата од еден гол и да победи со 2-1, со голот на Оливер Бирхоф во самата завршница од натпреварот, а слично сценарио имал и натпреварот меѓу Холандија и СР Југославија, кој бил завршен со идентичен резултат 2-1 во корист на холанѓаните со голот на Едгар Давидс во последните секунди од натпреварот. Хрватска благодарение на голот од белата точка на Давор Шукер ја победила Романија со 1-0 и така изборила место во четвртфиналето, а дефинитивно најинтересниот натпревар во осминафиналната фаза го одиграле селекциите на Аргентина и Англија. На овој натпревар се видени четири гола во првото полувреме: најпрво биле досудени два контроверзни пенала за двете репрезентации кои во голови ги претвориле Габриел Батистута и Алан Ширер, а потоа тогаш осумнаесетгодишниот Мајкл Овен постигнал неверојатен гол за да ја доведе Англија во водство од 2-1. Сепак, во самата завршница на првото полувреме Аргентина израмнила со голот на Хавиер Санети, a потоа на стартот на вториот дел стекнале бројчана предност, откако Дејвид Бекам бил исклучен заради удирање на Диего Симеоне. Меѓутоа, и покрај тоа што имале играч помалку, англичаните играле многу храбро и постигнале погодок преку Сол Кембел кој бил поништен поради прекршок, па се стигнало до изведување пенали како би се одредил победникот. На крајот, Аргентина победила на пенали со 4-3 и станала последниот четвртфиналист.
Четвртфиналето донело судир на две репрезентации кои претендирале на највисок пласман, домаќинот Франција и трикратниот светски првак и финалист од претходното првенство репрезентацијата на Италија. Тактичкото надмудрување на двете екипи го одбележило натпреварот во кој сепак гол не бил виден во ниту една мрежа (0-0 по 120 минути игра), па морале да одлучат пеналите каде Франција била подобра со 4-3. Одлучувачка била последната петта серија кога ударот на Лујџи Ди Бјаџо завршил во пречката, додека за Франција прецизен бил Блан. Во многу возбудлив и интересен натпревар, бранителот на титулата Бразил на крајот сепак успеал да ја победи Данска со резултат 3-2. Иако данците повеле со 1–0 со раниот гол на Мартин Јоргенсен уште во втората минута, Бразил го свртел натпреварот во своја полза со головите на Бебето и Ривалдо. Бријан Лаудруп изедначил за Данска по 50 минути игра на 2-2, но победата на Бразил им ја донел Ривалдо со својот втор гол десеттина минути подоцна. Најголемото изненадување го направила Хрватска, совладувајќи ја Германија со високи и убедливи 3-0 со одлична и храбра игра. Испаѓањето на германците во четвртфиналето на ова и на претходното првенство, значело дека првпат во нивната репрезентативна историја тие не успеле да стигнат до полуфиналето на две првенства по ред. Натпреварот пак меѓу репрезентациите на Холандија и Аргентина бил многу груб и насилен; Холандија прва дошла во водство со голот на Патрик Клајверт, но само шест минути подоцна резултатот го изедначил Клаудио Лопес. Холанѓаните останале со играч помалку на теренот откако Артур Нуман бил исклучен во 76-тата минута за опасен старт над Диего Симеоне. Неколку минути пред истекот на 90-тата минута, и аргентинскиот репрезентативец Ариел Ортега заработил црвен картон за неспортско удирање на холандскиот голман Едвин ван дер Сар. Тоа скапо ја чинело Аргентина, па само две минути по исклучувањето на Ортега, Денис Бергкамп постигнал одличен погодок за водство на Орање од 2-1 и ја однел својата земја во полуфиналето.
Полуфиналето донело двобои меѓу Бразил и Холандија во првиот натпревар и Франција и Хрватска во вториот.
Во првиот полуфинален натпревар, Холандија со доцниот гол на Клајверт со глава успеала да го поништи водството на Бразил од почетокот на второто полувреме остварено со голот на Роналдо. По 90 минути натпреварот завршил нерешено 1-1, па се играле продолженија во кои не бил постигнат златен гол и така првото полуфинале станало третиот натпревар во нокаут фазата на овој турнир на кој пеналите го одлучиле победникот. Тоа била репрезентацијата на Бразил која славела на пенали со 4-2, во чији редови сите четворица изведувачи на пеналите биле прецизни, додека за Холандија кобни биле промашувањата на Филип Коку и Роналд де Бур.
На бразилците во финалето им се придружила репрезентацијата на Франција, која во второто полуфинале го победила најпријатното изненадување на мундијалот репрезентацијата на Хрватска. Иако хрватите први дошле до водство преку својот најдобар стрелец на ова првенство Давор Шукер, Франција брзо одговорила па радоста на хрватите траела многу кратко. Благодарение на нивниот одбранбен играч Лилијан Тирам, триколорите изедначиле само една минута подоцна по голот на Шукер, а дваесеттина минути подоцна повторно преку Тирам стигнале до целосен пресврт и победа со 2-1 над Хрватска во полуфиналето. Интересно е тоа што за Тирам ова биле неговите први голови во кариерата за репрезентацијата, а и останале единствените на неговата сметка кога тој решил да се повлече од националниот дрес во 2008 година.
Во натпреварот за третото место Хрвтска ја победила Холандија со 2-1 и на тој начин го комплетирала своето деби (како самостојна држава) од соништата на светските првенства. Давор Шукер го постигнал победничкиот гол во 35-тата минута, негов шести на првенството со кој си ја обезбедил златната копачка.[3] Тој бил стрелец во сите натпревари на Хрватска на турнирот освен во поразот со 1-0 од Аргентина во последниот натпревар од групата.
Првпат во историјатот на Светските првенства во финалето играле бранителот на титулата од претходното првенство и домаќинот на првенството. На првиот гол во финалето играно на Стад де Франс се чекало до 27-мата минута, кога Зинедин Зидан со силен и прецизен удар со глава и донел водство на Франција по корнерот од десната страна изведен од Емануел Пети. Истиот играч повтрорно со глава, по нафрлување повторно од корнер, го постигнал и вториот гол за Франција во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме за да и донесе комфорна предност на својата земја на полувремето.
Водството на французите од 2-0 на полувремето се чинело тешко достижно за Бразил во ова финале. Дури и кога Марсел Десаи бил исклучен во 68-мата минута поради груб прекршок над Кафу, Бразил не успеал да ја наметне својата игра која ги красела во другите натпревари на овој турнир и макар со играч повеќе на теренот не направиле доволен број на шанси за гол. На самиот крај од натпреварот, во третата минута од судиското продолжение играчот за врска Емануел Пети ја запечатил победата на домаќините на турнирот со трет гол во мрежата на јужноамериканците, откако добиената топка од неговиот соиграч од Арсенал Патрик Виера, успеал да ја смести во десниот долен агол од мрежата на Бразил.
Била тоа прекрасна вечер за домаќинот на првенството. Проценето е дека милион луѓе излегле на улиците во Париз за да ја прослават победата сè до раните утрински часови. Франција со ова станала седма држава на која и пошло од рака да го освои светското првенство, придружувајќи им се на Уругвај, Италија, Германија, Бразил, Англија и Аргентина. Исто така, тие биле шестата земја во историјата на мундијалите која го освоила првенството на домашен терен. За време на првенството Франција примила само два гола - рекорд кој подоцна бил изедначен од Италија (во 2006) и Шпанија (во 2010).
Турнирот се играл на 10 различни стадиони:
Сен Дени | Марсеј | Париз | Лион |
---|---|---|---|
Стад де Франс | Велодром | Паркот на принцовите | Жерлан |
48°55′28″N 2°21′36″E | 43°16′11″N 5°23′45″E | 48°50′29″N 2°15′11″E | 45°43′26″N 4°49′56″E |
Капацитет: 80,000 | Капацитет: 60,000 | Капацитет: 48,875 | Капацитет: 44,000 |
Ланс | |||
Стад Феликс Боларт | |||
50°25′58.26″N 2°48′53.47″E | |||
Капацитет: 41,300 | |||
Нант | |||
Стад де ла Божоар | |||
47°15′20.27″N 1°31′31.35″W | |||
Капацитет: 39,500 | |||
Тулуза | Сент-Етјен | Бордо | Монпелје |
Стад де Тулуза | Стад Жофроа Гишар | Парк Лескјур | Стад де ла Мосон |
43°34′59.93″N 1°26′2.57″E | 45°27′38.76″N 4°23′24.42″E | 44°49′45″N 0°35′52″W | 43°37′19.85″N 3°48′43.28″E |
Капацитет: 37,000 | Капацитет: 36,000 | Капацитет: 35,200 | Капацитет: 34,000 |
|
|
|
Првите два тима од секоја група се пласираат во осминафиналето.
Сите наведени времиња се според месното време во Франција, односно Средноевропското време (UTC+1).
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Франција | 9 | 3 | 3 | 0 | 0 | 9 | 1 | +8 |
2. | Данска | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 3 | 0 |
3. | Јужна Африка | 2 | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 6 | -3 |
4. | Саудиска Арабија | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 7 | -5 |
24 јуни 1998 | Франција | 2–1 | Данска | Лион |
---|---|---|---|---|
16:00 СРЕ (UTC+1) Историја на досегашните натпревари Франција - Данска |
Џоркаеф 12' (пен..) Пети 56' |
Извештај | 42' (пен..) М. Лаудруп | Стадион: Стад Жерлан Гледачи: 39,100 Судија: Пјерлујџи Колина |
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Германија | 7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 6 | 2 | +4 |
2. | СР Југославија | 7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 4 | 2 | +2 |
3. | Иран | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 4 | -2 |
4. | САД | 0 | 3 | 0 | 0 | 3 | 1 | 5 | -4 |
14 јуни 1998 | СР Југославија | 1–0 | Иран | Сент-Етјен |
---|---|---|---|---|
17:30 СРЕ (UTC+1) Историја на досегашните натпревари Србија и Црна Гора - Иран |
Михајловиќ 73' | Извештај | Стадион: Стад Жофроа Гишар Гледачи: 39,100 Судија: Алберто Техада |
Осминафинале | Четвртфинале | Полуфинале | Финале | |||||||||||
27 јуни – Париз | ||||||||||||||
Бразил | 4 | |||||||||||||
3 јули – Нант | ||||||||||||||
Чиле | 1 | |||||||||||||
Бразил | 3 | |||||||||||||
28 јуни – Сен Дени | ||||||||||||||
Данска | 2 | |||||||||||||
Нигерија | 1 | |||||||||||||
7 јули – Марсеј | ||||||||||||||
Данска | 4 | |||||||||||||
Бразил (п) | 1 (4) | |||||||||||||
29 јуни – Тулуза | ||||||||||||||
Холандија | 1 (2) | |||||||||||||
Холандија | 2 | |||||||||||||
4 јули – Марсеј | ||||||||||||||
Југославија | 1 | |||||||||||||
Холандија | 2 | |||||||||||||
30 јуни – Сент-Етјен | ||||||||||||||
Аргентина | 1 | |||||||||||||
Аргентина (п) | 2 (4) | |||||||||||||
12 јули – Сен Дени | ||||||||||||||
Англија | 2 (3) | |||||||||||||
Бразил | 0 | |||||||||||||
27 јуни – Марсеј | ||||||||||||||
Франција | 3 | |||||||||||||
Италија | 1 | |||||||||||||
3 јули – Сен Дени | ||||||||||||||
Норвешка | 0 | |||||||||||||
Италија | 0 (3) | |||||||||||||
28 јуни – Ланс | ||||||||||||||
Франција (п) | 0 (4) | |||||||||||||
Франција (прод.) | 1 | |||||||||||||
8 јули – Сен Дени | ||||||||||||||
Парагвај | 0 | |||||||||||||
Франција | 2 | |||||||||||||
29 јуни – Монпелје | ||||||||||||||
Хрватска | 1 | Трето место | ||||||||||||
Германија | 2 | |||||||||||||
4 јули – Лион | 11 јули – Париз | |||||||||||||
Мексико | 1 | |||||||||||||
Германија | 0 | Холандија | 1 | |||||||||||
30 јуни – Бордо | ||||||||||||||
Хрватска | 3 | Хрватска | 2 | |||||||||||
Романија | 0 | |||||||||||||
Хрватска | 1 | |||||||||||||
11 јули 1998 | Холандија | 1–2 | Хрватска | Париз |
---|---|---|---|---|
21:00 СРЕ (UTC+1) Историја на досегашните натпревари Холандија - Хрватска |
Зенден 22' | 14' Просинечки 36' Шукер |
Стадион: Паркот на принцовите Гледачи: 45,500 Судија: Епифанио Гонсалес |
Победник на Светското првенство во фудбал 1998 Франција 1. титула |
Златна копачка | Златна топка | Јашин награда | Фер Плеј награда | Најинтересна екипа |
---|---|---|---|---|
Давор Шукер | Роналдо | Фабиен Бартез | Англија Франција |
Франција |
Идеалниот тим е составен од 16 играчи за кој се смета дека најмногу импресионирале на Светското првенство 1998, а избран е од страна на FIFA's Technical Study Group.[5]
Голмани | Одбрана | Среден ред | Напаѓачи |
Фабиен Бартез Хосе Луис Чилаверт |
Роберто Карлос Марсел Десаи Лилијан Тирам Франк де Бур Карлос Гамара |
Дунга Зинедин Зидан Ривалдо Едгар Давидс Михаел Лаудруп |
Роналдо Давор Шукер Бријан Лаудруп Денис Бергкамп |
Светско првенство во фудбал 1998[6] | ||||||||||
Поз. | Репрезентација | Г | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Б |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Франција | Ц | 7 | 6 | 1 | 0 | 15 | 2 | +13 | 19 |
2 | Бразил | А | 7 | 4 | 1 | 2 | 14 | 10 | +4 | 13 |
3 | Хрватска | Х | 7 | 5 | 0 | 2 | 11 | 5 | +6 | 15 |
4 | Холандија | Е | 7 | 3 | 3 | 1 | 13 | 7 | +6 | 12 |
5 | Италија | Б | 5 | 3 | 2 | 0 | 8 | 3 | +5 | 11 |
6 | Аргентина | Х | 5 | 3 | 1 | 1 | 10 | 4 | +6 | 10 |
7 | Германија | Ф | 5 | 3 | 1 | 1 | 8 | 6 | +2 | 10 |
8 | Данска | Ц | 5 | 2 | 1 | 2 | 9 | 7 | +2 | 7 |
9 | Англија | Г | 4 | 2 | 1 | 1 | 7 | 4 | +3 | 7 |
10 | СР Југославија | Ф | 4 | 2 | 1 | 1 | 5 | 4 | +1 | 7 |
11 | Романија | Г | 4 | 2 | 1 | 1 | 4 | 3 | +1 | 7 |
12 | Нигерија | Д | 4 | 2 | 0 | 2 | 6 | 9 | −3 | 6 |
13 | Мексико | Е | 4 | 1 | 2 | 1 | 8 | 7 | +1 | 5 |
14 | Парагвај | Д | 4 | 1 | 2 | 1 | 3 | 2 | +1 | 5 |
15 | Норвешка | А | 4 | 1 | 2 | 1 | 5 | 5 | 0 | 5 |
16 | Чиле | Б | 4 | 0 | 3 | 1 | 5 | 8 | −3 | 3 |
17 | Шпанија | Д | 3 | 1 | 1 | 1 | 8 | 4 | +4 | 4 |
18 | Мароко | А | 3 | 1 | 1 | 1 | 5 | 5 | 0 | 4 |
19 | Белгија | Е | 3 | 0 | 3 | 0 | 3 | 3 | 0 | 3 |
20 | Иран | Ф | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 4 | −2 | 3 |
21 | Колумбија | Г | 3 | 1 | 0 | 2 | 1 | 3 | −2 | 3 |
22 | Јамајка | Х | 3 | 1 | 0 | 2 | 3 | 9 | −6 | 3 |
23 | Австрија | Б | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 4 | −1 | 2 |
24 | Јужна Африка | Ц | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 6 | −3 | 2 |
25 | Камерун | Б | 3 | 0 | 2 | 1 | 2 | 5 | −3 | 2 |
26 | Тунис | Г | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 4 | −3 | 1 |
27 | Шкотска | А | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 6 | −4 | 1 |
28 | Саудиска Арабија | Ц | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 7 | −5 | 1 |
29 | Бугарија | Д | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 7 | −6 | 1 |
30 | Јужна Кореја | Е | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 9 | −7 | 1 |
31 | Јапонија | Х | 3 | 0 | 0 | 3 | 1 | 4 | −3 | 0 |
32 | САД | Ф | 3 | 0 | 0 | 3 | 1 | 5 | −4 | 0 |
Официјалната маскота на турнирот бил „Футикс“ (изворно Footix), петел кој првпат бил претставен во мај 1996 година.[7] Создаден од графичкиот дизајнер Фабрис Пијало, Футикс бил избран во потесниот избор од пет маскоти.[8] Истражувањето спроведено во врска со изборот да се има петел како маскота покажале дека маскотата била многу добро примена: 91% од испитаниците го поврзале веднаш со Франција, традиционалниот симбол на нацијата.[7] Името Футикс, било избрано од француските телевизиски гледачи, а претставува синоним за фудбал („Foot“) со завршеток „ix“ кој доаѓа од популарниот стрип „Астерикс“.[7] Боите на маскотата ги рефлектираат знамето на земјата-домаќин и опремата со која настапува француската репрезентација - костумот е во сина боја, грбот во црвена а зборовите „Франција 98“ на костумот се обоени во бела боја.
Официјалната песна на Светското првенство во фудбал 1998 била The Cup of Life (изворно La Copa de la Vida, во превод на мак. Првенството на животот) во изведба на Рики Мартин.[9][10]
Топката за овој мундијал, била произведена од Адидас и именувана како „Триколоре“, што на француски значи „трибојно“.[11] Тоа била осмата топка на турнирите од Светското првенство која била изработена од германската компанија и била прва во серијата која била разнобојна.[12] Трибојното знаме и петелот, традиционални симболи на Франција биле користени како инспирација за дизајнот.[12]
Спонзорите на Светското првенство во фудбал се поделени во две категории: спонзори на Светското првенство во организација на ФИФА и спонзори-поддржувачи на француската репрезентација.[13][14]
Спонзори на Светското првенство | Спонзори на Франција |
---|---|
Во поголемиот дел од светот, официјалната видео игра била, World Cup 98 издадена од EA Sports на 13 март 1998 за Microsoft Windows, PlayStation, Nintendo 64 и Game Boy. Тоа била прва меѓународна фудбалска игра развиена од Електронски уметности откако ги добила правата од ФИФА во 1997 година и добила претежно поволни критики.[37][38][39]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.