From Wikipedia, the free encyclopedia
Енрике Мартин Моралес (шпански: Enrique Martín Morales[1], 24 декември 1971 , Сан Хуан, Порторико) или попознат како Рики Мартин (англиски: Ricky Martin) — порторикански пејач, текстописец и глумец кој се стекнал првичната слава со бендот Менудо, но по 1991 година ја продолжил својата кариера како соло пејач.
Рики Мартин Ricky Martin | |
---|---|
Родено име | Енрике Мартин Моралес |
Познат(а) и како | Рики Мартин |
Роден(а) | 24 декември 1971 |
Потекло | Сан Хуан, Порторико |
Жанрови | поп-музика |
Занимања | пејач, текстописец, глумец |
Период на активност | 1984–денес |
Издавачи | Columbia (1999-денес) Sony Music Norte (2003-денес) Sony Discos (1995-2003) Sony Music Mexico (1991-1995) |
Мреж. место | Ricky MartinMusic.com |
За време на неговата кариера тој продал повеќе од 60 милиони албуми во светот.[2] Тој исто така е основач на Фондацијата Рики Мартин (Fundación Ricky Martin) која е непрофитабилна хуманитарна организација.
Рики Мартин е роден на 24 декември 1971, во Сан Хуан во Порторико. Кариерата ја има започнато како член на латиноамериканската група Менудо, по што во 1990 започнал да гради своја соло кариера. Откако го завршил средното образование, го напуштил Сан Хуан и се пресели во Њујорк. Во САД кариерата ја започнува во неколку сапуници и театрии за своите глумечки способности во 1993 година ја има добиено наградата „Хералдо“.
Во 1994 година се преселил во Лос Анџелес. Во 1995, целосно се посветил на неговата пејачка кариера, издавајќи го неговиот трет албум. До 1998, се посветил на Бродвеј, за да истата година го издаде четвртиот албум кој постигнал платински тираж. На Светскиот ФИФА куп е избран да ја пее песната „Copa de la Vida“, неговиот прв светски познат хит.
Во 1999, Рики го издал првиот албум на англиски јазик. Како продуценти на албумот се јавиле Десмонд Чајлд, Даен Ворен и Вилијам Орбит, а Мадона се појавила како специјален гостин. Потоа се ределе хитови како „Livin' La Vida Loca“ која добила 7 пати платинест тираж со 22 милиони копии. Во ноември 2000, излегол англискиот албум „Sound Loaded“, кој ги донел хитовите „She Bangs“ и добропознатиот дует со Кристина Агилера „Nobody Wants to Be Lonely“. Рики веднаш се искачил на првите места на сите светски музички листи. Во 2001 Мартин го пушта албумот насловен „La Historia“, кој ги содржел неговите најдобри хитови испеани на шпански. Нешто подоцна, истиот албум „The Best of Ricky Martin“, препеан на англиски, е продаден во над милион примероци. Досега, Рики Мартин има продадено над 55 милиони примероци од своите албуми.[3]
Од светскиот магазин „People“ тој е номиниран за еден од најубавите мажи во светот. Тој, исто така е основач на Фондацијата Рики мартин, непрофитна организација која собира пари за сиромашните и болните.
На почетокот од својата кариера Рики Мартин тврдел пред медиумите дека е вљубен во мексиканската ТВ водителка Ребека де Алба, со која имал непостојана врска цели 14 години и наводно да ја побара за жена, но со излегувањето на албумот „Life“ тој потврдил дека неговата врска со Де Алба е прекината.[4] По ова, животот на Рики Мартин оди под микроскопот на медиумите и публиката, задирајќи во неговиот приватен живот и сексуалната ориентација. Сепак, тој ниту ги одбегнувал прашањата на новинарите, ниту пак одговарал на нив дека е хетеросексуалец, со што би ги запрел гласините дека е хомосексуалец.
Сепак за магазинот „Plus 7 Days“, тој изјавил:
„ | „Јас сум современ човек, живеам потполн живот, не чувствувам никакви бариери во себе. Современиот свет го сфаќам како отворен форум, каде ништо не е забрането, освен криминалните активности. Ако сум геј, зошто не би признал? Јас сум нормален маж, кој сака жени и секс. Јас сум вистински Порториканец со жешка крв, но никогаш не ме привлекувале мажи...“[5] | “ |
Како и да е, во март 2010 година Рики Мартин и офцијално објавил дека е хомосексуалец и дека е горд на тоа.
На 20 август 2008 година, Рики Мартин објавил дека станал татко на две момчиња-близнаци. Бебињата се родиле по пат на гестационална сурогација односно со помош на сурогат-мајка.[6] На 10 декември Мартин ги објави и имињата на бебињата Валентино и Матео. Моментално, Рики е повлечен од сцената, посветувајќи се целосно на своите деца.[7]
|
Ricky Martin Tour | (1992) |
Me Amaras Tour | (1993 - 1994) |
A Medio Vivir Tour | (1995 - 1997) |
Vuelve World Tour | (1998) |
Livin' la Vida Loca World Tour | (1999 - 2000) |
Una Noche Con Ricky Martin World Tour | (2005 - 2006) |
Black & White Tour | (2007) |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.