From Wikipedia, the free encyclopedia
Ривалдо Виктор Борба Фереира (роден 19 април 1972 , познат како Ривалдо) — поранешен бразилски фудбалер и претседател на фудбалскиот клуб Можи-Мирин од Бразил. Тој играл на позицијата играч за врска со напаѓачки задачи, а понекогаш и како втор напаѓач.
Ривалдо | |||
---|---|---|---|
Ривалдо во 2014 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Ривалдо Виктор Борба Фереира | ||
Роден на | 19 април 1972 | ||
Роден во | Паулиста, Бразилl | ||
Висина | м | 1,86||
Позиција | Среден ред со напаѓачки задачи | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1991–1992 | Санта Крус | 4 | (6) |
1992–1994 | Можи Мирим | 0 | (0) |
1993–1994 | → Коринтијанс (позајмен) | 19 | (11) |
1994–1996 | Палмеирас | 45 | (21) |
1996–1997 | Депортиво Ла Коруња | 41 | (21) |
1997–2002 | Барселона | 157 | (86) |
2002–2004 | Милан | 22 | (5) |
2004 | → Крузеиро (позајмен) | 11 | (0) |
2004–2007 | Олимпијакос | 70 | (34) |
2007–2008 | АЕК Атина | 35 | (12) |
2008–2010 | Бунјодкор | 53 | (33) |
2010–2011 | Можи Мирим | 0 | (0) |
2011 | → Саун Пауло (позајмен) | 30 | (5) |
2012 | Кабускорп | 21 | (11) |
2013 | Сао Каетано | 7 | (0) |
2014 | Можи Мирим | 7 | (1) |
Вкупно | 505 | (245) | |
Репрезентација ‡ | |||
1992–1993 | Бразил до 20 години | 9 | (1) |
1996 | Бразил до 23 години | 5 | (0) |
1993–2003 | Бразил | 74 | (34) |
* Ажурирано на: 1 октомври 2013 ** Ажурирано на: 20 април 2008 |
Тој поминал пет години во шпанскиот клуб Барселона, каде што оформил успешно партнерство со Патрик Клојверт и ја освоил шпанската лига во 1998 и 1999 како и кралскиот куп во 1998 година. Од 1993 до 2003 година, Ривалдо одигра 74 натпревари за репрезентацијата на Бразил и постигна 35 гола.[1] Тој му помогна на Бразил да стигне до финалето на Светското првенство во Франција во 1998 година, и да победи на Копа Америка во 1999 година, каде што беше именуван за најдобар играч на турнирот. Ривалдо беше делот од тимот заедно со Роналдо и Роналдињо на ФИФА Светското Првенство 2002 година во победничкиот тим. Тој беше именуван во Ол-Стар тимот на Светското првенство во 1998 година и 2002 година.
Тој е еден од повеќето вешти и креативни играчи од неговата генерација, Ривалдо беше познат по неговиот удар популарно наречен сув лист, по директниот слободен удар, техниката, шут од далечина, како и способност за постигнување гол и создавање гол шанса.[2][3] Во 1999 година, тој ја освои наградата Ballon d'Or и беше именуван за играч на годината на ФИФА.[4] Во 2004 година, тој беше именуван од страна на Пеле во ФИФА 100 списокот на најголеми живи фудбалери во светот.[5] Тој е дел од Бразилскиот Музејот на Фудбалот - Дом на славните. Во март 2014 година, Ривалдо го најави своето повлекување од професионалниот фудбал,[6] но во јуни 2015 година, тој имаше настап за Можи-Мирин. .[7] На 14 август 2015 година, тој најави дека враќањето е готово и дека тој повторно се повлекува; ова се должи на постојаните повреди.[8] Во 2015 година, тој дејствувал во иранскиот кино филм Не сум Салвадор .
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.