Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Норвешка е фудбалска репрезентација на Норвешка и е контролиран од страна на Норвешката фудбалска асоцијација, управен орган во норвешкиот фудбал. Домашен терен на Норвешка е стадионот Улевал во Осло и нивен моментален сечектор е Егил Олсен. На последната ранг список на ФИФА, Норвешка се наоѓа на 27-то место на најдобрите репрезентацијаови во светот.[1]
Сојуз | Норвешка фудбалска асоцијација | ||
---|---|---|---|
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Егил Олсен | ||
Капитен | Бреде Хангеланд | ||
Најмногу настапи | Јон Арне Рисе (109) | ||
Најдобар стрелец | Јерген Јуве (33) | ||
Домашен стадион | Улевал) | ||
ФИФА код | NOR | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 27 (февруари 2013) | ||
Највисок | 2 (октомври 1993) | ||
Најнизок | 59 (декември 2008) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Шведска 11 - 3 Норвешка (Гетеборг, Шведска; 12 јули 1908) | |||
Најголема победа | |||
Норвешка 12 - 0 Исланд (Берген, Норвешка; 28 јуни 1946) | |||
Најлош пораз | |||
Данска 7 - 0 Шкотска (Копенхаген, Данска; 7 октомври 1917) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 3 1938 | ||
Најдобар резултат | осминафинале 1998 | ||
Европско Фудбалско Првенство | |||
Учества | 1 (Првпат во во 2000) | ||
Најдобар резултат | 1-ва рунда, во 2000 |
Норвешка учествувала трипати на Светските првенства (во 1938, 1994 и 1998), и еднаш на Европско првенство (во 2000). Најголем успех на овие турнири им е осминафиналето на Светското првенство 1998 во Франција.
Резултатите на Норвешка во меѓународниот фудбал обично биле послаби од оние на нивните скандинавски соседи Шведска и Данска, но тие имале на златна доба во доцните 1930-тите. Олимписки тим достигнал до третото место на Олимпијадата во 1936-тата, по победата над домаќините Германија во почетокот на турнирот. Норвешка, исто така, се квалификувала за Светското првенство 1938, каде што загубила со 2-1 по продолженија од подоцнежниот шампион репрезентацијата на Италија. Ова испаднало да биде последното појавување на Норвешка на завршницата на Светските првенства во 56 години.
Во повоените години, па вклучувајќи ги и 1980-тите, Норвешка обично била сметана како еден од послабите државни репрезентации во Европа. Тие никогаш не се квалификувале за Светско или Европско првенство во овој период, и обично завршувале во близина на дното на квалификациската група. Сепак, Норвешка имала репутација на тим кој повремено може да направи некој шок-резултат, како на пример: победата со 3-0 над актуелниот европски првак Југославија во 1965 година, победата со 1-0 над Франција во 1968 година, и победата со 2-1 против Англија во 1981 година, што ја предизвикала познатата проповед на радио коментаторот Бјерге Лилелиен: "Вашите момчиња се победниците од пеколот" .
Норвежаните го имале својот најуспешен период од 1990 до 1998 година под водството на легендарниот тренер Егил Олсен. Заедно со зголемениот квалитет на норвешки играчи, на Олсен му бил даден целосен кредит за преземање на репрезентацијата на Норвешка и од анонимен тој го претворил во страшен противник, почитуван низ целиот свет. Својот врв го достигнале во средината на 90-тите години кога тимот бил рангиран дури на второ место на ранг-списокот на ФИФА. Олсен ја започнал својата тренерска кариера на клупата на Норвешка со победа од 6-1 дома над Камерун на 31 октомври 1990 година и завршил со неа на 27 јуни 1998 година, откако со пораз од 0-1 биле елиминирани од Италија во осминафиналето на Светското првенство 1998 во Франција.
На Светското првенство 1994 во САД, Норвешка испаднала уште во групната фаза по победата против Мексико, поразот од Италија и ремито со Република Ирска. На СП во Франција 1998, Норвешка била елиминирана од страна на Италија во осминафиналето по завршувањето на второто место во својата група, откако изиграле нерешено со Мароко и Шкотска и го победиле Бразил со 2-1.
Поранешниот тренер на младата репрезентација под 21-на година Нилс Јохан Семб го заменил Олсен кој планирал да се повлече од фудбалот. Под водство на Семб, Норвешка се квалификувала за Европското првенство 2000, кое останува нивниот последен настап на големо натпреварување. Семб поднел оставка по крајот на неуспешната квалификациска кампања во 2003 година, и бил заменет од страна на Аге Хареиде. Под водство на Хареиде, Норвешка била блиску до пласман на Светското првенство 2006 и на Евро 2008, но на крајот не успеа и во двата случаја. Потоа, во 2008 година, сето тоа се распадна, како Норвешка не успеала да добие ниту еден натпревар за целата календарска година. Хареиде поднел оставка кон крајот на 2008 година. Неговата замена, на почетокот на привремена основа, било враќањето на Егил Олсен, кој го започнал својот втор престој на клупата со победа против Германија, а потоа потпишал три-годишен договор.
Најдобриот натпревар на Норвешка во историјата е веројатно победата со 2-1 над Бразил на 23 јуни 1998 година (натпревар, пред кој Бразил веќе беа победници во групата). Иако губеле со 1-0 на седум минути, пред крајот Норвежаните со головите на Торе Андре Фло и Кјетил Рекдал од пенал, направиле целосен пресврт и славеле со 2-1. Норвешка е всушност единствениот тим во светот кој играл против Бразил и никогаш не загубил. Во својте четири натпревари на сите времиња против Бразил, Норвешка имаат две победи, и двапати натпреварите завршувале нерешено.
Светски првенства
|
Европски првенства
|
# | Играч | Кариера | Натпревари |
---|---|---|---|
1 | Јон Арне Рисе | 2000–денес | 109 |
2 | Торбјерн Свенсен | 1947–1962 | 104 |
3 | Хенинг Берг | 1992–2004 | 100 |
4 | Ерик Торстведт | 1982–1996 | 97 |
5 | Џон Карју | 1998–2011 | 91 |
6 | Ојвинд Леонардсен | 1990–2003 | 86 |
7 | Кјетил Рекдал | 1987–2000 | 83 |
8 | Бреде Хангеланд | 2002–present | 82 |
9 | Штефен Иверсен | 1998–2011 | 79 |
10 | Ерик Мјикланд | 1990–2000 | 78 |
# | Играч | Кариера | Голови | Натпревари | Просек |
---|---|---|---|---|---|
1 | Јерген Јуве | 1928–1937 | 33 | 45 | 0.73 |
2 | Ејнар Гундерсен | 1917–1928 | 26 | 33 | 0.79 |
3 | Харалд Хенум | 1949–1960 | 25 | 43 | 0.58 |
4 | Џон Карју | 1998–2011 | 24 | 91 | 0.26 |
5 | Оле Гунар Солшер | 1995–2007 | 23 | 67 | 0.34 |
Торе Андре Фло | 1995–2004 | 23 | 76 | 0.30 | |
7 | Гунар Торесен | 1946–1959 | 22 | 64 | 0.34 |
8 | Штефен Иверсен | 1998–2011 | 21 | 79 | 0.27 |
9 | Јан Аге Фјертофт | 1986–1996 | 20 | 71 | 0.28 |
10 | Од Иверсен | 1967–1979 | 19 | 45 | 0.42 |
Олав Нилсен | 1962–1971 | 19 | 62 | 0.31 | |
Ојвинд Леонардсен | 1990–2003 | 19 | 86 | 0.22 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.