Европско првенство во фудбал 2008

From Wikipedia, the free encyclopedia

Европско првенство во фудбал 2008

Европското првенство во фудбал 2008, често нарекувано само Евро 2008 е тринаесеттото Европско првенство во фудбал, најголем фудбалски турнир на кој учествуваат најдобрите фудбалски репрезентации од европскиот континент. Турнирот, чии домаќини беа Австрија и Швајцарија, започна на 7 јуни 2008 година и заврши со големото финале меѓу Шпанија и Германија, одиграно на Ернст Хапел стадионот во Виена на 29 јуни 2008, на кое шпанската репрезентација со голот на Фернандо Торес успеа да ја освои својата втора европска титула. На ова првенство, по вторпат улогата на домаќин ја имаат две земји. Репрезентацијата на Грција беше бранител на титулата.

Кратки факти Европско првенство во фудбал 2008 UEFA Euro 2008 Fußball-Europameisterschaft 2008 (германски)Championnat d'Europe de football 2008 (француски)Campionato europeo di calcio 2008 (италијански)Campiunadi d'Europa da ballape 2008 (германски) ...
Европско првенство во фудбал 2008
UEFA Euro 2008
Fußball-Europameisterschaft 2008 (германски)
Championnat d'Europe de football 2008 (француски)
Campionato europeo di calcio 2008 (италијански)
Campiunadi d'Europa da ballape 2008 (германски)

Thumb
Општо за првенството
Домаќин(и)  Австрија
 Швајцарија
      градови 8
      стадиони 8
Период на одржување 729 јуни 2008
Број на учесници 16
Распределба на медалите
Шампион  Шпанија
Второ место  Германија
Трето место  Русија
 Турција
Статистички податоци за првенството
Посетеност 1.140.902  (36.803 по натпревар)
Одиграно натпревари 31
Дадено голови 77  (2.48 по натпревар)
Најдобар стрелец Давид Виља (4 гола)
Најдобар играч Чави
Затвори

На турнирот учествуваат шеснаесет земји. Австрија и Швајцарија се квалификуваа автоматски како домаќини; останатите четиринаесет тимови беа избрани низ квалификациски циклус, кој отпочна од август 2006 година. Шпанија, како победник на Евро 2008 се пласира на Купот на Конфедерациите 2009, закажан да се одржи во Јужна Африка.[1]

Краток преглед

Квалификациите за Европското првенство во фудбал 2008 година отпочнаа во август 2006, само месец по завршувањето на Светското првенство од 2006 година. Во квалификацискиот циклус учествуваа сите репрезентации од европскиот континент со исклучок на Австрија и Швајцарија, кои се пласираа автоматски како домаќини, како и на репрезентацијата на Црна Гора, која предоцна беше признаена од УЕФА за да има право да учествува. Од досегашните девет европски фудбалски шампиони, само Данската репрезентација не успеа да ги помине квалификациите.

Ждребот кој се одржа на 2 декември 2007 веднаш ја даде групата на смртта во групата Ц, каде Италија, Франција, Романија и Холандија беа извлечени да се натпреваруваат за двете победнички места. Од друга страна, пак, Германија и Португалија добија релативно полесен ждреб, од причина што со ниту една од погоре спомнатите репрезентации не можеа да ја сретнат пред финалето, а уште една од големите репрезентации што овие две ја избегнуваа до самата завршница беше Шпанија.

Како најуспешни во фазата по групи се издвоија Хрватска, Холандија и Шпанија - сите се пласираа понатаму без изгубен бод. Без разлика на улогата на домаќини, Австрија и Швајцарија не успеаја да отидат понатаму, правејќи го Евро 2008 првото Европско првенство во кое ниту еден од домаќините не успеал да стигне до четврфиналето. Еден од највозбудливите натрпевари по групи се одигра во последниот меч од групата A, каде Турската фудбалска репрезентација (која мораше да победи за да се пласира понатаму) успеа да ја совлада репрезентацијата на Чешка иако до 75-та минута губеше со 2-0. Истиот натпревар го обележа една некарактеристична грешка на еден од најдобрите светски голмани - Петр Чех - кој, испуштајќи ја топката од своите раце на неколку минути пред крајот му овозможи на турскио напаѓач Нихат Кахвечи да го израмни резултатот; само две минути подоцна, истиот играч им ја обезбеди победата на Турција со прекрасен погодок на самиот истек од последната минута на натпреварот. Во судиското продолжение, голманот на турската репрезентација Волкан Демирел доби црвен картон откако неразумски го турна чешкиот напаѓач Јан Колер. Турците, со победата, и се придружија на репрезентацијата на Португалија како двете квалификувани репрезентации од група A. Во групата Б, Хрватска беше репрезентацијата што прва обезбеди пласман откако во второто коло ја совлада Германија која последната сламка на спасот ја фати совладувајќи ја Австрија во последниот натпревар од групата со прекрасен гол на Михаeл Балак од слободен удар. Во групата Ц, Франција беше репрезентацијата што не успеа да продолжи понатаму, неславно завршувајќи го својот настап со само еден освоен бод од ремито со Романија на првиот натпревар. Покрај Холандија, која ги освои сите бодови, и Италија се пласира во четврфиналето, откако во последниот натпревар ја совлада токму Франција со 2-0, во натпревар што беше реприза на финалето од 2006. Во групата Д, пак, бранителот на европската круна - Грција - не успеа да ја повтори играта од пред четири години и турнирот го заврши неславно како единствена репрезентација без ниту еден освоен бод. За разлика од неа, Русија успеа да ѝ се приклучи на Шпанија во четврфиналето, откако успеа да ја победи Шведска во еден одличен натпревар со 2-0 во решавачкиот меч од групната фаза.

Во четвртфиналето, Португалскиот тим не успеа соодветно да го испрати својот тренер Луиз Фелипе Сколари кој уште на средината на првенството ја прифати тренерската позиција во тимот на Челси, откако беше поразен во еден возбудлив натпревар од Германија. Турција, која по победите над Чешка и Швајцарија (ја совлада, исто така, со гол во 92та минута) се здоби со титулата Кралеви на пресвртот, потполно го оправда својот епитет и во натпреварот со Хрватска - откако натпреварот заврши 0-0 во регуларниот дел, Хрватите успеаја да поведат во претпоследната минута од второто продолжение со голот на Иван Класниќ; и кога сите мислеа дека е сѐ готово, веќе и по истекот на минутата продолжение, преку Семих Шентурк, Турците обезбедија пенали, преку кои стигнаа во полуфиналето, откако Хрватите промашија три од своите четири пенали. Во третото четвртфинале, холандскиот тренер Гус Хидинк ја однесе Русија меѓу четирите најдобри репрезентации во Европа, откако со два гола во второто продолжение од петнаесет минути ја порази токму Холандија - до овој натпревар сметана за главен фаворит за освојување на титулата; во регуларниот дел, натпреварот заврши 1-1, откако Холанѓаните израмнија на пет минути пред крајот на натпреварот. Последното четвртфинале меѓу Италија и Шпанија не донесе посебно возбудлив фудбал и по 120 минути игра без голови, пеналите беа тие што одлучија за четвртиот патник во полуфиналето - Шпанија.

Во првото полуфинале, Турција не успеа да направи уште едно големо изненадување и беше победена од Германија со нејзиниот сопствен рецепт. Натпреварот турската репрезентација го почна со севкупно 13 играчи - дури 9 им беа суспендирани или повредени. Па сепак, токму Турција покажа подобра игра во првото полувреме и токму таа поведе со 1-0, за само четири минути подоцна Бастијан Швајнштајгер да го израмни резултатот. Во 79та минута, Германија поведе со 2-1, но, на општо изненадување, Турција успеа да се стабилизира и израмни на 2-2 на само четири минути пред крајот. Сепак, во последната минута од регуларниот дел на натпреварот, Германија, преку Филип Лам го обезбеди своето шесто финале на Европските првенства. Поради страшно невреме во Австрија, телевизискиот пренос од овој натпревар беше обременет со прекини, кои му оневозможија на половина свет да го види вториот гол на Германија. Во второто полуфинале, пак, Шпанија убедливо ја совлада Русија со три нула, откако на полувреме натпреварот заврши 0-0. Чави, Даниел Гуиза и Давид Силва беа стрелците што ѝ овозможија пласман на Шпанија во финалето по 24 години фудбалски пост.

Токму Шпанија успеа да ја освои титулата на ова Европско првенство откако во финалето прикажа подобра игра и заслужено ја совлада репрезентацијата на Германија. Клучниот момент се случи во 33та минута, кога недоразбирањето меѓу Филип Лам и Јенс Леман успеа да го искористи шпанскиот напаѓач Фернандо Торес и со една лукава реакција да го постигне и одлучувачкиот гол на финалето.

Избирање на домаќинот

Австрија и Швајцарија заеднички се понудија да го организираат првенството и се соочија силна конкуренција во Грција/Турција, Шкотска/Ирска, Русија, Унгарија, Хрватска/Босна и Херцеговина, како и четирикратната скандинавска комбинација Норвешка/Шведска/Данска/Финска. Австрија се обиде да ја добие организацијата и на Евро 2004 кога конкурираше заедно со Унгарија, но беше поразена од Португалија.

По прелиминарното гласање, Австрија/Швајцарија, Грција/Турција, и Унгарија останаа во трка. Грција и Турција отпаднаа први, па Унгарија и Австрија/Швајцарија останаа да го водат последниот двобој.

Победата на Австрија и Швајцарија го означи второто здружно организирано Европско првенство по Евро 2000 чии домаќини беа Белгија и Холандија. Првенството во 2012 што ќе се одржува во Полска и Украина било третото европско првенство со повеќе од еден домаќин.

Стадиони

Турнирот се игра на 8 стадиони сместени во двете земји - четири во Австрија и четири во Швајцарија. Секој стадион има капацитет од барем 30,000; најголем меѓу нив е Ернст-Хапел-Штадионот во Виена со вкупно 53,295 места.[2] Токму поради оваа причин, на овој стадион ќе се игра финалето. Швајцарија сите свои натпревари во групата ќе ги игра на Сент Јакоб-Парк стадионот во Базел, каде исто така се играше и мечот на отворањето како компензација за финалето. Австриската репрезентација сите натпревари ги играше на Ернст-Хапел-Штадион.

Во 2004 година, стадионот во Цирих беше проблематичен за организаторите. Првенствено стадионот Хардтурм требаше да биде реновиран но низа правни одлучки ја оддолжија градбата до степен што истиот беше оневозможен да се користи за првенството од 2008. Проблемот се состоеше во тоа што договорот меѓу УЕФА и земјите-домаќини предвидувал употреба на четири стадиони во секоја од земјите. Сепак, сѐ беше решено кога организаторите предложиле да се реновира стадионот Летцигрунд; УЕФА го одобри планот во 2005 година. Првиот натпревар на реновираниот Летцигрунд се одигра на 23 септември 2007.[3]

Повеќе информации Австрија, Виена ...
 Австрија
Виена Клагенфурт Салцбург Инсбрук
Ернст-Хапел-Штадион
Капацитет: 53 295
Хипо-Арена
Капацитет: 31 957
Валс-Зиценхајм-Штадион
Капацитет: 31 020
Тиволи Ној
Капацитет: 31 600
Thumb Thumb Thumb Thumb
3 натпревари од Група Б
2 четвртфиналиња
полуфинале и финале
3 натпревари од Група Б 3 натпревари од Група Д 3 натпревари од Група Д
Thumb
 Швајцарија
Базел Берн Женева Цирих
Сент Јакоб-Парк
Капацитет: 42 000
Стад де Сис Ванкдорф
Капацитет: 31 907
Стад де Женев
Капацитет: 31 228
Летцигрунд
Капацитет: 30 000
Thumb Thumb Thumb Thumb
3 натпревари од Група A
(вклучувајќи го и мечот на отворањето)
2 четвртфиналиња и
полуфинале
3 натпревари од Група Ц 3 натпревари од Група A 3 натпревари од Група Ц
Затвори

Трофеј, топка, маскоти, слоган

Адидас во соработка со Бајер-материјали ја произведе топката со која се играат натпреварите на првенството. Нејзиното име е „Европас“ (EUROPASS). Основната бела боја прошарана со црни полиња асоцира на изгледот на традиционалната фудбалска топка, а меѓу прикажаните детали се и логото на турнирот како и знамињата на домаќините. Секоја топка што ќе се користи на поединечните натпревари врз себе има испишано дата, име на градот, име на стадионот како и на спротивставените репрезентации.

Официјалните маскоти на Европското првенство во фудбал 2008 се Трикс и Фликс чии имиња беа избирани од публиката, во конкуренција на Трикс и Фликс, беа имињата Зиги и Заги, и Флитз и Блитз. Трикс и Фликс се браќа-близнаци ви црвено-бели дресови (боите на знамињата на Австрија и Швајцарија). Броевите на нивните дресови се „20“ и „08“ - заедно даваат „2008“. Црвената коса потсетува на логото првенството, а нејзиниот изглед на стрмнините на алпските планини. За дизајнот на маскотите се погрижи познатото холивудско студио Браќа Ворнер (Warner Bros. Consumer Products). Официјална песна на првенството е „Дали ме слушаш“ (Can You Hear Me) и истата ја пее Енрике Иглесијас.

Победниците на Евро 2008 ќе добијат и нов трофеј. Новата верзија на класичниот трофеј на Анри Делене, создадена од Аспреј Лондон[4], е безмалку истоветна реплика на оригиналната верзија дизајнирана од Артус-Бертран. Мермерната основа и една мала фигура што жонглира на позадината на трофејот се отстранети од него. Сребрениот постамент на трофејот морало да биде зголемен за да се задржи неговата стабилност. Имињата на досегашните победници кои досега беа сместени на основата, сега се испишани на задниот дел од самиот трофеј. Истиот е направен од чисто сребро и тежи околу осум килограми, а висок е шеесетина сантиметри.

Слоганот за Евро 2008 беше избран на 24 јануари 2007 и истиот гласи Очекувајте емоции (Expect Emotions.)

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини рече дека слоганот "накратко го опишува токму она што УЕФА Евро 2008 може да го понуди: секакви видови чувства – радост, разочарување, утеха или возбуда – сѐ до последниот свиреж."[5]

Квалификации

Ждрепката за квалификациите се одржа на 27 јануари 2006 године во Монтре, Швајцарија во 12:00 часот по средноевропско време.

Самите квалификации започнаа само еден месец по завршетокот на Светското првенство одржано во Германија истата година.

Форматот на квалификациите беше променет. Овој пат, и победникот и второпласираниот од сите седум групи се пласираа директно на Европско првенство без играње на бараж. Шест групи имаа по 7 тимови, а групата А - 8.

Квалификувани репрезентации

Повеќе информации Држава, Квалификувана како ...
ДржаваКвалификувана какоОсигуран пласман наПреглед на учеството на минатите турнири1
 Австрија00Домаќин0012 декември 200201 (прв пласман)
  Швајцарија01Домаќин0112 декември 200221 (1996, 2004)
Полска02Победник во група А0917 ноември 200700 (прв пласман)
Португалија03Второпласирана во група А1421 ноември 20074 (1984, 1996, 2000, 2004)
Италија04Победник во група Б0617 ноември 200760 (1968, 1980, 1988, 1996, 2000, 2004)
Франција05Второпласирана во група Б0717 ноември 200781 (1960, 1964, 1968, 1984, 1992, 1996, 2000, 2004)
 Грција06Победник во група Ц0317 октомври 200723 (1980, 2004)
 Турција07Второпласирана во група Ц1221 ноември 200722 (1996, 2000)
Чешка Република08Победник во група Д0517 октомври 200762 (19602, 19762, 19802, 1996, 2000, 2004)
Германија09Второпласирана во група Д0213 октомври 20079 (19723, 19763, 19803, 19843, 19883, 1992, 1996, 2000, 2004)
Хрватска10Победник во група Е0817 ноември 200720 (1996, 2004)
 Русија11Второпласирана во група Е1521 ноември 20078 (19604, 19644, 19684, 19724, 19884, 19925, 1996, 2004)
Шпанија12Победник во група Ф1117 ноември 200771 (1964, 1980, 1984, 1988, 1996, 2000, 2004)
Шведска13Второпласирана во група Ф1321 ноември 200730 (1992, 2000, 2004)
 Романија14Победник во група Г0417 октомври 200731 (1984, 1996, 2000)
Холандија15Второпласирана во група Г1017 октомври 200770 (1976, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004)
Затвори
1 Задебелената година го означува шампионот во соодветната година
2 како Чехословачка
3 како Западна Германија
4 како Советски Сојуз
5 како Заедница на независни држави

Ждреб

Thumb
Конечен пласман на земјите-учесници на Евро 2008

Ждрепката за групите се одржува на 2 декември 2007 година во Луцерн, во Швајцарија. Пред извлекувањето, репрезентациите се поделена во четири „шешири“ (групе) (од кој во секој по четири екипи) според ранг-списокот на УЕФА. Самата ранг-листа е направена врз основа на резултатите од последните два квалификациски циклуси за големите натпреварувања. Единствен исклучок е Германија, која, како домаќин, не играше квалификации за Светското првенство во 2006. Светскиот вицешампион Франција, поради лошите и неубедливи игри е ставена во четвртиот шешир, а Холандија го доби највисокиот коефициент од сите репрезентации.

Идејата на организаторите е самите групи да бидат извлечени од капитените на екипите кои во минатото биле европски шампиони; оттука, на ждрепката учествуваат неколку големи фудбалски имиња.

  • Џани Инфантино, домаќин на ждребот.
  • Петер Шмајхел, извлекува од шешир 1.
  • Јирген Клинсман, извлекува од шешир 2.
  • Дидје Дешан, извлекува од шешир 3.
  • Теодорос Загоракис, извлекува од шешир 4.
  • Бернард Диц, ја извлекува група А.
  • Антон Одрус, ја извлекува група Б.
  • Франц Бекенбауер, ја извлекува група Ц.
  • Дино Ѕоф, ја извлекува група Д.

Домаќините на првенството Австрија и Швајцарија се носители. Одредено е носител на групата А да биде Швајцарија, а на групата Б - Австрија. Покрај домаќините, во првиот шешир сместени се уште и Грција, како бранител на трофејот и Холандија, како репрезентација со највисок УЕФА коефициент.

Распоред на репрезентациите по шешири

Повеќе информации Шешир 1, Шешир 2 ...
Шешир 1 Шешир 2 Шешир 3 Шешир 4
Затвори

Процедурата на ждрепката е таква што прво се извлечени носителите на групите Ц и Д, а потоа и селекциите од останатите шешири.

Судии

Дванаесет судии и дваесет и четири асистенти се одбрани да го водат Европското првенство:[6]

Повеќе информации Фудбалска асоцијација, Судија ...
Фудбалска
асоцијација
Судија Асистенти
 Австрија Конрад Плауц Егон Беројта Маркус Маир
 Белгија Франк де Блекере Петер Херманс Алекс Ферстретен
 Англија Хауард Веб Дерен Кен Мајк Маларки
 Германија Херберт Фандел Карстен Кадах Фолкер Вецел
 Грција Кирос Васарас Димитрис Бозарцидис Димитрис Сараидарис
 Италија Роберто Розети Алесандро Гризели Паоло Калкањо
 Холандија Питер Финк Адриаан Иниа Ханс тен Хоове
 Норвешка Том Хенинг Евребе Геир Оге Холен Јан Петер Ранден
 Словачка Љубош Михељ Роман Слишко Мартин Балко
 Шпанија Мануел Мехуто Гонсалес Хуан Карлос Јусте Хименес Хесус Калво Гуадамуро
 Шведска Петер Фрејдфелт Стефан Витберг Хенрик Андрен
 Швајцарија Масимо Бусака Матијас Арне Стефан Киа
Затвори

Групи

Група А

Повеќе информации Тим, Нат. ...
Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
Португалија 320153+26
 Турција 32015506
  Швајцарија 31023303
Чешка Република 310246-23
Затвори
Повеќе информации Швајцарија, 0 - 1 ...
7 јуни 2008
18:00
Швајцарија   0 - 1 Чешка Република Сент Јакоб=Парк, Базел
Публика: 39,730
Судија: Роберто Розети Италија
Сверкош гол 71'
Затвори

Повеќе информации Португалија, 2 - 0 ...
7 јуни 2008
20:45
Португалија 2 - 0  Турција Стад де Женев, Женева
Публика: 29.106
Судија: Херберт Фандел Германија
Пепе гол 61'
Мејрелеш гол 93'
Затвори

Повеќе информации Чешка Република, 1 - 3 ...
11 јуни 2008
18:00
Чешка Република 1 - 3 Португалија Стад де Женев, Женева
Публика: 29.016
Судија: Кирос Васарас Грција
Сионко гол 17'
Деко гол 8'
Роналдо гол 63'
Кварежма гол 90+1'
Затвори

Повеќе информации Турција, 2 - 1 ...
11 јуни 2008
20:45
Турција 2 - 1   Швајцарија Сент Јакоб-Парк, Базел
Публика: 39.730
Судија: Лубош Михељ Словачка
Семих гол 8'
Арда гол 90+2'
Јакин гол 32'
Затвори

Повеќе информации Швајцарија, 2 - 0 ...
15 јуни 2008
20:45
Швајцарија   2 - 0 Португалија Сент Јакоб-Парк, Базел
Публика: 29.730
Судија: Конрад Плауц Австрија
Јакин гол 71' гол 83' (пен..)
Затвори

Повеќе информации Турција, 3 - 2 ...
15 јуни 2008
20:45
Турција 3 - 2 Чешка Република Стад де Женев, Женева
Публика: 29.016
Судија: Петер Фројдфелд Шведска
Арда гол 75'
Нихат гол 87' гол 89'
Колер гол 34'
Плашил гол 62'
Затвори

Група Б

Повеќе информации Тим, Нат. ...
Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
Хрватска 330041+39
Германија 320142+26
 Австрија 301213-21
Полска 301214-31
Затвори
Повеќе информации Австрија, 0 - 1 ...
8 јуни 2008
18:00
Австрија 0 - 1 Хрватска Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 51.428
Судија: Питер Финк Холандија
Модриќ гол 4' (пен.)
Затвори

Повеќе информации Германија, 2 - 0 ...
8 јуни 2008
20:45
Германија 2 - 0 Полска Хипо-Арена, Клагенфурт
Публика: 30.461
Судија: Том Хенинг Еврбе Норвешка
Подолски гол 20' гол 72'
Затвори

Повеќе информации Хрватска, 2 - 1 ...
12 јуни 2008
18:00
Хрватска 2 - 1 Германија Хипо-Арена, Клагенфурт
Публика: 30.461
Судија: Франк де Блекере Белгија
Срна гол 24'
Олиќ гол 62'
Подолски гол 79'
Затвори

Повеќе информации Австрија, 1 - 1 ...
12 јуни 2008
20:45
Австрија 1 - 1 Полска Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 51.428
Судија: Хауард Веб Англија
Вастиќ гол 90+3' (пен.) Гереро гол 30'
Затвори

Повеќе информации Полска, 0 - 1 ...
16 јуни 2008
20:45
Полска 0 - 1 Хрватска Хипо-Арена, Клагенфурт
Публика: 30.461
Судија: Кирос Васарас Грција
Класниќ гол 53'
Затвори

Повеќе информации Австрија, 0 - 1 ...
16 јуни 2008
20:45
Австрија 0 - 1 Германија Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 51.428
Судија: Мануел Мехуто Гонсалес Шпанија
Балак гол 49'
Затвори

Група Ц

Повеќе информации Тим, Нат. ...
Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
Холандија 330091+89
Италија 311134-14
 Романија 302112-12
Франција 301216-51
Затвори
Повеќе информации Романија, 0 - 0 ...
9 јуни 2008
18:00
Романија 0 - 0 Франција Летцигрунд, Цирих
Публика: 30.585
Судија: Мануел Мехуто Гонсалес Шпанија
Затвори

Повеќе информации Холандија, 3 - 0 ...
9 јуни 2008
20:45
Холандија 3 - 0 Италија Стад де Сис Ванкдорф, Берн
Публика: 30.777
Судија: Петер Фројдфелд Шведска
ван Нистелроој гол 26'
Снејдер гол 31'
ван Бронкхорст гол 79'
Затвори

Повеќе информации Италија, 1 - 1 ...
13 јуни 2008
18:00
Италија 1 - 1  Романија Летцигрунд, Цирих
Публика: 30.585
Судија: Том Хенинг Евребе Норвешка
Панучи гол 55' Муту гол 54'
Затвори

Повеќе информации Холандија, 4 - 1 ...
13 јуни 2008
20:45
Холандија 4 - 1 Франција Стад де Сис Ванкдорф, Берн
Публика: 30.777
Судија: Херберт Вандел Германија
Кујт гол 9'
ван Перси гол 59'
Робен гол 72'
Снејдер гол 90'
Анри гол 71'
Затвори

Повеќе информации Холандија, 2 - 0 ...
17 јуни 2008
20:45
Холандија 2 - 0  Романија Стад де Сис Ванкдорф, Берн
Публика: 30.777
Судија: Масимо Бусака Швајцарија
Хунтелаар гол 54'
ван Перси гол 87'
Затвори

Повеќе информации Франција, 0 - 2 ...
17 јуни 2008
20:45
Франција 0 - 2 Италија Летцигрунд, Цирих
Публика: 30.585
Судија: Лубош Михељ Словачка
Пирло гол 25' (пен.)
Де Роси гол 62'
Затвори

Група Д

Повеќе информации Тим, Нат. ...
Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
Шпанија 330082+69
 Русија 32014406
Шведска 310234-13
 Грција 300315-40
Затвори
Повеќе информации Шпанија, 4 - 1 ...
10 јуни 2008
18:00
Шпанија 4 - 1  Русија Тиволи Ној, Инсбрук
Публика: 30 772
Судија: Конрад Плауц Австрија
Виља гол 20' гол 44' гол 75'
Фабрегас гол 90+2'
Пављученко гол 86'
Затвори

Повеќе информации Грција, 0 - 2 ...
10 јуни 2008
20:45
Грција 0 - 2 Шведска Валс-Зиценхајм-Штадион, Салцбург
Публика: 31 063
Судија: Масимо Бусака Швајцарија
Ибрахимовиќ гол 67'
Хансон гол 72'
Затвори

Повеќе информации Шведска, 1 - 2 ...
14 јуни 2008
18:00
Шведска 1 - 2 Шпанија Тиволи Ној, Инсбрук
Публика: 30 772
Судија: Питер Винк Холандија
Ибрахимовиќ гол 34' Торес гол 15'
Виља гол 90+2'
Затвори

Повеќе информации Грција, 0 - 1 ...
14 јуни 2008
20:45
Грција 0 - 1  Русија Валс-Зиценхајм-Штадион, Салцбург
Публика: 31 063
Судија: Роберто Розети Италија
Зирјанов гол 33'
Затвори

Повеќе информации Грција, 1 - 2 ...
18 јуни 2008
20:45
Грција 1 - 2 Шпанија Валс-Зиценхајм-Штадион, Салцбург
Публика: 30 883
Судија: Хауард Веб Англија
Харистеас гол 42' де ла Ред гол 61'
Гуиза гол 88''
Затвори

Повеќе информации Русија, 2 - 0 ...
18 јуни 2008
20:45
Русија 2 - 0 Шведска Тиволи Ној, Инсбрук
Публика: 30 772
Судија: Франк де Блекере Белгија
Пављученко гол 24'
Аршавин гол 50'
Затвори

Елиминации

Четвртфинале Полуфинале Финале
                   
19 јуни - Базел        
  Португалија  2
25 јуни - Базел
  Германија  3  
  Германија  3
20 јуни - Виена
    Турција  2  
  Хрватска  2 (1)
29 јуни - Виена
  Турција  4 (1)  
  Германија  0
21 јуни - Базел
    Шпанија  1
  Холандија  1
26 јуни - Виена
  Русија  3  
  Русија  0 Трето место
22 јуни - Виена
    Шпанија  3  
  Шпанија  4 (0)      
  Италија  2 (0)        
 

Четвртфинале

Повеќе информации Португалија, 2 - 3 ...
19 јуни 2008
20:45
Португалија 2 - 3 Германија Сент Јакоб-Парк, Базел
Публика: 42.000
Судија: Петер Фројдфелт Шведска
Нуно Гомеш гол 40'
Поштига гол 87'
Швајнштајгер гол 22'
Клозе гол 26'
Балак гол 61'
Затвори

Повеќе информации Хрватска, 1 - 1 (0 - 0) ...
20 јуни 2008
20:45
Хрватска 1 - 1 (0 - 0)  Турција Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 50.000
Судија: Роберто Розети Италија
Класниќ гол 119' Семих гол 120'
Затвори
    Пенали  
Модриќ:
Срна: Погодок
Ракитиќ:
Петриќ:
1–3 Погодок: Арда
Погодок: Семих
Погодок: Алтинтоп
 

Повеќе информации Холандија, 1 - 3 ...
21 јуни 2008
20:45
Холандија 1 - 3  Русија Сент Јакоб-Парк, Базел
Публика: 38 374
Судија: Љубош Михељ Словачка
ван Нистелрој гол 86' Пављученко гол 56'
Торбинскиј гол 111'
Аршавин гол 116'
Затвори

Повеќе информации Шпанија, 0 - 0 ...
22 јуни 2008
20:45
Шпанија 0 - 0 Италија Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 48 000
Судија: Херберт Фандел Германија
Затвори
    Пенали  
Виља: Погодок
Казорла: Погодок
Сена: Погодок
Гуиза:
Фабрегас: Погодок
4–2 Погодок: Гросо
: Де Роси
Погодок: Каморанези
: Ди Натале
 

Полуфинале

Повеќе информации Германија, v ...
25 јуни 2008
20:45
Германија v  Турција Сент Јакоб-Парк, Базел
Публика: 39 374
Судија: Масимо Бусака Швајцарија
Швајнштајгер гол 26'
Клосе гол 79'
Лам гол 90'
Борал гол 21'
Семих гол 86'
Затвори

Повеќе информации Русија, 0 - 3 ...
26 јуни 2008
20:45
Русија 0 - 3 Шпанија Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 51,428
Судија: Франк де Блекере Белгија
Чави гол 50'
Гуиза гол 73'
Силва гол 82'
Затвори

Финале

Повеќе информации Германија, 0 - 1 ...
29 јуни 2008
20:45
Германија 0 - 1 Шпанија Ернст-Хапел-Штадион, Виена
Публика: 51,428
Судија: Роберто Розети Италија
Торес гол 33'
Затвори
Шампиони на Евро 2008
Thumb
Шпанија
Втора титула

Статистика

Награди

УЕФА Идеален тим на првенството

На крајот на првенството, Техничкиот тим на УЕФА го компонираше и Најдобриот тим, составен од 23 најдобри играчи во текот на турнирот. Девет аналитичари имале за задача внимателно да го следат секој натпревар пред да ги дадат своите конечни оценки по завршувањето на финалето. Во конечниот состав, дури девет играчи му припаѓаат на победничкиот тим на Шпанија; зад нив следи Русија со четворица, па Германија со тројца, Португалија и Холандија со двајца и Турција, Хрватска и Италија со по еден играч; ниту еден од играчите на репрезентациите елиминирани во фазата по групи не бил земен во обзир.[7] Втората задача на Техничкиот тим на УЕФА беше изборот за најдобар фудбалер на првенството, одлука која истиот мораше да ја донесе дури и по согледувањето на гласовите на навивачите. Шпанскиот играч од средниот ред, Чави, беше играчот што ја понесе титулата.[8] Златната копачка исто така му припадна на еден Шпанец - Давид Виља, кој од четирите голови постигнати на првенството, дури три постигна во победата од 4–1 над Русија во првиот натпревар на шпанската репрезентација.[9]

УЕФА Тим на првенството
Голмани Одбрана Средина Напад
Италија Џанлуиџи Буфон Португалија Жозе Босингва Турција Хамит Алтинтоп Русија Андреј Аршавин
Шпанија Икер Касиљас Германија Филип Лам Германија Михаел Балак Русија Роман Пављученко
Холандија Едвин ван дер Сар Шпанија Карлос Марчена Шпанија Сеск Фабрегас Шпанија Фернандо Торес
Португалија Пепе Шпанија Андрес Инјеста Шпанија Давид Виља
Шпанија Карлес Пујол Хрватска Лука Модриќ
Русија Јуриј Жирков Германија Лукас Подолски
Шпанија Маркос Сена
Холандија Весли Снејдер
Шпанија Чави
Русија Константин Зирјанов
Златна копачка
УЕФА играч на првенството

Стрелци

4 гола
3 гола
2 гола
1 гол
1 гол (прод.)

Дисциплина

Следниве играчи беа суспендирани како резултат на добиен црвен картон или како последица на акумулација на два жолти:

Повеќе информации Играч, Прекршок ...
Играч Прекршок Суспензија Белешки
Русија Андреј Аршавин на квалификациониот натпревар со Андора Група Д vs Шпанија
Група Д vs Грција
Суспензија поради добиен црвен картон на последниот натпревар од квалификациите
Германија Бастијан Швајнштајгер во Група Б vs Хрватска Група Б vs Австрија
Австрија Себастијан Предл во Група Б vs Хрватска
во Група Б vs Полска
Група Б vs Германија
Романија Дорин Гојан во Група Ц vs Франција
во Група Ц vs Италија
Група Ц vs Холандија
Турција Мехмет Аурелио во Група А vs Швајцарија
во Група А vs Чешка
Четвртфинале vs Хрватска
Турција Волкан Демирел во Група А vs Чешка Четвртфинале vs Хрватска
Полуфинале vs Германија
Суспензијата продолжена на два натпревари поради сериозност на прекршокот
Франција Ерик Абидал во Група Ц vs Италија Квалификации за Светско 2010 vs Австрија Суспензијата ќе ја отслужи на првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2010
Италија Андреја Пирло во Група Ц vs Романија
во Група Ц vs Франција
Четвртфинале vs Шпанија
Италија Џенаро Гатузо во Група Ц vs Холандија
во Група Ц vs Франција
Четвртфинале vs Шпанија
Турција Тунџај Шанли во Група А vs Швајцарија
во четвртфинале vs Хрватска
Полуфинале vs Германија
Турција Арда Туран во Група А vs Чешка
во четвртфинале vs Хрватска
Полуфинале vs Германија
Турција Емре Ашик во Група А vs Чешка
во четвртфинале vs Хрватска
Полуфинале vs Германија
Русија Денис Колодин во Група Д vs Шведска
 во четвртфинале vs Холандија
Полуфинале vs Шпанија
Русија Дмитриј Торбинскиј во Група Д vs Грција
во четвртфинале vs Холандија
Полуфинале vs Шпанија
Затвори

Парични награди

УЕФА објави дека вкупно €184 милиони се понудени на 16те репрезентации што учествуваат на овој турнир, на тој начин јасно зголемувајќи го наградниот фонд од €129 милиони на претходното европско првенство. Притоа, наградите изгледаат вака:[10]

  • Награда за учество: €7.5 million

Додатни награди врз основа на покажаното:

  • Шампион: €7,5 милиони
  • Второпласиран: €4,5 милиони
  • Полуфиналист: €3 милиони
  • Четвртфиналист: €2 милиони
  • Групна фаза (по натпревар):
    • Победа: €1 милион
    • Реми: €500,000

Ако шампионот има победено во сите натпревари по групната фаза може вкупно да освои €23 милиони. Пред финалето, Шпанија е единствената репрезентација што има ваква можност.

Белешки

{{|2}}

Надворешни врски

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.