Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кеплер Лаверан Лима Фереира (португалски: Képler Laveran Lima Ferreira; 26 февруари 1983 , во Масејо) попознат како Пепе – поранешен португалски фудбалер, играч од одбраната. Својата фудбалска кариера ја започнал, во родниот Бразил во локалниот клуб Коринтијанс Алагоано, каде и го добил прекарот Пепе.
Пепе | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Кеплер Лаверан Лима Фереира | ||
Роден на | 26 февруари 1983 | ||
Роден во | Масејо, Бразил | ||
Држава |
Бразил Португалија (од 2007) | ||
Висина | 1,88 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | Одбрана | ||
Повлекување | 8 август 2024 (41 г.) | ||
Младинска кариера | |||
1995–2001 | Коринтијанс Алагоано | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2001-2002 | Маритимо Б | 14 | (1) |
2002-2004 | Маритимо | 63 | (3) |
2004-2007 | Порто | 64 | (6) |
2007-2017 | Реал Мадрид | 229 | (13) |
2017-2018 | Бешикташ | 33 | (5) |
2019-2024 | Порто | 132 | (7) |
Репрезентација | |||
2007–2024 | Португалија | 141 | (8) |
Во 2001 година, тој дошол во Европа, поточно во Португалија, каде станал играч на Маритимо. Иако имал тешкотии со приспособувањето кон новата земја и посебно кон островот Мадејра, од каде што доаѓа Маритимо, борејќи се со носталгијата, сепак Пепе брзо напредувал. Неговиот раст во Маритимо не поминал незабележано од големите европски гиганти, меѓу кои и Порто, за кој Пепе се одлучил да потпише во 2004 година. После заминувањето на Жозе Мурињо и доаѓањето на Ко Адријансе, тој ја достигнал својата целосна афирмација во клубот. Во 2007 година, Пепе направил трансфер во Реал Мадрид,[1] каде ги поминал следните години од кариерата и освоил голем број на трофеи, вклучитело и трите титули во Лигата на шампионите. По година и половина помината во дресот на турскиот Бешикташ, во јануари 2019 година, Пепе се вратил во Португалија каде одново го облекол дресот на Порто.
Иако е роден во Бразил, Пепе се определил да игра за португалската репрезентација, за која дебитирал во 2007 година и до денес забележал 141 настап и постигнал 8 голови. За Португалија играл на 4 Светски и 5 Европски првенства и бил дел од репрезентацијата на Европското првенство 2016, кое Португалија го освоила.
Роден во Масејо, Алагоаш, Пепе бил крстен Кеплер Лаверан од неговиот татко во чест на научниците Јоханес Кеплер и Шарл Луј Алфонс Лаверан.[2]
Пепе е оженет со Ана Софија Мореира, која ја запознал во Порто во 2007 година. Заедно имаат две ќерки.[3]
Пепе започнал да игра фудбал во локалниот бразилски клуб Коринтијанс Алагоано. На 18-годишна возраст, заедно со соиграчот Езекиаш, тој се преселил во Португалија каде потпишал за Маритимо, клуб сместен на островот Мадејра, каде го минал поголемиот дел од неговара прва сезона играјќи за Б-тимот.
Откако бил промовиран во првиот тим за сезоната 2002–2003, под водство на украинскиот менаџер Анатолиј Бишовец, Пепе ретко пропуштал натпревари, играјќи на неколку различни позиции, вклучително и како одбранбен играч за врска.
Во летото 2003, на Пепе му била дадена дозвола да тренира две недели со Спортинг Лисабон, по што можел да преговара за трансфер во зелено-белите. Пепе ја поминал пробата, но двата клуба не можеле да се договорат околу отштетата, па Пепе останал во Маритимо и му помогнал на клубот да обезбеди настап во Купот на УЕФА за следната сезона, придонесувајќи со 1 гол во 30 настапи.
Во мај 2004 година, непосредно пред клубот да ја освои тројната круна со лигата, купот и Лигата на шампионите, Пепе потпишал за Порто.[4] Трансферот бил вреден еден милион евра, но Маритимо добиле право на 20% и од идниот трансфер на играчот. Исто така добиле и неколку играчи како дел од трансферот.
Во првата сезона, под водството на шпанскиот тренер Виктор Фернандес, Пепе бил користен како замена на двајцата ветерани, Педро Емануел и Жорже Кошта. Сепак, веќе во следната сезона под водството на Ко Адријансе, ја имал својата сезона на пробив, етаблирајќи се како еден од најдобрите дефанзивци во португалското првенство: Холанѓанецот често избирал 3–4–3 формација, при што Пепе често бил на теренот како единствен природен стопер. Во двете сезони во кои Пепе бил стартер за Порто, клубот освоил две титули шампионски титули во Португалија и Купот на Португалија 2005-2006.
На 10 јули 2007 година, Пепе потпишал петгодишен договор со Реал Мадрид, во трансфер вреден 30 милиони евра.[5] Дебитирал за Реал Мадрид во натпревар од Суперкупот на Шпанија против Севиља, додека своето деби во шпанското првенство го направил во победата со 2-1 во мадридското дерби над Атлетико Мадрид. Во ноември 2007, тој бил вклучен во тепачка за време на тренинг со соиграчот Хавиер Балбоа.[6] Во неговиот прв Ел Класико, Пепе одиграл одлично и бил избран за играч на натпреварот во кој кралевите ја совладале Барселона со 1-0 на Камп Ноу.[7] Во првата сезона одиграл само 19 натпревари во првенството, меѓу кои и оној на 15 март 2008, во кој си постигнал автогол при поразот со 1-0 од Депортиво Ла Коруња,[8] иако тоа не го спречило него и неговиот клуб на крајот од сезоната да триумфираат во Примера Дивисион.
Во текот на сезоната 2008-2009, Пепе постојано се измачувал со повреди. На 21 април 2009 година, тој исто така бил вклучен во инцидент со Хавиер Каскеро од Хетафе: при резултат 2–2 и само неколку минути игра до крајот, тој го соборил играчот од средниот ред во казнетиот простор, по што последователно бил исклучен. Потоа, тој двапати намерно го удрил Каскеро, еднаш по потколеницата и еднаш по долниот дел на грбот. Во продолжение, тој исто така удрил во лице друг противнички играч, Хуан Анхел Албин и на крајот добил суспензија од десет натпревари, со што практично ја завршил неговата сезона.[9]
Во текот на сезона 2009–2010, Пепе се вратил во почетниот состав на Реал. На 4 октомври 2009 година, тој го постигнал својот гол првенец во дресот на Реал Мадрид, во натпреварот против Севиља на Рамон Санчес Писхуан, сместувајќи ја топката во мрежата со глава по центаршутот од слободен удар на Гути во поразот со 2–1. На 12 декември за време на натпреварот против Валенсија на Местаља, тој незгодно се приземјил при еден воздушен дуел и бил изнесен надвор од теренот во завршните секунди од првото полувреме. Скенирањето подоцна покажало дека тој се здобил со пукнатина на предниот вкрстен лигамент во десното колено. Повредата значела крај на сезоната за него, а во прашање го довел и својот настап на Светското првенство 2010 во Јужноафриканската Република.[10]
На почетокот на сезоната 2010-2011, во клубот пристигнал неговиот сонародник Рикардо Карваљо, со кој Пепе ќе го сочинува стоперскиот тандем на кралскиот клуб, додека за тренер е назначен уште еден португалец, Жозе Мурињо. На почетокот на есента се појавиле гласини дека Пепе сака да го напушти Реал, наводно незадоволен со својата плата од 1,8 милиони евра годишно, со која бил еден од најслабо платените играчи во клубот.[11] Сепак, по исцрпувачките преговори,[12] тој конечно потпишал нов договор, обновувајќи ја својата верност кон клубот до 2015 година.[13]
Пепе го поминал последниот дел од сезоната, играјќи на позицијата како дефанзивен играч за врска, период во кој Реал Мадрид се соочиле со нивните најголеми ривали Барселона четири пати за помалку од еден месец. На 27 април 2011 година, во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, тој бил исклучен поради контроверзниот старт врз дефанзивецот на Барселона Дани Алвеш во поразот на домашен терен со 0–2.[14] Сепак, Алвеш, исто така, наишол на силни критики, а и од Реал Мадрид тврделе дека бразилскиот бек претерал со инцидентот. Подоцна и други спортисти, меѓу кои Рио Фердинанд, Мајкл Овен и Рори МекИлрој ги критикувале постапките на Алвеш.[15] Следниот ден, УЕФА отворила дисциплинска постапка против двата клуба за големиот број инциденти за време на натпреварот.[16] Пресудата била објавена осум дена подоцна: црвениот картон останал и Пепе добил суспензија од еден натпревар во европските натпреварувања, која ја отслужил со неиграње во ремито 1-1 во реваншот на Камп Ноу.[17]
На 12 јули 2011 година, Пепе повторно го продолжил договорот со Реал Мадрид, до крајот на сезоната 2015–2016.[18] Во натпреварот против Осасуна на 6 ноември, тој го постигнал вториот гол за тимот во победата со 7-1 на домашен терен.[19] Во првиот натпревар од четвртфиналето на Купот на Шпанија против Барселона на 18 јануари 2012 година, тој згазнал врз раката на Лионел Меси, кој лежел на тревата откако бил фаулиран.[20][21] Инцидентот наишол на силни критики од шпанските медиуми, кои исто така го забележаа неговиот старт над Сеск Фабрегас претходно, во поразот на домашен терен со 1–2,[22] но тој инсистирал дека инцидентот, кој не го видел судијата, бил „ненамерен“.[23] На 23 јануари, шпанската фудбалска федерација го ослободила од какво било неправилно дело.[24][25]
На 21 март 2012 година, Пепе бил вмешан во уште еден сериозен инцидент: по ремито 1–1 на гостувањето кај Виљареал во кое тој добил жолт картон, а Реал Мадрид завршил со девет играчи, тој влегол во расправа со судијата Хосе Луис Парадас Ромеро во просторот кај соблекувалната, велејќи му: „Каков грабеж, кучкин сине“.[26] Два дена подоцна, тој бил суспендиран на два натпревари.[27]
Во сезоната 2011-2012, Пепе бил спарен на стоперските позиции со Серхио Рамос, со кого во оваа но и во следните години формирале застрашувачко партнерство во срцето на одбраната на Реал Мадрид. Сезоната ја завршил со 29 настапи во првенството или 45 настапи вкупно во сите натпреварувања, помагајќи клубот да ја освои 32-рата првенствена титула.[28]
На 19 август 2012 година, за време на натпреварот на отворањето на сезоната против Валенсија, Пепе во една ситуација се судрил со голманот на Реал Икер Касиљас, што довело до тоа гостите да израмнат на 1–1 (што било и конечен резултат). Тој потоа бил однесен во болница на прегледи,[29] но бил пуштен веќе следниот ден.[30] Во услови на расправии со Мурињо, Пепе го загубил своето место во почетниот состав од Рафаел Варан во текот на целата сезона и на крајот влегол во кавга со тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, за време на финалето на Купот на Шпанија.[31][32]
Во сезоната 2013-2014, Пепе забележал личен рекорд на својата кариера по бројот на постигнати голови (5) и одиграни натпревари (48) за Реал Мадрид во рамките на една сезона, забележувајќи притоа и 11 настапи во нивната победничка кампања позната како „La Decima“ (превод на мак. десеттата) во Лигата на шампионите 2013-2014. Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го пофалил Пепе и зборувајќи за неговата важност во тимот рекол: „Ние сме посигурни со него. Тој ни дава самодоверба, и е личност која им помага на другите играчи; тој е многу важен за нив.“[33] Во сезоната 2015-2016, Пепе забележал девет настапи во Лигата на шампионите вкупно 31 во сите натпреварувања. На 28 мај 2016, тој го започнал финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид на Сан Сиро во Милано, во кое Реал бил подобар по изведување на пенали.[34]
Во неговата последна година во дресот на Реал Мадрид, Пепе имал сезона исполнета со повреди, во која забележал само 18 настапи, давајќи каков таков придонес за 33-тата титула на мадридскиот клуб во шпанската Примера Дивисион,[35][36] и нивната дванаесетта титула во Лигата на шампионите, победувајќи го Јувентус во финалето на Милениум стадионот, во Кардиф.[37]
На 4 јули 2017 година, Пепе потпишал за турскиот клуб Бешикташ со слободен трансфер, по истекот на неговиот договор со Реал Мадрид.[38] Неговиот договор изнесувал вкупно 9,5 милиони евра за две години, плус 4.000 евра бонус за секој одигран натпревар.[39] На 13 август, тој го постигнал својот прв гол за Бешикташ во победата со 2–0 на домашен терен против Анталијаспор.[40]
На 19 април 2018 година, во реваншот од полуфиналето на Купот на Турција против Фенербахче, тој го доби својот прв црвен картон како играч на Бешикташ по една пресметка со Жозеф де Соуса. Натпреварот подоцна бил прекинат откако тренерот на Бешикташ бил удрен со предмет фрлен од трибините.[41]
Пепе го раскинл договорот со Бешикташ со меѓусебен договор на 17 декември 2018 година.[42]
На 8 јануари 2019, Пепе се вратил во Порто после повеќе од една декада, потпишувајќи две ипол годишен договор.[43] Една недела подоцна, тој го одиграл својот прв натпревар за Порто уште од 2007 година во четвртфиналето на Купот на Португалија, во кое го победиле Лешоеш на гости со 2–1.[44] Неговиот тим ја завршил сезоната 2018-2019 како лигашки вицешампион, а на крајот од сезоната го загубиле и финалето на купот на пенали од Спортинг, но затоа ги освоиле и двата турнири во следната сезона 2019-2020.[45]
По заминувањето на Данило Переира во Париз Сен Жермен, Пепе бил назначен за капитен на Порто на 12 октомври 2020 година.[46] Следниот месец, тој го продолжил договорот до 2023 година.[47]
На 25 октомври 2023 година, со 40 години и 241 ден, Пепе станал најстариот играч (а да не е голман) кој играл во Лигата на шампионите, остварувајќи го тоа во победата со 4–1 на гостувањето кај Антверпен, со што го соборил рекордот што претходно го држел Алесандро Костакурта цели 17 години.[48] На 7 ноември, во возвратниот натпревар против истиот противник, Пепе го постигнал вториот гол за Порто во победата со 2-0, со што станал најстариот стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 40 години и 254 дена, соборувајќи го дотогашниот рекорд на Манфред Бургсмилер поставен во 1988 година.[49] На 13 декември 2023 година, Пепе започнал и постигнал гол во победата со 5–3 во Лигата на шампионите над Шахтар Донецк, поставувајќи два нови рекорди на 40 години и 289 дена.[50] На 12 март 2024 година, на 41 година, во натпреварот против Арсенал, Пепе стана првиот играч во поле на возраст над 40 години што играл во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.[51]
Пепе никогаш не играл за бразилската репрезентација во ниедна категорија, па во август 2007 година, добил португалско државјанство, а на 30 истиот месец бил повикан да игра за Португалија.[52]
Дебитирал на 21 ноември 2007 година во натпревар против Финска. Првиот гол го постигнал против Турција во групата на Европското првенство во фудбал – Австрија и Швајцарија 2008 година.[53]
Селекторот на Португалија во текот на квалификациите за СП во Јужна Африка го користел на позиција на последен играч за врска, но после неговата тешка повреда на коленото додека настапувал за клубот, играњето на СП било под знак прашање. Сепак Пепе настапил на два натпревари, против Бразил и против Шпанија.
Во мај 2016 година, португалскиот селектор го објавил списокот на играчи за Европското првенство во Франција на кој список се наоѓал и Пепе.[54] Тој започнал шест од седумте натпревари на Португалија на турнирот. Откако го пропуштил натпреварот од полуфиналето против Велс поради повреда на бутот, тој се вратил во тимот за финалето, во кое одиграл одличен натпревар и бил прогласен за играч на натпреварот, помагајќи притоа неговата земја да ја сочува својата мрежа во победата со 1-0 по продолженија над домаќинот Франција.[55] Успехот во тој натпревар и ја донел на Португалија првата титула на некое Светско или Европско првенство.
На 6 септември 2018 во пријателски натпревар против Хрватска на стадионот Алгарве, Пепе го забележал својот 100-ти настап за Португалија. Тој бил капитен на селекцијата и постигнал гол со глава по центаршутот на Пици за да изедначи на 1–1, што се испоставил и како конечен резултат на натпреварот.[56]
На Светското првенство 2022 во Катар, Пепе постигнал гол во осминафиналната победа со 6-1 над Швајцарија, со што станал вториот највозрасен фудбалер кој постигнал гол на Светско првенство (со 39 години и 283 дена), единствено зад камерунецот Роже Мила, кој на Светското првенство 1994 постигнал гол во натпреварот против Русија со 42 години и 39 дена.[57]
Повикан меѓу 26-те играчи за настап на Европското првенство 2024 во Германија од новиот селектор Роберто Мартинес, Пепе го започнал првиот натпревар на португалците на турнирот против Чешка на 18 јуни 2024 во Лајпциг, со што станал највозрасниот играч кој настапил на едно Европско првенство со 41 година и 113 дена.[58]
Статистиката е ажурирана на 11 јуни 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2001-2002 | Маритимо Б | СД | 14 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 14 | 1 |
2001-2002 | Маритимо | ПЛ | 4 | 0 | КП | 0 | 0 | КУ | 0 | 0 | - | - | - | 4 | 0 |
2002-2003 | ПЛ | 29 | 2 | КП | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 2 | |
2003-2004 | ПЛ | 30 | 1 | КП | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 32 | 1 | |
Вкупно Маритимо | 63 | 3 | 3 | 0 | - | - | - | - | 66 | 3 | |||||
2004-2005 | Порто | ПЛ | 15 | 1 | КП | 1 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | СП+СУ+ИнтК | 0+1+0 | 0 | 22 | 1 |
2005-2006 | ПЛ | 24 | 1 | КП | 4 | 0 | ЛШ | 5 | 2 | - | - | - | 33 | 3 | |
2006-2007 | ПЛ | 25 | 4 | КП | 0 | 0 | ЛШ | 8 | 0 | СП | 1 | 0 | 34 | 4 | |
2007-2008 | Реал Мадрид | ПД | 19 | 0 | КШ | 1 | 0 | ЛШ | 3 | 0 | СШ | 2 | 0 | 25 | 0 |
2008-2009 | ПД | 26 | 0 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | СШ | 1 | 0 | 32 | 0 | |
2009-2010 | ПД | 10 | 1 | КШ | 1 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | - | - | - | 17 | 1 | |
2010-2011 | ПД | 26 | 1 | КШ | 4 | 0 | ЛШ | 8 | 0 | - | - | - | 38 | 1 | |
2011-2012 | ПД | 29 | 1 | КШ | 5 | 0 | ЛШ | 9 | 0 | СШ | 2 | 0 | 45 | 1 | |
2012-2013 | ПД | 28 | 1 | КШ | 2 | 0 | ЛШ | 11 | 1 | СШ | 1 | 0 | 42 | 2 | |
2013-2014 | ПД | 30 | 4 | КШ | 7 | 1 | ЛШ | 11 | 0 | - | - | - | 48 | 5 | |
2014-2015 | ПД | 27 | 2 | КШ | 1 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | СУ+СШ+Скп | 1+1+2 | 0 | 38 | 2 | |
2015-2016 | ПД | 21 | 1 | КШ | 1 | 0 | ЛШ | 9 | 0 | - | - | - | 31 | 1 | |
2016-2017 | ПД | 13 | 2 | КШ | 2 | 0 | ЛШ | 3 | 0 | СУ+Скп | 0 | 0 | 18 | 2 | |
Вкупно Реал Мадрид | 229 | 13 | 24 | 1 | 71 | 1 | 10 | 0 | 334 | 15 | |||||
2017-2018 | Бешикташ | СЛ | 23 | 2 | КТ | 5 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | СТ | 1 | 0 | 35 | 2 |
2018-јан. 2019 | СЛ | 10 | 3 | КТ | 0 | 0 | ЛЕ | 7[59] | 2[60] | - | - | - | 17 | 5 | |
Вкупно Бешикташ | 33 | 5 | 5 | 0 | 13 | 2 | - | - | 52 | 7 | |||||
јан.-јун. 2019 | Порто | ПЛ | 13 | 2 | КП+ЛКП | 3+2 | 0 | ЛШ | 3 | 0 | СП | - | - | 21 | 2 |
2019-2020 | ПЛ | 25 | 1 | КП+ЛКП | 2+1 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 2[61]+7 | 0 | - | - | - | 37 | 1 | |
2020-2021 | ПЛ | 27 | 2 | КП+ЛКП | 4+2 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | СП | 1 | 0 | 40 | 2 | |
2021-2022 | ПЛ | 21 | 1 | КП+ЛКП | 3+0 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 5+4 | 0 | - | - | - | 33 | 1 | |
2022-2023 | ПЛ | 24 | 0 | КП+ЛКП | 5+2 | 0 | ЛШ | 4 | 0 | СП | 1 | 0 | 36 | 0 | |
2023-2024 | ПЛ | 22 | 1 | КП+ЛКП | 4+0 | 0 | ЛШ | 7 | 2 | СП | 1 | 0 | 34 | 3 | |
Вкупно Порто | 196 | 13 | 33 | 0 | 56 | 4 | 5 | 0 | 290 | 17 | |||||
Вкупно во кариерата | 535 | 35 | 65 | 1 | 139 | 7 | 16 | 0 | 756 | 43 | |||||
Репрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Португалија | 2007 | 1 | 0 |
2008 | 12 | 1 | |
2009 | 11 | 1 | |
2010 | 6 | 0 | |
2011 | 7 | 0 | |
2012 | 12 | 1 | |
2013 | 8 | 0 | |
2014 | 8 | 0 | |
2015 | 3 | 0 | |
2016 | 13 | 1 | |
2017 | 11 | 1 | |
2018 | 11 | 2 | |
2019 | 5 | 0 | |
2020 | 5 | 0 | |
2021 | 10 | 0 | |
2022 | 10 | 1 | |
2023 | 1 | 0 | |
2024 | 7 | 0 | |
Вкупно | 141 | 8 |
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.