From Wikipedia, the free encyclopedia
Француски републикански календар или Француски револуционерен календар – календар предложен во текот на Француската револуција, а француската влада го користела околу дванаесет години, од крајот на 1793 до 1805 година. Причина за тоа била желбата на радикален начин да се пресече сѐ што имало врска со стариот режим и Католичката црква.
Од 15 јули 1789 година, ден после заземањето на Бастилја, до крајот на 1789 траела 1 година на слободата (француски: An I de la liberté). Бидејќи претходно се користел грегоријански календар, оваа година траела само 5 и пол месеци. 1 јануари 1790 годин бил почеток на 2 година на слобода. На 10 август 1792 година, денот на јуришот на Тилери, бил одреден за почеток на 1 година на еднаквоста.
На 22 септември 1792 година била укината монархијата, а тековната година била преименувана во 1 година на Француската Република (француски: An I de la République Française). Националниот конвент на 5 октомври 1793 година одлучил да се измени начинот на броење на месеците и деновите. Новиот календар конвентот го усвоил на 24 октомври 1793 година, а за почеток на сметање на годините по новиот календар бил одреден 22 септември 1792 година. Делот од 1793 година до 21 септември, кој претходно бил сметан во 2 година на републиката, бил земен за 1 година на републиката.
Овој календар го укинал Наполеон Бонапарт во 1805 година по конкордатот со Католичката црква. Календарот повторно влегол во употреба во текот на Париската комуна во 1871 година.
Календар го формирал политичарот и агроном Шарл Жилбер Ром, иако обично му го припишуваат на поетот Фабр д'Еглантен, кој ги измислил имињата на месеците. Го усвоил Националниот конвент под контрола на јакобинците на 24 октомври 1793 година.
Годините обично се означуваат со римски броеви, се бројат од почетокот на „Републиканската ера“ - 22 септември 1792 година, денот кога била прогласена Првата Француска Република, ден откога била укината монархијата. Затоа римскиот број I ја означува првата година на републиката, т.е. година пред календарот да влезе во употреба. Првиот ден на секоја година ја вклучува есенската рамнодневица. За да се добие годината на републиканската ера треба да се извади 1792 од годината на нашата ера во периодот меѓу 1 јануари и 22 или 23 септември (види подолу „Префрлање во грегоријански календар“), односно 1791 до крајот на декември.
На 23 септември 2007 година почнала 216 година на Републиката (Année CCXVI de la République).
Биле одредени 12 месеци од по 30 дена, секој поделен во три 10-дневни дела наречени декади (décades). Десеттиот ден, décadi, ја заменил неделата како ден за одмор и свечености што доведувало до судир со црквата. Пет или шест дена потребни за да се доврши тропската година биле ставени на крајот на годината.
Секој ден бил поделен на десет саат, секој саат на 100 децимални минутиа, а секоја децимална минута имала 100 децимални секунди. Тоа значи дека децималниот саат траел (обични) 2 саати и 24 минути, децималната минута - 1 минута и 26,4 секунди и децималната секунда - 0,86 обични секунди. Биле изработувани и часовници кои го прикажувале ова децимално време, но идејата не заживеала, па задолжителната употреба била суспендирана на 7 април 1795 година, иако некои градови продолжиле да го користат до 1801 година. Сликичката во делот „Префрлање во грегоријански календар“ би требало на дното да го покаже децималното време во моментот на прво вчитување на страната.
Периодот од 4 години кој завршувал со престапен ден требало да се вика Franciade. Престапната година се викала Sextile, алузија на бисекстилни престапните години од јулијанскиот и грегоријанскиот календар, бидејќи содржела шести додатен ден.
Со конкордатот од 1801 година на Католичката црква во Франција ѝ бил вратен официјалниот статус. Договорот стапил на снага на Велигден 18 април 1802 година, со кој им биле вратени имињата на деновите какви што биле во грегоријанскиот календар, со неделата како ден за одмор и богослужба, при што бил задржан остатокот од републиканскиот календар.[1]
Календарот на крајот го укинал Наполеон, почнувајќи од 1 јануари 1806 година (ден по 10 нивоз од 14 година [10 Nivôse an XIV]), малку повеќе од 12 години по неговото воведување. Повторно накратко бил користен во текот на Париската комуна, од 6 до 23 мај 1871 година (16 Floréal–3 Prairial An LXXIX).
Така, револуционерниот календар не заживеал за разлика од метричкиот систем кој бил истовремено развиван и бил усвоен.[2]
Постојат многу таблици и програми за претворање кои главно ги создале генеалози. Некои ентузијасти во Франција сѐ уште го користат овој календар, повеќе од почит кон минатото отколку од практичност.
Некои правни текстови усвоени во време кога републиканскиот календар бил официјален, сѐ уште се во снага и ги задржале своите оригинални датуми кога ги цитираат.
Францускиот републикански календар има истоветна структура како и коптскиот календар (12×30 + 5 или 6 дена), потомок на египетскиот календар. Коптската нова година е на 29 август по јулијанскиот календар (односно 30 секоја четврта), што во 18 век одговарало на 9 септември по грегоријанскиот (само 13 дена пред почетокот на годината по францускиот републикански календар).
Престапните години во календарот се предмет на големо спорење, заради противречните ставови во декретот со кој е воведен.[3] Од една страна се одредува дека првиот ден во годината, истовремено и ден на есенската рамнодневица (астрономски одреден), а потоа дека додаток е обично потребен во период од четири години. Положбата на денот на рамноденица (еквинокс) не мора да следи четиригодишни интервали. Така престапни години биле III, VII и XI, следната требало да биде XV, а потоа XX, пет години подоцна.
Жилбер Ром на 19 Floréal An III (8 мај 1795) во име на Комитетот за јавно образование предложил фиксно аритметичко правило за одредување на престапните години. Со него било предвидено да се применува истото правило како во грегоријанскиот календар (годините деливи со 4 да бидат престапни, освен повеќето деливи со 100) освен 4000 година (последна година на десеттиот 400-годишен период) биде проста наместо престапна. Бидејќи овој предлог никогаш не бил прифатен, се продолжило со првичното астрономско правило, кое исклучувало какво било аритметичко правило. Со предлогот требало да се избегнат некои неизвесни престапни години предизвикани од непрецизноста на астрономското знаење во 1790-тите (ова дури и денес има смисла заради неизвесноста во ΔТ). На пр. комитетот забележал дека еквиноксот во 144 година ќе биде во "11:59:40 попладне“, што е многу поблиску на полноќ од 3 или 4 минути инхерентна неизвесност.
Календарот бил укинат бидејќи 10-дневната работна декада на работниците им давала помалку одмор (еден од десет дена, наместо еден од седам); бидејќи за почеток на годината е одбран еквиноксот, подвижен датум (извор на конфузија); и затоа што бил несогласен на секуларниот ритам на саеми и земјоделски собири.
Веројатно најпрочуениот датум го овековечил Карл Маркс во насловот на својот памфлет 18 бример на Луј Наполеон од 1852 година, 18 Brumaire An VIII (9 ноември 1799), кога Наполеон ја зел власта, се смета за крај на Француската револуција.
Уште еден прочуен датум е 9 Thermidor An II (27 јули 1794), денот кога Конвентот се свртел против Робеспјер, кој со другите монтањари, бил гилотиниран следниот ден. На основа на таа случка во марксистичкиот речник влегол изразот „термидорски“ за револуционери кои ја уништуваат револуцијата однатре се свртуваат против нејзините правила и цели. На пример Троцки и неговите поддржувачи го користеле овој назив за Сталин.
Романот од Емил Зола Жерминал името го зел од календарот, како и јадењето јастог термидор. Фрегатите од класата Флореал ги носат имињата на републиканските месеци.
Револуционерниот календар имал 12 месеци од по 30 дена, чии имиња се земени од природата. Имињата се кованици од латинскиот, францускиот и грчкиот јазик. Завршетоците на имињата се групирани по годишните времиња. Долу се надени називите на месеците и нивните значења:
Во Англија противниците на Револуцијата го исмевале календарот со имињата: Wheezy, Sneezy and Freezy ("свиркав “ (како при дишење), „кивав“ и „вкочанет"); Slippy, Drippy and Nippy ("лизгав“, „лигав“ и „штиплив“ (како мраз)); Showery, Flowery and Bowery ("дождлив“, „китнест “ и „чардаклиски"); Wheaty, Heaty and Sweety ("пченичен “, „жежок“ и „сладок").[4][5]
Месецот бил поделен во три декади (décades) од по десет дена, едноставно наречени по редниот број:
Декадите биле напуштени во април 1802 година според Конкордатот како што е претходно споменато.
Традиционалниот католички календар секој ден во годината му го посветил на некој светац. За да се раскине со верската традиција, со републиканскиот календар секој ден исто така бил посветен на нешто. Најголемиот дел им бил посветен на растенијата, потоа минералите (во зимскиот нивоз), деновите кои завршуваат со „5“ на животни, а деновите кои завршуваат со „0“ (décadi) на алатки.
Во долната табела се дадени посветите на деновите, на француски оригинал и на македонски превод (односно англиски кај послабо познатите растенија, со курзив). Означени се и некои грегоријански датуми (приближно секој петти) за полесно снајдување. Треба да се има предвид распоредот на престапните години (дали годината почнува на 22 или 23 септември, види „Префрлање во грегоријански календар“).
Вандемиер (22 септ. ~ 21 окт.) | Бример (22 окт. ~ 20 ноем.) | Фример (21 ноем. ~ 20 дек.) |
---|---|---|
|
|
|
Нивоз (21 дек. ~ 19 јан.) | Пливиоз (20 јан. ~ 18 фев.) | Вантоз (19 фев. ~ 20 мар.) |
---|---|---|
|
|
|
Жерминал (21 мар. ~ 19 апр.) | Флореал (20 апр. ~ 19 мај) | Преријал (20 мај ~ 18 јун) |
---|---|---|
|
|
|
Месидор (19 јуни ~ 18 јули) | Термидор (19 јули ~ 17 авг.) | Фриктидор (18 авг. ~ 16 сеп.) |
---|---|---|
|
|
|
Пет додатни денови (односно шест во престапна година) биле национални празници на крајот од секоја година. Прво ги нарекувале „санкилотиди“ (les sans-culottides) по санкилотите (sans-culottes), но после III година (1795), едноставно како les jours complémentaires:
Календарот бил укинат во XIV година (1805). Има различни мислења околу методот по кој би требало да бидат одредувани престапните години ако календарот е на снага. Постојат барем четири хипотези кои се користат при префрлање на датумите во грегоријанскиот календар:
Следната табела покажува кога некои години од републиканската ера почнуваат по грегоријанскиот календар, според претходните четири методи:
р.е. | н.е. | Еквинокс | Ром | Континуирано | 128-годишен |
---|---|---|---|---|---|
CCXIV (214) |
2005 |
||||
CCXV (215) |
2006 |
||||
CCXVI (216) |
2007 |
||||
CCXVII (217) |
2008 |
||||
CCXVIII (218) |
2009 |
||||
CCXIX (219) |
2010 |
* Престапна година, додатен ден на крајот
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.