From Wikipedia, the free encyclopedia
Блитва (Beta vulgaris var. cicla) — зеленчук којшто најчесто се користи во средоземната кујна. Како двегодишно растение, во првата година развива длабок и разгранет корен, кој во горниот дел е задебелен, скратено стебло и богата лисна розета. Во втората година развива разгрането цветно стебло во висина до еден метар. Блитвата се одгледува заради листот. Во исхраната се користи во комбинација со различни градинарски култури. Слична е на спанаќот. Блитвата е лековито и корисно растение кое претставува добар диуретик, а може да се користи и против слабокрвност.
Блитава најмногу се користи во средоземната кујна, а како земја родилка на блитвата се смета Грција, бидејќи уште во 4 век п.н.е., Аристотел пишувал за неа. Подоцна, Грците блитвата ја употребувале за медицински потреби.
Блитвата заедно со кељот се едни од листовидните зеленчуци кои растат како високи зелени зеленчуци, со крцкаво стебло, чии листови може да бидат во најразлични бои како црвена, жолта или бледо зелена и темнозелена. Блитвата спаѓа во истата фамилија зеленчуци во кои спаѓаат репката и спанаќот и го делат речиси истиот вкус: доза на горчливост и малку солена нишка во листовите. И листовите и стеблата на блитвата сможат да се јадат, иако листовите се помеки и нивната текстура е пофина за конзмирање, за разлика од стеблото кое може да се користи во супи или чорби.
Блитвата поседува голема прилагодливост помеѓу почвата и климатските фактори. Оптимална температура за поникнување е 16 – 24°. При температура од 5 – 10° растението има слаб пораст, а оптимална температура за раст и развој е 16 – 20°.
Во текот на одгледувањето потребна е поголема количина на вода, посебно во подрачја каде се појавува недостаток на вода или пак таа е нерамномерно распоредена. Во текот на одгледувањето потребни се 5 – 6 наводнувања за да се постигнат оптимални приноси. Тоа зависи од периодите дали се врнежливи или сушни.
Блитвата е богата со магнезиум, железо, витамин Е, калиум, калциум, витамини б2 и б6, цинк и уште многу витамини, а има само 35 калории.
Видете Блитва во Викиречник, слободниот речник. |
„Блитва“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.