Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лук или чешен — вид на растение во фамилијата Лукови. Негови блиски сродници се кромидот, козјиот лук (шалот), празот и власецот. Низ историјата, лукот е користен во кујнски и медицински цели. Има остра арома и вкус кој се разблажува во текот на готвењето. Луковицата од лукот, која е најчесто користена во исхраната, е поделена на повеќе месести делови наречени чешниња. Чешнињата се користат како семе, за исхрана (свежи или зготвени), како и во медицински цели. Листовите, стеблото и цветовите (наречени булбили) се исто така јадливи и најчесто се употребуваат додека се сѐ уште незрели и нежни. Единствен дел од лукот кој не се смета за јадлив е кожестата обвивка.
Лук | |
---|---|
Лук во фаза на растење. | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Скриеносемени |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Ред: | Asparagales |
Семејство: | Лукови |
Потсемејство: | Лукови |
Племе: | Allieae |
Род: | Кромид |
Вид: | A. sativum |
Научен назив | |
Allium sativum Л. | |
Лукот е употребуван како лек во многу култури во текот на илјадници години, односно неговата примена во медицински цели е стара колку што и египетските пирамиди. Се смета дека лукот помага при срцеви заболувања, како атеросклероза, високо ниво на холестерол во крвта, висок крвен притисок и рак.
Истражувањата вршени на животни, како и на луѓе, укажале на можните придобивки од користењето на лукот за лекување на кардиоваскуларните болести. На пример, во едно чешко истражување се укажало дека лукот го снижувал нивото на холестерол во крвните садови на животните. Во 2007, BBC објави дека лукот може да се корсти во превенцијата и борбата со настинката. Користењето на лук во исхраната на лабораториски стаорци се покажало дека го зголемува нивото на тестостерон.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.