Сирково
село во Општина Росоман From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Росоман From Wikipedia, the free encyclopedia
Сирково — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Сирково | |
Поглед на Сирково од црквата „Св. Ѓорѓи“ | |
Координати 41°30′23″N 21°53′18″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Росоман |
Област | Тиквеш |
Население | 476 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1421 |
Шифра на КО | 11040 |
Надм. вис. | 234 м |
Сирково на општинската карта Атарот на Сирково во рамките на општината | |
Сирково на Ризницата |
Сирково е сместено на крајното јужно подножје на планината Клепа, во Тиквешката Котлина. Поточно, населбата се наоѓа во Росоманското Поле, на западниот дел на Општината Росоман, чиј атар се допира со просторот на Општината Градско[2]. Селото е рамничарско, расположено на надморска височина од 300 метри[2]. Атарот зафаќа пространство од 23 км2, на кои обработливото земјиште зазема површина од 1249 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 837 хектари[2].
Селото Сирково има полјоделско-сточарска функција[2], односно најголемиот дел од населението се занимава со земјоделство и сточарство. Од земјоделството најразвиено е лозаро-овоштарството, односно одгледувањето на винова лоза и особено многу овоштарството со одгледување на пространи и голем дел на новоподгинати овоштарници на праски, круши, цреши, кајсии, сливи и лешници од различни видови. Во Сирково во минатото на големи површини, а денес повторно се возобновува одгледувањето на афион со многу висок квалитет. Од поледелските култури се застапени житарките: пченица и јачмен, градинарските култури: кромид, лук, пипер (различни видови), домати, модар патлиџан, морков, спанаќ, грашок од кои се одгледува и расад за продажба. Од сточарството на горниот крај на селото на подножјето на Клепа постојат штали и бачила во кои се одгледуваат овци, кози и крупен добиток како крави и волови. Дел од населението се занимава и со други дејности во индустријата и фабриките во Кавадарци, Неготино, претпријатија во Росоман, автопревоз и други услужни дејности.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сирково живееле 1.471 жител, од кои 1.400 Македонци муслимани, 60 Македонци православни и 11 Роми.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци и 100 Турци.[4]
Според пописот од 2002 година селото има 603 жители од кои: 474 Македонци, 127 Срби и 2 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 476 жители, од кои 396 Македонци, 59 Срби, 7 останати и 14 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 719 |
1953 | 493 | — | — | — | — | 242 | ... | 1 | — | 736 |
1961 | 556 | — | 4 | ... | ... | 300 | ... | 33 | — | 893 |
1971 | 611 | — | — | — | ... | 266 | ... | 17 | — | 894 |
1981 | 556 | — | — | — | — | 212 | ... | 7 | — | 775 |
1991 | 520 | — | — | — | — | 151 | ... | 30 | — | 701 |
1994 | 498 | — | — | — | — | 154 | ... | 5 | — | 657 |
2002 | 474 | — | — | — | — | 127 | — | 2 | — | 603 |
2021 | 396 | — | — | — | — | 59 | — | 7 | 14 | 476 |
Сирково било македонско муслиманско село, сега е доминантно православно село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Во селото постои избирачкото место бр. 717 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Крушевица.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 464 гласачи.[10]
Во атарот на Сирково се познати следниве археолошки наоѓалишта:[11]
Муслиманите од селото се имаат иселено во Турција.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.