Remove ads
град во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Кавадарци — град во југоисточниот дел на Повардарието, во Јужна Македонија и претставува центар на Тиквешијата.
Кавадарци | |||
---|---|---|---|
град | |||
Црквата Света Петка | |||
Местоположба на Кавадарци во Македонија | |||
Координати: 41°26′00″N 22°00′00″E | |||
Држава | Република Македонија | ||
Регион | Вардарски Регион | ||
Општина | Општина Кавадарци | ||
Првпат споменат во | 1519 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Митко Јанчев (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
Надм. вис. | м | 250||
Население (2021) | |||
• Вкупно | 32,038 | ||
Демоним | Кавадарчани (мн.) | ||
Час. појас | UTC+1 | ||
• Лето (ЛСВ) | UTC+2 (UTC) | ||
Рег. таб. | KA | ||
Мреж. место | www.kavadarci.gov.mk |
Според некои извори, етимолошки, името Кавадарци потекнува од грчкиот збор kavadion што значи „наметка од скапоцена ткаенина“, а кавадарчани биле изработувачи на таа ткаенина.
Градот се наоѓа во средишниот дел на котлината и областа Тиквеш и претставува нејзино централно место. Оддалечен е 10 километри западно од најблискиот град Неготино, 105 километри јужно од главниот град Скопје, а западно преку Дреновската Клисура и превојот Плетвар е поврзан со Прилеп (51 км), кој продолжува кон Битола, Ресен и Охрид. Градот Кавадарци е распослан на двата брега на реката Луда Мара, во правец север-југ, и претставува рамничарска населба сместена на надморска височина од 278 метри.
Градот содржи десет булевари: Западен булевар, Северен булевар, Моша Пијаде, Цветан Димов, Вељко Влаховиќ, Македонија, Никола Минчев, Блажо Алексов, Видео Смилевски - Бато, и Кочо Рацин. Други поважни улици во градот се: Илинден, Шишка, Седми Септември, Мито Хаџивасилев - Јасмин, Вишешница, Страшо Пинџур. Исто така градот има осум кружни текови.[1]
Населбата Кавадарци првпат се споменува во 1519 година, како мала рурална населба во состав на Ќустендилскиот санџак. Во 1664 година, Евлија Челебија го посетил Кавадарци (Тиквеш), кој оставил запис за кавадаречката чаршија, која тогаш организиран градски живот. Наведува дека гратчето е центар на каза со 70 живи села и има 300 покриви со куќи од ќерамиди. Има четири маала, три џамии и една убава бања. Има два ана за трговци и чаршија со околу 74 дуќани.[2] Кавадарци најпрво е седиште на нахија во рамките на Струмичката каза, а од XVII век - претставува самостојна каза. Образованието во Кавадарци има длабоки корени и богата традиција, а првите келејни училишта се отворени во просториите на Моклишкиот, Полошкиот и Бошавскиот Манастир во текот на XVIII и XIX век. Населбата се споменува и во турски документи од 1823 година. Во документот Кавадарци е спомнат како мала населба („касаба“) со околу 2.000 жители во крајниот источен дел на тогашниот Битолски вилает. Во својот напис целосно посветен за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“, објавен во „Цариградски Весник“ на 12 февруари 1855 година, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот запишал дека село Кавадарци (Говедарци) има една голема и красна црква и едно мало училиште, три мошеи (џамии), еден часовник (сахат), една стара висока кула (столп) каде што седат ајан и кадија[3]. Ова укажува дека уште кон средината на XIX век Кавадарци бил средишно (централно) место на целата тиквешка област каде што биле сместени судот (кадијата) и управните власти. Како град Кавадарци почнува да се развива во почетокот на XIX век, меѓутоа во околината се наоѓаат археолошки ископини што укажуваат дека овде постоела населба уште во античко време и во средниот век. Како сведоци од средниот век се многуте прекрасни средновековни цркви и манастири во околината особено околу пештерите на бреговите на Тиквешкото Езеро.
Во средината на јули 1894 година, по иницијатива на Даме Груев бил основан вториот комитет на МРО. Во составот на комитетот биле:
Како обележување на тој миг, Советот на Општина Кавадарци во јули 1999 година поставил спомен плоча во градот.
Главна статија Тиквешко востание
Во јуни 1913 година, градот Кавадарци претставува еден од центрите каде избувнало Тиквешкото востание, кое претставува првиот народен вооружен отпор против новата српска власт. Востанието е предизвикано од насилствата кои биле вршени од српските окупаторски власти врз македонското население при напорите за асимилација и посрбување. Со поддршка на ВМРО е свикано собрание со делегати од речиси сите места во Тиквешијата каде што е едногласно решено да се крене востание и да се создаде востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај, меѓу кои биле: Дончо Лазаров, Михаил Шкартов, Коце Сеизов, Диме Пинџуров, Тодор Камчев и други. На востанието учествувале околу 1 000 востаници, од кои 200 биле обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите биле комити од четите на ВМРО. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, и покрај Неготино и Кавадарци, ослободени се и педесетина села во областа Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена. На 25 јуни српските војници го задушуваат востанието, опожаруваат голем дел од Кавадарци, а меѓу другото и над 60 дуќани и богати куќи биле ограбени.
Спомен-костурницата во Кавадарци претставува монументален споменик кој симболизира стара македонска куќа која претставува вечен дом на паднатите борци. Во неа се сместени посмртните останки на загинатите борци од Кавадарци, жртви на фашистичкиот терор од НОВ во периодот од 1941-1945 година, кои се наоѓале во непосредна близина на Кавадарци. Во нејзината внатрешност на гранитни плочи се испишани нивните имињата. Спомен костурницата е изработена од бетон. Откриена е на 7 септември 1976 година. Таа е дело на професорот на Архитектонскиот факултет од Скопје, Петар Муличковски.
Објектот се наоѓа на надморска височина од 305 метри и од таму се гледа панорамата на Кавадарци и на Тиквешијата. Таа претставува стилизирана македонска куќа оградена со бетонски ѕидови со дебелина од 3 метри. Долниот заграден дел го претставува внатрешниот двор на куќата кој продолжува во надворешен двор во форма на амфитеатар. Во долниот дел се влегува преку две железни врати (јужна и северна) на кои се претставени гроздови. Тие водат во отворениот дел на костурницата каде е сместена галеријата на хероите. Порано ѕидовите биле празни и во нив биле сместени моштите на загинатите, но во последните неколку години нивните ковчежиња за да се заштитат се преместени во градскиот музеј. Тука се наоѓаат дваесетина формирани мермерни плочи на кои се испишани повеќе од триста имиња, поточно 328 имиња на борци кои се загинати во НОВ. Потоа преку скалила во средината на објектот кои спирално водат нагоре, се влегува во затворениот дел со висина од 12 метри, кој претставува стилизирана македонска куќа со инспирација од охридска куќа. Овој затворен дел е поделен на два ката кои асоцираат на чардаци во чии ѕидови има отвори кои ги симболизираат прозорците.
Населението во градот, а воопшто и во целиот регион најмногу се занимава со лозарство. Најзначајни стопански објекти се Винарската визба „Тиквеш“, Металуршкиот комбинат за фероникел „ФЕНИ“, индустријата за градежни материјали и челични конструкции „ИГМ“, тутунскиот комбинат „Алајанс Уан Македонија АД“, фабриката „Металекс“, стовариштето за градежни материјали "Златибор, а во поново време во огромен подем се и многуте приватни винарии и винарски визби како што се „Чекоров“, „Попов“ и др. Во најново време стопанството во Кавадарци бележи поголем подем со изградбата и отворањето на германската фабрика за делови во автомобилската индустрија „Дрекслмаер“ во која работат околу 6.000 лица од Кавадарци и околните градови Неготино, Прилеп и Велес.
Во градот постои Автобуската станица - Кавадарци која врши превоз на патници од и до Скопје, Велес, Неготино, Прилеп, Ресен, Охрид, Струга, Струмица, Демир Капија, Валандово, Гевгелија, Белград, Софија.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кавадарци живееле 5.092 жители, од кои 1.950 Македонци православни, 3.000 Македонци муслимани, 120 Роми и 32 Власи.[5]
Според пописот од 1931 година, Кавадаречкиот срез (на денешните општини Кавадарци и Росоман) како дел од Кралството Југославија имал 23.919 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 4.850 Македонци, 200 Турци, 25 до 50 Албанци и 50 други жители.[7]
Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Кавадарскиот срез имало 40.617 жители, од кои 6.228 во градот Кавадарци, 2.683 во Неготино, а 31.706 во селата (Тиквеш, Бошава, Витачево). Од етнички аспект, населението го сочинувале 37.098 (91,3 %) Македонци, 1.480 (3,64 %) Турци, 1.410 (3,47 %) Срби, 137 Власи, 127 Роми и 365 останати.[8]
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 29.188 жители и спаѓал во групата на средни градови.[9] Ако се земе предвид дека населените места Глишиќ (1.362 ж.) и Ваташа (3.502 ж.) се скоро споени со Кавадарци, тогаш пошироката територија на град Кавадарци вклучува население од 34.052 жители (33.125 Македонци).
Етнички гледано, населението (без Глишиќ и Ваташа) е составено од:[10]
Националност | Вкупно |
Македонци | 28 354 |
Албанци | 2 |
Турци | 151 |
Роми | 368 |
Власи | 22 |
Срби | 159 |
Бошњаци | 4 |
Други | 128 |
Во градот се зборуваат следниве јазици[10]:
Во Кавадарци се застапени следните религиски групи[10]:
Религија[10] | ||||
---|---|---|---|---|
православие | 96,65 % | |||
ислам | 2,66 % | |||
други | 0,60 % | |||
католицизам | 0,08 % | |||
протестантство | 0,01 % |
Вероисповед | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
православни | 28.210 | 96,65 |
муслимани | 776 | 2,66 |
католици | 24 | 0,08 |
протестанти | 3 | 0,01 |
други | 175 | 0,60 |
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Кавадарци:
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 6.228 |
1953 | 6.809 | 6 | 493 | 35 | 0 | 108 | — | 99 | — | 7.550 |
1961 | 10.634 | 5 | 421 | — | — | 197 | — | 152 | — | 11.409 |
1971 | 17.136 | 31 | 459 | 52 | — | 285 | — | 207 | — | 18.170 |
1981 | 23.271 | 24 | 387 | 145 | 3 | 276 | — | 450 | — | 24.556 |
1991 | 27.420 | 0 | 110 | 501 | 6 | 275 | — | 313 | — | 28.625 |
1994 | 27.388 | 1 | 176 | 358 | 17 | 235 | — | 113 | — | 28.288 |
2002 | 28.354 | 2 | 151 | 368 | 22 | 159 | 4 | 128 | — | 29.188 |
2021 | 28.815 | 24 | 134 | 606 | 29 | 111 | 9 | 223 | 2.087 | 32.038 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Музеј-галерија
Музеј-галерија од Кавадарци како институција од областа на културата е основана со одлука на Собранието на Општина Кавадарци на 7.9.1973 година. На 6 септември 1976 година, со отворањето на ликовната изложба на словенечкиот сликар Марио Вилхар официјално почнува со работа.
Музеј-галеријата е институција отворена за јавноста, има образовна улога, со цел да развива интерактивна комуникација со посетителите, и преку презентација на движното и недвижното наследство да привлекува поширока публика.
Во склоп на музејот делуваат археолошко, етнолошко, историско одделение, одделение за заштина на споменици на културата, оддел за историја на уметност и галерија каде годишно се случуваат десетина изложби, спомен соба на Васил Хаџиманов и спомен соба на Никола Бадев. Музејот исто така има и неколку постојани поставки: археолошка, етнолошка, историска поставка и поставка за традиционална подготовка на храна и вино.
Во 2002 година во градскиот парк во Кавадарци се отвори локален Вински музеј за регион Тиквеш - Кавадарци каде што во неколку поставки е претставена историјата на Тиквешкиот Регион во производството на грозје и вино. Меѓу експонатите се наоѓаат и апарат за мерење на шеќерност во виното од 1534 година, таканаречениот фрижидер - ледара од 1934 година во кој своевремено се носел лед од таканаречените ледари од месноста ,Мечкина дупка кај Кавадарци.[11] Покрај музејските експонати и фотографии, во музејот се наоѓа и колекција на вина за дегустација.
Основни училишта
Средни училишта
Високо образование
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.