Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Васил Хаџиманов (Кавадарци, 14 јануари 1906 - Скопје, 16 декември 1969 ), македонски етномузиколог и педагог.
Васил Хаџиманов | |
---|---|
Роден/а | 14 јануари 1906
Кавадарци, Солунски Вилает, Османлиска Империја |
Починат/а | 16 декември 1969 63) Скопје, СР Македонија, СФРЈ | (возр.
Занимање | етномузиколог, педагог |
Жанр | народна музика |
По завршувањето на основното образование во родниот град, учел во Гимназија во Велес и Скопје, а подоцна студирал на Правниот и Филозофскиот факултет во Белград. Во 1935 година магистрирал фармација во Загреб. Дотогаш неколкупати ја посетувал музичката школа во Белград но, и покрај големата желба, не успеал да ја заврши. Сепак, во 1955 година дипломирал на музичката група на Педагошката академија. Меѓу најзначајните негови дела спаѓаат „Зборникот на македонски народни песни“, „Соборски народни песни“, „Македонски борбени народни песни“ и „Моми тиквешанки“. Освен што бил заслужен за собирањето и пропагирањето на македонскиот фолклор, се интересирал и за неговите одлики, за што сведочат големиот број на реферати и научни студии. Освен што бил познат како пасиониран истражувач кој постојано бил во потрага на националното музичко богатство на Македонија, тој бил и колекционер на околу 8.000 македонски народни песни и ора, од кои 5.000 биле средени во зборници, а 700 од нив биле албански. За својата дејност добил бројни признанија и награди, меѓу кои наградата на Владата на НР Македонија, а бил член и на здружението на етномузиколозите во Њујорк, како и Интернационалното здружение на музичките фолклористи во Лондон.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.