Македонски Турци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Македонски Турци

Македонски Турци (турски: Makedonya Türkleri) — трета по големина народност и второ по големина етничко малцинство во Македонија. Во пописот во 2002 година во Македонија како етнички Турци се изјаснале 77.959 граѓани или приближно 4% од вкупното население. Турците во Македонија се признато и полноправно малцинство. Единствената нивна религија е исламот. Народен празник на Турците во Македонија е „Денот на наставата на турски јазик“ (21 декември).

Thumb
Карта на Турците во Македонија (2021)

Турците, културата, правата и населението

Кратки факти Турци во Македонија Makedonya'daki Türkler, Вкупен број на населението ...
Турци
во Македонија
Makedonya'daki Türkler
Thumb
Вкупен број на населението

77.959

Региони со значително население
Скопје, Гостивар, Радовиш, Струмица, Битола, Тетово, Ресен
Јазици
турски, македонски
Религии
ислам
Поврзани етнички групи
Турци и сродни народи
Затвори

Над 77.000 Турци во Македонија зборуваат турски јазик на посебен и единствен македонски акцент. Турците сочинуваат околу 12% од населението во државата со исламска вероисповед. Во одредени македонски основни училишта во чија околина има мнозинство Турци има часови на турски јазик, но според закон наставата се држи со македонски учебници. Настава на турски се држи и во приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Турците се полноправни граѓани во Македонија, имаат радио и телевизиски канал во кој програмата се емитува единствено на турски јазик. Исто така Македонската телевизија емитува секој ден неколку часови со програма на турски јазик. Турците исто така имаат своја партија Демократска партија на Турците на Македонија која има свој градоначалник во Центар Жупа (турски: Merkez Jupa) во која преовладува турското население (околу 80%).

Бројот на Турците во Македонија денес и во историјата

Бројот на турското население во историјата според пописите

Повеќе информации Попис, Македонски Турци ...
Број на Турците во Македонија според пописите[1]
Попис Македонски Турци Вкупното население на Македонија % Македонски Турци
1953203.9381.304.51415,63%
1961131.4841.406.0039,35%
1971108.5521.647.3086,58%
198186.5911.909.1364,53%
199177.0802.033.9643,78%
199478.0191.945.9324%
200277.9592.022.5473,85%
2021 70.961 1.836.713 3,86%
Затвори

Турско население по општини според пописот во 2002

Thumb
Распределба на македонските Турци
Thumb
Број на Турците во Македонија (2021)

*Дел од населението претставуваат Македонци со исламска вероисповед, но поради политичко-религиски причини, се декларирале како Турци.

Список на македонски Турци

Повеќе информации Име, Време на живеење ...
Име Време на живеење Професија Турски линк
Џемаил Максут 1933 - 2001 Глумец
Ердоган Максут 1959 Глумец
Ајри Демировски 1927 - 2009 Музичар, автор на песната „Битола, мој роден крај“
Салаетин Билал 1942 - 2018 Глумец
Мустафа Јашар 1946 - 2024 Глумец
Атила Клинче 1958 Глумец, Функционер, Поранешен директор
Хади Незир 1952 Политичар
Армандо Алемдар 1972 Уметник [2]
Текин Арибурун 1905-1993 Командер во Турската армија [3]
Муамет Асановски 1991 Спортист [4]
Хусеин Авни Непознато-1915 Командер во Отоманската армија
Јахја Кемал Бејатли 1884-1958 Поет и автор [5]
Шебнем Ферах 1972 Пејачка
Илами Халими 1975 Спортист
Копрулу Хамди 1888-1920 Војник
Елјеса Касо 1961 Глумец
Срѓан Керим 1948 Дипломат
Октај Махмути 1968 Спортист
Али Фети Окјар 1880-1943 Дипломат
Јксел Османовски 1977 Спортист
Ќазим Озалп 1880-1968 Турски војник и политичар
Сибел Реџеп 1987 Пејач
Ерол Ризаов 1950 Новинар
Ерман Шабан 1983 Глумец
Ертан Шабан 1977 Глумец
Ариф Сентурк 1941 - 2022 Пејач
Тахсин Јазици 1892-1971 Офицер во Турската војска
Хусеин Авни Заимлер 1877-1930 Турски војник
Беркан Ахмет 1986 Пејач
Џеди Осман 1995 Спортист
Ердал Ракип 1996 Спортист
Затвори

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.