Брвеница

село во Општина Брвеница From Wikipedia, the free encyclopedia

Брвеницаmap

Брвеница — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово. Претставува едно од најразвиените села во Тетовско. Селото претставува административно седиште на истоимената општина.

Кратки факти
Брвеница
Thumb
Брвеница
Местоположба на Брвеница во Македонија
Брвеница на карта

Thumb

Координати 41°58′2″N 20°58′50″E
РегионДолни Полог
Општина Брвеница
Население3.102 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1216
Шифра на КО28005, 28505
Надм. вис.436 м
Брвеница на општинската карта
Thumb

Атарот на Брвеница во рамките на општината
Брвеница на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Се наоѓа во Долни Полог на околу 4 км јужно од Тетово на надморска височина од 440 м, на левата страна од реката Темишница (лева притока на реката Вардар). Низ атарот на селото Брвеница поминува и најголемата река во Република Македонија - Вардар. Селото се наоѓа близу до планината Сува Гора и има одличен поглед кон Шар Планина. Заедно со селото Долно Седларце претставува една голема современа населба.

Стопанство

На територијата на Брвеница постојат неколку стопански субјекти во кои се вработени повеќето од жителите на селото. Позначајни стопански субјекти се Земјоделскиот комбинат "Вардар" и мелницата за преработка на сточна храна "Агро Слога". Бидејќи селото се наоѓа во Полошката Котлина, една од најплодните рамници во Република Македонија, населението од селото се занимава со полјоделство, овоштарство и интензивно сточарство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948449    
1953511+13.8%
1961793+55.2%
19711.352+70.5%
19812.257+66.9%
ГодинаНас.±%
19912.681+18.8%
19942.700+0.7%
20022.918+8.1%
20213.102+6.3%
Затвори

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брвеница живееле 105 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брвеница имало 962 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

По Балканските војни е забележано со 90 жители.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Брвеница — село во Брвеничка општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез и има 20 куќи со 119 жители, Македонци и Албанци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.918 жители, од кои 2.834 Македонци, 68 Срби и 15 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.102 жители, од кои 2.973 Македонци, 1 Албанец, 1 Ром, 37 Срби, 1 Бошњак, 21 останат и 68 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 105 962 449 511 793 1.352 2.257 2.681 2.700 2.918 3.102
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Добар дел од населението на Брвеница се наоѓа на привремена работа во странство: Германија, Италија, Англија, САД, Канада, Австралија.

Родови

Брвеница е македонско-српско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

  • Македонски: Ѓушевци (3 к.), Анчевци (1 к.) и Шише (1 к.) староседелци; Цветковци (1 к.) доселени се однекаде во турско време; Пауновци (5 к.) доселени се од денес албанското село Лисец, најпрво во Тетово, па во Брвеница; Бонковци (4 к.) доселени се од селото Милетино, уште подалечно потекло имаат од Порече; Руфатовци (5 к.) доселени се исто така од селото Милетино, они се полошки староседелци; Лучковци (3 к.) се сметаат за стари доселеници, доселени се од селото Рогачево, во Рогачево биле староседелци; Рибаровци (2 к.) доселени се од денес албанското село Синичане; Павлевци (3 к.) и Стаматовци (2 к.) доселени се од денес албанското село Жеровјане, во првиот род се знае следното родословие: Веселин (жив на 20 г. во 1940-тите) Михаил-Павле, кој се доселил; Николовци (1 к.) доселени се во турско време однекаде; Тасевци (1 к.) доселени се од Долна Лешница, подалечно потекло од Порече (од Сушица или Брезница); Поречани или Аризановци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Рамне, Порече; Атанасковци (1 к.) доселени се од селото Туденце, таму биле староседелци; Марковци (1 к.) доселени се од селото Никифорово; Николовци (1 к.) потекнуваат од предок домазет доселен од некое полошко село во 1920 година; Симо Богојески (1 к.) доселен од Тетово во 1924 година, подалечно потекло од северна Албанија (Љума); Ристовци (1 к.) доселени се од Саракино, таму се доселени од селото Брест, Порече средината на XIX век; Лазо Петрески (1 к.) доселен 1928 година од селото Беловиште, таму припаѓал на родот Пејчиновци; Филиповци (3 к.) доселени се во 1928 година од селото Звечан, Порече; Пројко Стојкоски (1 к.) доселен во 1928 година од селото Манастирец, Порече; Неделковци (2 к.) доселени се од Тетово, а таму се доселени од селото Драјчиќи кај Средска (Косово); Митре Јовчески (1 к.) дојден како домазет од Блаце (влегол во родот Анчевци); Савевци (1 к.) и Војновци (1 к.) доселени се од селото Непроштено; Тодоровци (1 к.) доселени се од селото Жилче; Симоновци (1 к.) доселени се од селото Долно Палчиште; Кузмановци (2 к.) доселени се од селото Волковија; Серафимовци (1 к.) доселени се од селото Беловиште; Грујевци (1 к.) и Златевци (1 к.) доселени се од селото Радиовце; Спировци (1 к.) доселени се од селото Стенче; Несторовци (1 к.) доселени се од селото Беловиште; Сиљановци (1 к.) доселени се од селото Галичник; Трајковци (1 к.) и Писевци (1 к.) доселени се од селото Лазарополе; Андоновци (1 к.) доселени се од селото Горно Мелничани; Лауревци (2 к.), Анѓелевци (5 к.) и Дупљевци (1 к.) доселени се од селтоо Луковица. Првите два рода подалечно потекло имаат од Прилепско, а третиот од областа Матија во Албанија.
  • Српски: Анѓелковиќи (1 к.) доселени се од Лапово; Глишиќи (3 к.) доселени се од Прокупље; Јаниќи (1 к.) доселени се од селото Коњица кај Мостар (БиХ); Стефановиќи (1 к.) и Стојановиќи (1 к.) доселени се од селото Божурна кај Прокупље; Миленковиќи (1 к.). Помеѓу 1928 и 1931 година во селото се доселиле 38 семејства од Србија, Црна Гора, Херцеговина и Лика.[13]

Општествени установи

Thumb
Училиште „Кочо Рацин“.
Цркви

Во селото има осумгодишно основно училиште “Кочо Рацин“, парк во центарот на селото каде се наоѓа споменикот на паднатите борци за време на НОВ. Во селото има стандардно фудбалско игралиште на кое се одржуваат фудбалски средби. Постои амбуланта со постојано вработен лекар и медицински сестри. Во селото постојат повеќе авто-сервиси, дискотеки, кафе-барови, интернет кафеа, продавници. Селото Брвеница има изработено и урбанистички план со што Брвеница е едно од најурбанизираните села во Република Македонија.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2033, 2034 и 2035 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.539 гласачи.[16]

Редовни настани

Thumb
Црква „Св. Атанасиј“.

Во Брвеница постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:

  • Одбележување на Божиќ (6 јануари)
  • Водици (19 јануари)
  • Празникот св. Атанасиј (31 јануари) посветен на црквата св. Атанасиј во Брвеница
  • Прославување на празникот Илинден (втори август)

Култура и спорт

Thumb
Амблемот на ФК Вардар
  • Тумба - археолошко наоѓалиште од неолитот[17]

Последниве години поради немањето финансиски средства, згасна познатиот ФК Вардар од Брвеница.

Селски маала и други топоними

Во селото Брвеница и неговата околина се употребуваат следниве топоними: Дубрава · Бара · Бел мост · Бент · Брегови · Гробишта · Игралиште · Јурија · Корија · Коњобара · Ладнача · Пржоа бавча · Седралечки мост · Седралечки пат · Фонтана · Стадион · Центар · Црквино · Шаторица · Школско • Вочњак

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.