Долнени
село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia
Долнени — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Селото е седиште на истоимената општина.
Долнени | |
Поглед на Долнени | |
Координати 41°25′35″N 21°27′13″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Долнени |
Област | Прилепско Поле |
Население | 300 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7504 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20032, 20532 |
Надм. вис. | 622 м |
Долнени на општинската карта Атарот на Долнени во рамките на општината | |
Долнени на Ризницата |
Долнени се наоѓа во Прилепското Поле, во јужниот дел од територијата на истоимената општина, недалеку од патот Прилеп-Македонски Брод. Селото е рамничарско и се протега на надморска височина од 622 м. Неговиот атар зафаќа површина од 14,2 км2. Од Прилеп е оддалечено 15 км.[2]
Се претпоставува дека во близина на селото во минатото постоеле други населби во месностите: Пречна, Слатина и Могила. Денешното село се смета дека е основано по пропаста на тие населби. Најстар познат род од селото се Јанкуловци. Во отоманско време, селото најпрвин било рајатско, а потоа насилно биле формирани чифлизи.[3]
Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. Во 1912 година, во селото биле затекнати шест турски чифлизи во сопственост на: Мустафа-ефендија, Усеин-ефенди, Асан-ага, Гусак, Мемет Алија и Абдула; како и еден христијански на Аџи-Поповски.[3] Во Првата балканска војна, 7 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]
Селото има полјоделска функција. Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште праовладува на површина од 1.198,4 ха, пасиштата зафаќаат површина од 174,2 ха, а на шуми отпаѓаат 2,8 ха.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долнени било село со 72 домаќинства и 350 жители Македонци.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долнени имало 650 жители Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Долнени било село со 480 жители Македонци.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долњани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[9]
Долнени било најголемо село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 858 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 424 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Долнени живеат 375 жители, од кои 374 Македонци и 1 останат.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 300 жители, од кои 287 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 11 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 650 | 480 | 900 | 898 | 858 | 685 | 579 | 460 | 424 | 375 | 300 |
Долнени е македонско село.
Родови во селото се:
Во селото работи основното училиште „Пецо Даскалот“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[17] Освен тоа, во селото има амбуланта, пошта, дом на културата, земјоделска задруга, ветеринарна станица, продавница и угостителски објекти.[2]
Селото е седиште на истоимената општина од 1952 година.
Во селото постои избирачкото место бр. 1489 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 275 гласачи.[19]
Селото е опеано во народната песна „Отидов в село Долнени“ во изведба на оркестарот на Стевче Стојковски. Песната е во продолжение:
„ |
Отидов в село Долнени, де, На сено велам, говорам, де, Како што се вене млад јунак, де, Море, што ќе биде селанче, де, |
“ |
Секоја година во селото Долнени во месноста Рудина се одржува фестивалот на народни иструменти, ора и игри, посветен на светски познатиот гајдаџија Пеце Атанасовски кој бил од ова село.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.