From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонско-одрински доброволни чети или Македонско-одринско доброволство, во бугарската историграфија и во постарата македонска историска литература се сретнува како Македонско-одринско ополченство или МОО (бугарски: Македоно-одринско опълчение) — македонско-одринска доброволна воена формација во рамките на бугарската армија за време на Балканските војни.
Македонско-одрински полк | |
---|---|
Активна | 1912–1913 |
Земја | Бугарија |
Битки | Балкански војни |
Генералот Иван Фичев, со наредба од 26 септември 1912 година сите партизански чети и одреди формациски ги вклучил во составот на Македонско-одринскиот полк. Со тоа македонските и одринските одреди и чети станале дел од бугарската армија и ја примиле нејзината организациона структура - одделенија, водови, чети. Со истата наредба, Штабот на партизанските одреди бил преименуван во Штаб на Македонско-одринските доброволни чети, односно во Штаб на доброволни баталјони. За главен командант на Штабот е поставен генерал-мајор Никола Генев. Негов помошник е потполковник Александар Протогеров, а мајорот Петар Дрвингов е поставен за началник на Штабот. До 26 септември 1912 година, Штабот на доброволните баталјони располагал со 6.500 доброволци и само со шест офицери.
Формацијата на доброволните баталјони ја изработил Дрвингов. Бројната состојба на баталјонот требало да изнесува 1.079 лица. Во еден баталјон имало четири чети од по 215 луѓе, една неборбена чета и органи за опслужување. Борбените чети се состоеле од четири вода по 49 луѓе и органи за опслужување. Водот се состоел од шест одделенија со по осум луѓе. До крајот на септември 1912 година, од македонската емиграција биле формирани пет баталјони: Дебарски, Скопски, Битолски, Охридски и Солунски. Од вкупниот број на формираните чети во Бугарија при крајот на септември 1912 година, во Македонија биле префрлени 52 партизански чети, од кои 17 во Битолскиот округ, полковник Стефан Николов, на втората потполковник Антон Пчеларов и на третата бригада потполковник Александар Протогеров. Во целост, Македонско-одринското ополчение се состоело од штаб, од три бригади од по четири баталјони, музика, воена болница, интендантска чета, огненострелачки парк, снабдувачки транспорт и инженерско-технички дел.
Вкупната бројна состојба на Македонско-одринскиот полк во пролетта 1913 година изнесувала 14.670 луѓе, од кои 11.470 од Македонија, 1.215 од Одринска Тракија и 2.512 од Царство Бугарија. По добивањето оружје од бугарската армија, Македонско-одринскиот полк веднаш бил префрлен на фронтот во Тракија. На Тракискиот фронт Штабот на Македонско-одринскиот полк бил распуштен, а бригадите препотчинети. Првата бригада е ставена под команда на Хајреболскиот одред, втората добила задача да се концентрира југоисточно од Мустафапаша (денес Свиленград) и да настапува кон Димотика и Дедеагач. Третата бригада влегла во состав на Ѓумурџинската група, односно во Крџалискиот одред. На 7 ноември 1912 година започнале борбените дејства. Македонските доброволци, се покажале мошне борбени и успеале уште во првиот налет да ги принудат силите на Јавер-паша на повлекување, при што Турците имале бројни загуби. Во меѓувреме биле формирани уште три доброволни баталјони: Кукушкиот, Воденскиот и Штипскиот. Со нив била засилена секоја бригада со уште по еден баталјон.
Втора Скопска дружина, со командир потпоручник Иван Минков Трета Солунска дружина, со командир ротмистар Димитар Атанасов Четврта Битолска дружина, со командир потпоручник Владимир Каназирев Тринаесетта Кукушка дружина, со командир капетан Тодор Пенев
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.