Лозово

село во Општина Лозово From Wikipedia, the free encyclopedia

Лозовоmap

Лозово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, на патот помеѓу Велес и Штип. Старото име на селото е Џумајлија. Претставува едно од најголемите штипски села, а воопшто и овчеполски. Селото е административно седиште на истоимената општина.

Кратки факти
Лозово
Thumb

Панорама на Лозово

Thumb
Лозово
Местоположба на Лозово во Македонија
Лозово на карта

Thumb

Координати 41°47′2″N 21°54′20″E
Регион Вардарски
Општина Лозово
ОбластОвче Поле
Население756 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2208
Шифра на КО24043, 24543
Надм. вис.324 м
Лозово на општинската карта
Thumb

Атарот на Лозово во рамките на општината
Лозово на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Селото Лозово се наоѓа во западниот дел на Овче Поле, оддалечено 15 километри североисточно од Велес и 19 километри југозападно од Свети Николе.

Историја

Лозово е населено уште од неолитско време, за што сведочат остатоците од две населби од тоа време.[2]

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.

Демографија

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 150 Турци.[3]

Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци.[4]

Лозово е средно по големина село, коешто во 1961 година имало 570 жители, а во 1994 година 946 жители, од кои 889 биле Македонци, 5 Турци, 39 Власи, 6 Срби и седум други.

На пописот од 2002 година, селото имало 896 жители и спаѓа во групата на големи села. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 889
Албанци 0
Турци 5
Роми 0
Власи 26
Срби 0
Бошњаци 0
останати 6

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948521    
1953625+20.0%
1961570−8.8%
1971766+34.4%
1981959+25.2%
ГодинаНас.±%
1991943−1.7%
1994946+0.3%
2002896−5.3%
2021756−15.6%
Затвори
Повеќе информации Година, Македонци ...
Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 521
1953 30 571 16 8 625
1961 520 3 13 7 27 570
1971 695 10 ... 8 56 766
1981 871 4 36 15 33 959
1991 874 5 40 13 11 943
1994 889 5 39 6 7 946
2002 851 8 26 6 896
2021 672 1 24 18 10 1 30 756
Затвори

Во пописот од 1953 година, 91 % од вкупното население го сочинувале Турци, кои во средината на 50-тите години масовно се иселуваат во Турција и на нивното место се населуваат Македонци од Кривопаланечко и Кратовско. Освен Македонците во Лозово живее и мала заедница на влашко население.

Родови

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото

Српски

  • Доселеници: Симо (1 к.), Томо (1 к.) и Нестор (1 к.) доселени се во 1923 година како колонисти. Последниот е од Хрватска, а другите од Србија.

Македонски

Албански

  • Доселеници: Доселени помеѓу 1954 и 1958 година. од околината на Гнилане (7 семејства). и од околината на Урошевац (4 семејства). Подоцна иселени.[7]

Општествени установи

Thumb
Црквата „Св. Петка“ во Лозово
  • Црква „Св. Петка“ - Лозово

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1706 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 645 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[2]

Спорт

Иселеништво

Од 1954 до 1958 година од селото се иселиле 66 турски семејства во Турција. Турците заминале во Измир и во местото Дургут во непосредна близина на Измир.[7]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.