Remove ads

Битолскиот Вилает (османски турски: ولايت مناستر, турски: Vilâyet-i Manastır) бил административно-управна единица во рамките на Османлиското Царство со седиште во Битола, формиран во 1864 година, со повремени територијални промени.

Кратки факти
ولايت مناستر
Vilâyet-i Manastır
Вилает на Османлиско Царство

1864–1912
 

 

Thumb
Местоположба на Битолски Вилает
Вилаетот во 1867–1912
Главен град Битола[1]
Историја
 - Основана 1864
 - Укината 1912
Население
 - 1911[2] 1.069.789 жит.
Денес во  Албанија
 Македонија
 Грција
Затвори
Thumb
Карта на Битолскиот Вилает од 1907 година

На чело на вилаетот стоел валија, со титула паша, кој бил назначуван со султанско ираде.

Кога бил формиран вилаетот го опфаќал речиси целиот Вардарски дел и западната територија од Егејскиот дел на Македонија, навлегувал длабоко на територијата на Албанија, а со помал дел и на грчка територија. Се простирал на територија од околу 32.000 км2. На север граничел со Косовскиот Вилает, на исток и југоисток со Солунскиот Вилает, на југ со Кралството Грција, на југоисток со Јанинскиот Вилает и на запад и северозапад со Скадарскиот Вилает.[3][4][5][6]

Кон крајот на 19 век вилаетот имал помеѓу 800.000 и 900.000 жители, а во 1908 година тој број пораснал на 1.000.576 жители. Во 1912 година престана да функционира Битолскиот вилает.

Remove ads

Територијално-административна поделба

Thumb
Битолскиот валија, снимен во ателјето на браќата Манаки, во Битола, 1908 година (оштетена плоча)

Во 1875 година во негов состав влегувале санџаците:

  1. Битолски санџак со казите: Битола, Корча, Прилеп, Охрид, Костур, Кожани, Населица (Анаселица), Лерин, Серфиџе, Кичево и Колоња.
  2. Призренски санџак со казите: Призрен, Тетово, Приштина, Ѓаковица, Пеќ, Гнилане, Вучитрн и Гусиње.
  3. Скадарски санџак со казите: Скадар, Подгорица, Тирана, Каваја, Акче Хисар (Круја) и Леш.
  4. Скопски санџак со казите: Скопје, Куманово, Штип, Крива Паланка, Радовиш, Кочани и Кратово.
  5. Дебарски санџак со казите: Горен Дебар, Елбасан, Долен Дебар и Мат.

Со формирањето на Скадарскиот Вилает во 1876 година, од Битолскиот Вилает бил одвоен Скадарскиот Санџак, а со формирањето на Косовскиот Вилает (во 1877 година), од Битолскиот Вилает биле одземени казите од Источна Македонија и од Косово, кои влегле во состав на новоформираниот Косовски Вилает.

Во 1878 година Призренската лига излегува со предлог Скадарскиот, Јанинскиот, Косовскиот и Битолскиот Вилает да се обединат во еден Албански Вилает.

Во 1912 година во состав на Битолскиот Вилает влегуваат: Битолскиот, Дебарскиот, Елбасанскиот, Корчанскиот и Сервискиот санџак.[7]

Remove ads

Расформирање

Битолскиoт Вилает за време на Првата балканска војна, 1912 година е окупиран и поделен помеѓу Кралството Грција, Кралството Србија и Кнежевството Албанија, со што и престанал да постои.

Битолски револуционерен округ

Thumb
Табеларен приказ на бројната состојба и составот на жандармеријата во Битолскиот Вилает. (Битола, 22 јули 1904)

Битолскиот револуционерен округ како дел од структурата на Македонската револуционерна организација делувал на територијата на Битолскиот Вилает. Тој бил најдобро организиран, опремен и вооружен револуционерен округ, масовно востанал во екот на Илинденското востание. По востанието округот е заплиснат од четите на Елиномакедонскиот комитет и Српското четничко движење, борбите траеле сè до Младотурската револуција. Револуционерниот округ постоел од 1894 до 1908 година.

Во текот на Првата балканска војна, револуционерите од битолскиот округ ги помагале српските и грчките војски против Отоманското Царство. Во текот на Втората балканска војна и Првата светска војна дел од поранешните револуционери на округот ја помагаат бугарската војска. Во 1919 година Тодор Александров ја формирал ВМРО (Автономистичка) и во духот на старата организациска поделба го возобновил Битолскиот револуционерен округ иако неговата територијата веќе била поделена помеѓу Кралството Југославија и Кралството Грција.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads