Ела[2] или елка[3] (науч.Abies) — род што опфаќа 48–55 вида на зимзеленииглолиснидрва од семејство на боровите (Pinaceae). Се среќава во планинските краишта на најголемиот дел на Европа, Азија, Северна и средна Америка и Северна Африка. Најсродно дрво на елата е кедарот (Cedrus).
Сите домородни видови достигнуваат височина од 10–80м и пречник на стеблото од 0,5–4м. Елите се разликуваат од другите членови на семејството на боровите по тоа што иглестите листови се држат на стебленцето со основата налик на вакуумска лепенка. Друга заедничка одлика се исправените цилиндрични шишарки долги 5–25см што се распаѓаат и испуштаат крилести семиња кога ќе узреат. Видовите се распознаваат по големината и распоредот на листовите, големината и обликот на шишарките, и по тоа дали малите лушпички се долги и издадени или кратки и скриени во шишарката. Шишарките се плодови на елите.
Дрвото на елата не е погодно за општа дрвена граѓа, но се користи смелено при изработката на иверка и груба граѓа. Бидејќи целиот род нема никаква отпорност на инсекти и гниење по сечата, се препорачува само за внатрешна столарија (на пр. костури за тули на ѕидови). Дрвото што ќе се остави изложено надвор не трае повеќе од 12 до 18 месеци, зависно од видот и климата.
Елата е најзастапена како новогодишна елка кој е празничен симбол за доаѓањето на новата година во земји како Република Македонија, и за Божиќ во католичките и протестантските земји. За оваа цел во Македонија најчесто се користи сребрената ела, а во другите земји и кавкаската, благородната, Фрејзеровата и балсамската ела. Разни дрвја од родот служат и за украс во градинарството. Вакви се корејската и Фрејзеровата ела, што даваат светло обоени шишарки дури и додека се мали (1–2м). Другите ели растат од 10 до 80 м во височина.
Schorn, Howard; Wehr, Wesley (1986). „Abies milleri, sp. nov., from the Middle Eocene Klondike Mountain Formation, Republic, Ferry County, Washington“. Burke Museum Contributions in Anthropology and Natural History. 1: 1–7.