From Wikipedia, the free encyclopedia
Добрејка (обична добрејка, полска салата, грпка, грбач или крес; науч. Lepidium sativum) — брзорастечка билка од семејството на зелките (Brassicaceae). Сродна е на поточарката и горчицата (сенф), и како нив, има остар вкус и арома.
Добрејка | |
---|---|
Млада добрејка | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Ред: | Зелковидни |
Семејство: | Зелки |
Род: | Добрејка |
Вид: | Обична добрејка |
Научен назив | |
Lepidiumus sativum L. | |
Ова едногодишно растение достигнува 60 см во висина, со многу гранки во горниот дел. Цветчињата се бели до розикави, сместени во гроздови на гранчиња и имаат пречник од само 2 мм.[1][2]
Добрејката пазарно се одгледува во Англија, Франција, Холандија и Скандинавија.[3]
Растението е собено погодно за хидропонско одгледување и добро успева ако се навадува со вода која е по малку базна. Во домашно одгледување, добрејката се набавува како расад.[3]
Фиданките се берат една до две недели по садењето, кога се високи 5–13 см.[4]
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 134 kJ (32 kcal) |
5,5 г | |
Шеќери | 4,4 г |
Влакна | 1,1 г |
2,6 г | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) лутеин зеаксантин | (43 %) 346 μг(38 %) 4.150 μг12.500 μг |
Тиамин (Б1) | (7 %) 0,08 мг |
Рибофлавин (Б2) | (22 %) 0,26 мг |
Ниацин (Б3) | (7 %) 1 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (5 %) 0,247 мг |
Витамин Б6 | (19 %) 0,247 мг |
Фолна кис. (Б9) | (20 %) 80 μг |
Витамин Ц | (83 %) 69 мг |
Витамин Е | (5 %) 0,7 мг |
Витамин К | (516 %) 541,9 мг |
Минерали | |
Калциум | (8 %) 81 мг |
Железо | (10 %) 1,3 мг |
Магнезиум | (11 %) 38 мг |
Манган | (26 %) 0,553 мг |
Фосфор | (11 %) 76 мг |
Калиум | (13 %) 606 мг |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Добрејката се додава во чорби, сендвичи и салати поради остриот вкус кој го дава.[4] Се јаде и во облик на из’ртени никулци, а семките можат да се користат како зачин наместо бибер, свежи или сушени.[3] Во Англија често се става во сендвичи заедно со варено јајце, мајонез и сол.
Семето на добрејката се користи како народен лек во Индија уште од древноста.[5] Семето се горчливо и се користи за загревање и прочистување, како тоник, афродизијак, за подобрување на видот, против скорбут, алергии и за подобрување на мокрењето. Помага во лечењето на астма, кашлици со искплукување, како топли облоги за шинати места, против лепра, кожни болести, дизентерија, пролив, спленомегалија, диспепсија, лумбаго, леукореја, скорбут и слабост во семето. Делува на симптомите на астмата и за подобрување на работењето на белите дробови.[6] Се смета дека семето има и хипогликемско својство,[7] а лепливата материја што се добива од нив може да биде замена за гумарабика и трагакант.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.