From Wikipedia, the free encyclopedia
Мисирка (науч. Meleagris) — род големи птици со потекло од Америка. Опфаќа два вида: еден е дивата мисирка (Meleagris gallopavo) од шумите на Мексико и САД, подоцна припитомената во облик на домашната мисирка, а другата е пауновата мисирка (Meleagris ocellata) со потекло од шумите на полуостровот Јукатан.[1] Мажјаците имаат забележлива месеста брадичка или израсток виснат од клунот. Како и многу други кокошковидни птици, мажјакот е поголем и многу пошарен од женката.
Мисирка | |
---|---|
Дива мисирка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Кокошковидни |
Семејство: | Фазани |
Потсемејство: | Мисирки |
Род: | Мисирка Линеј, 1758 |
Видови | |
M. gallopavo |
Родот и припаѓа на семејството на фазаните (Phasianidae) и е сместена во сопствено потсемејство мисирки (Meleagridinae) од редот на кокошковидните (Galliformes).[2]
Слика | Научно име | Обично име | Распределеност |
---|---|---|---|
Meleagris gallopavo | дива мисирка или домашна мисирка | шумите на Северна Америка, од Мексико (каде тие за прв пат биле припитомени од Маите)[3] до среднозападни и источни Соединети Држави и кон југоисточна Канада | |
Meleagris ocellata | паунова мисирка | шумите на полуостровот Јукатан, Мексико[1] | |
Пронајдени се фосили на разни изумрени видови мисирки, почнувајќи од раниот миоцен (пред ~ 23 мг)
Видот Meleagris gallopavo е јаден од луѓе. Најпрво биле припитомени од домородните народи на денешно Мексико од најмалку 800 п.н.е. па натаму. Потоа, овие припитомени или биле доведени во денешниот југозападен САД или самостојно се припитомиле по втор пат од домородното население во тој регион до 200 година п.н.е., најпрво користејќи ги за пердуви, кои биле користени на церемонии и за правење наметки и ќебиња.[4] Мисирките први биле јадени од домородните Американци околу 1100 година.[4] Во споредба со дивите мисирки, домашните мисирки се изборно одгледувани за да растат со поголема големина за нивното месо.[5][6] Жителите на Соединетите Држави често јадат мисирка во посебни прилики како на Денот на благодарноста или Божиќ.[7][8]
Во нејзините мемоари, Лејди Дороти Невил (1826–1913)[9] потсетува дека нејзиниот прадедо Хорејшио Волпол, I Оксфорски ерл (1723–1809), увезувал количина американски мисирки[9] кои биле чувани во шумата околу Волтертон Хол и со голема веројатност биле ембрионско јато за познатата раса на норфолшки мисирки во денешно време.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.