Remove ads
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
25 септември — 268-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (269-и во престапна година). Остануваат 97 денови до крајот на годината.
<< | септември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | |||||
2024 |
Настани:
1493 | Христофор Колумбо испловил од пристаништето во Кадис на своето второ патување кон Новиот Свет. |
1513 | Шпанскиот истражувач Васко Нуњес де Балбо ја поминал Панама и станал првиот Европеец кој го видел Тихиот Океан. |
1555 | Со мирот во Аугсбург, германските протестантски земји биле правно изедначени со римокатоличките. |
1825 | Меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, била пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железничкиот сообраќај. |
1940 | Во Норвешка на власт дошла квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Видкун Квислинг кој учестувал во германската агресија врз Норвешка во 1940 година, по што се прогласил за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа. |
1946 | Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност. |
1990 | Нелсон Мандела бил пуштен на слобода. |
1999 | Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“ излегол првиот број на весникот „Скок“. |
Родени:
1599 | Франческо Боромини — италијански архитект. |
1744 | Фридрих Вилхелм II — пруски крал. |
1866 | Томас Хант Морган — американски биолог и генетичар, основач на генетиката и добитник на Нобеловата награда во 1933 година. |
1896 | Сандро Пертини — италијански политичар, адвокат и новинар. |
1897 | Вилијам Фокнер — американски писател, добитник на Нобеловата награда за литература. |
1899 | Лео Јунек — хрватско-француски сликар. |
1903 | Марк Ротко — американски сликар. |
1944 | Мајкл Даглас — американски глумец и филмски продуцент. |
1951 | Боб Макаду — американски кошаркар и тренер. |
1955 | Карл-Ханјц Румениге — германски фудбалер. |
1961 | Хедер Локлир — американска глумица. |
1965 | Скоти Пипен — американски кошаркар. |
1968 | Вил Смит — американски глумец, продуцент и пејач. |
1969 | Кетрин Зета Џонс — британска глумица. |
1975 | Сергеј Тетјухин — руски одбојкар. |
1977 | Риналдо Ночентини — италијански велосипедист. |
1979 | Микеле Скарпони — италијански велосипедист. |
1984 | Златко Хорват — хрватски ракометар. |
Починале:
1849 | Јохан Штраус — австриски композитор. |
1943 | Нико Нестор — еден од најголемите раководители и борец на народноослободителното движење во Струга и струшко. |
1958 | Џон Вотсон — американски психолог |
1970 | Ерих Марија Ремарк — германски писател. |
1976 | Никола Бадев — македонски пејач на народни песни. |
1980 | Џон Бонам — англиски рок-музичар, член на групата „Лед цепелин“. |
2003 | Едвард Саид — палестинско-американски социо-културолошки теоретичар. |
2003 | Франко Модиљани — италијанско-американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1985 година. |
2006 | Петре М. Андреевски — македонски писател. |
2020 | Горан Паскаљевиќ — српски режисер. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.