род растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Смрча (науч. Picea) — род на иглолисни зимзелени дрва со околу 35 вида. Припаѓа на семејството на боровите (Pinaceae), а најзастапена е во умерениот појас и подрачјата со тајга ширум светот. Смрчите се големи дрва, со висина од 20–60 метри и се одликуваат со конусниот облик на крошната кога се млади. Игличките се четирирабни и прицврстени во снопчиња.
Во Македонија растат неколку вида на смрча, од кои како автохтона се јавува само обичната смрча (P. abies).[1] Бодликавата смрча (P. pungens) расте како доведен вид со стопанска намена.[2] Покрај нив, присутна е и омориката (P. omorika), која служи како парковско дрво, но и во шумите.
Низ Македонија минува самата јужна граница на ареалот на смрчата. Природни шуми од обична смрча има во сливовите на реките Пена и Радика, како и во мало изолирано подрачје во месноста Мурите во Беровско.[1]
Во светот постојат 35 видови на смрча.
Смрчата наоѓа примена како добро дрво за столарија и во градежништвото, и особено погодно за изработката на трупови на дрвени воздухоплови. Од ова дрво се прават многу жичени инструменти како што се гитарата, мандолината, виолончелото, виолината, резонантната кутија во средината на пијаното и харфата. Првото летало на Браќата Рајт, наречено Flyer („Летач“) било изработено од смрча.[3]
Бидејќи смреката не е отпорна на гниење и штетници откако ќе се исече и трае само 12-18 месеци ако е изложено надвор. Затоа, нејзиниот дрвен маетријал се препорачува да се користи само за внатрешно уредување.
Смрчата е од големо знчење за добивање на дрвена каша за изработка на хартија. Долгите конци на дрвото даваат цврст производ кој воедно лесно се бели.
Младите изданоци на смрчите и боровите се богати со витамин Ц.[4] Познато е дека капетанот Џејмс Кук правел алкохолен напиток од смрчини гранчиња што го пиела посадата за да се заштити од скорбут.[5][6] Ваквиот напиток постои и денес во северна Европа и Канада.
Од смолата на смрчата се правел катран пред да се појават денешните катрани од нафтени деривати.
Северномериканските староседелци ги користат тенките корења за плетење на кошници и зашивање на брезова кора при изработката на чунови.
Смрчата ужива популарност како украсно дрво во хортикултурата поради нејзината симетричност, и имаат често присуство во домовите како новогодишни елки (особено обичната смрча и омориката).
Понекогаш, смрчата се јавува како инспирација или тема во делата од уметноста и популарната култура, како:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.