Пена
река во Општина Тетово, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Пена, во постарата книжевност Тетовска Бистрица, Тетовска Река (во некои пишани извори позната и како Шарска Река.[1]) — најголемата шарпланинска река после Вардар во Полошката Котлина. Таа е и воедно најголема вардарска притока од шарпланинските реки. Во подалечното минато била нарекувана Хтетовчица
Пена | |
---|---|
![]() Пена во Тетово | |
![]() | |
Местоположба | |
Држава | Македонија |
Физички особености | |
Извор | Чабриолица/кај Џинибег, Шар Планина |
Устие | Вардар, кај Сараќино |
• координати | 41°59′00″N 21°03′03″E |
Должина | 29,7 км |
Големина на сливот | 192 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Вардар→ Егејско Море |
![]() |
Извор и устие

Извориштето на реката започнува кај месноста Чабриолица и Борислоица,[2] на јужната страна на циркот Џинибег, на некаде околу 2.400 метри надморска висина, во ливадеста зарамнина на височина.[3] Највисокиот извор (41.967096°N 20.769833°E) понекогаш пресушува, додека подолниот извор е повеќесезонски (41.972882°N 20.765493°E).
Од нејзина десна страна, во неа се вливаат водотеците на Кривошијска и Лешничка Река.[3] Горниот тек на реката е месно наречен Бозовска Река.[4]
Таа тече непосредно јужно од селата Бозовце, Вешала и Бродец.
Следни други притоки на Пена се: Чепеновска, Скакалска, Караниколска, Бродечка,[3] Пржина, Вејчка, и уште други 4 реки[5].
Поминувајќи низ самото средиште на Тетово, таа се спушта во полошкото поле, и кај селото Сараќино се влева во Вардар.
Особености
Извориштата на реката се на околу 2.500 метри надморска висина и со висинска разлика од околу 1.914 м. Реката е долга 29,7 км.
Значење
Пена има големе значење за градот Тетово и како симбол, а и како објект од голем економски потенцијал. Од туристичка гледна точка, реката со својот див планонски тек и прекрасни водопади, мами голем број на туристи. Од економски аспект реката е важна, бидејќи на неа се наоѓаат 4 мали хидроцентрали, од кои едната е прва хидроцентрала во Македонија.
Во 1979 година, по поројните дождови реката има надојдено и поплавено голем дел од Тетово, при што нанела големи штети.[6]
Галерија
- Реката по вливот на Кривошијска Река
- Реката по вливот на Лешничка Река
- Реката во средиштето на Тетово
- Реката во средиштето на Тетово
Поврзано
- Клисура на Пена
- Шарски хидроцентрали
- Шарпланински реки
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.