Бозовце
село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia
Бозовце (албански: Bozofci или Bozovcë) — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово. Бозовце е село од збиен вид, со тесни и стрмни улички.[2]
Бозовце | |
Бозовце во 2023 година | |
Координати 42°3′11″N 20°49′41″E | |
Општина | Тетово |
Население | 174 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 28004, 28504 |
Бозовце на општинската карта Атарот на Бозовце во рамките на општината | |
Бозовце на Ризницата |
Бозовце е сместено во долината Лешница на Шар Планина. Бозовце и неговиот атар се наоѓаат на западниот раб на Општина Тетово. На исток граничи со селото Вешала и неговиот атар. Растојанието помеѓу Бозовце и Вешала е 2 км по пат. На југ граничи со Општина Боговиње, поточно со атарите на селата Јеловјане, Урвич и Ново Село. На запад граничи со Република Косово.
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 56,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 3.559,4 ха, шумите заземаат површина од 1.123,5 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 506,8 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.[3]
Согласно 2022 година, Бозовце има места кои нудат угостителски услуги со традиционално подготвена храна.[4] Селото има продавница, согласно 2020 година.[5]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
На крајот од XIX век Бозовце е албанско село во Тетовската каза на Османлиското Царство. Според статистикате од 1900 г. „Бозовци“ е село, неселено од 330 жители Арнаути муслимани.[6]
Според статистиките од 1929 година, селото споменато како Бозовец припаѓало во Селечката општина со средиште во Шипковица и има 73 куќи со 472 жители Албанци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.[8]
Во 1961 година селото броело 837 жители, од кои 754 биле Албанци и 64 жители Турци, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 1.012 жители, од кои 998 се Албанци и четири жители Турци.
Според пописот од 2002 година селото има 924 жители, од кои 1 Македонец, 921 Албанец и 2 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 174 жители, од кои 137 Албанци, 1 останат и 36 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 330 | — | 695 | 759 | 837 | 1.092 | 1.053 | 0 | 1.012 | 924 | 174 |
Како најстари албански родови во селото Бозовце се споменуваат двата рода: Алиалар (25 куќи) и Укалар (25 куќи). По потекло се од Љума (во денешна северна Албанија), а овде живеат од почетокот на XIX век.[15]
Бозовце е албанско село по народност.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Во селото постои избирачкото место бр. 2085 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 957 гласачи.[19]
На два километра од селото се наоѓаат познатите Шарпланински езера Голем, Мал и Црн Ѓол.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.