Кривошијска Река

водотек на Шар Планина From Wikipedia, the free encyclopedia

Кривошијска Река — краток водотек во долината Лешница, Шар Планина. Таа е притока на Пена.[1] Таа е долга околу 3,5 км.[2]

Кратки факти Кривошијска Река, Местоположба ...
Кривошијска Река
Thumb
Реката во 2023 година
Thumb
Местоположба
ДржаваМакедонија
Физички особености
ИзворШар Планина
УстиеПена
Должина3,5 км
Особености на сливот
ТечениеПенаВардарЕгејско Море
Затвори

Особености

Thumb
Реката во долниот тек.

Реката тече речиси во меридијански правец од југ кон север. Нејзиното извориште (41.987904°N 20.782633°E / 41.987904; 20.782633) е на 2200 до 2300 м надморска височина во циркот Кривошија/Крива Шија, западно од Титов Врв. Во Пена се влева на надморска височина од 1500 м (42.01882°N 20.77876°E / 42.01882; 20.77876), што значи дека на така кратка должина има огромен пад од дури 700 м. Најголем дел од водата во изворите на рекичката потекнува од врнежите и топењето на снегот во циркот.[3]

Thumb
Горната Кривошијска Када.

Во долниот тек на реката се наоѓаат Кривошијски Кади, наречени Кривошијски Слап,[4] или Долно Цкало. Тие се мали водопади кои прават кади во коритото. Слапот се наоѓа на надморска височина помеѓу 1550 и 1600 м и се состои од вкупно 6 водопади. Посебно истакнат е горниот водопад висок 11,2 м (6,7+4,5 м) чија вода паѓа во кружно издлабена карпеста сала, создавајќи голем базен (џиновски лонец/када) на дното.[3]

На 30-тина метри низводно се долните четири водопади скалесто наредени еден под друг, чија вкупна височина е околу 30 м. Поради всеченоста на водопадите во карпите, тие делумно се задскриени од погледот и тешко може целосно да бидат видени (всушност, може, но пристапот е ризичен). Затоа пак, високиот пад на водата создава силна бука која се слуша од далеку. Според проценките на д-р Ивица Милевски и ост., протекот на водата на овој слап е од 30 литри во секунда во август и септември, до преку 300 литри во секунда во мај и јуни, за што сведочат крупните валутоци и парчиња карпи по дното.[3]

Во горниот тек на реката се наоѓа Кривошијскиот Водопад,[4] наречен и Горно Цкало.[1][2]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.