Remove ads
јавна површина и минувачница во населено место From Wikipedia, the free encyclopedia
Улица[1][2] или сокак[3][4] — јавна површина, најчесто поплочена, со придружна изградена околина. Таа претставува јавна земјишна парцела во урбаните области која ги поврзува зградите и каде луѓето можат слободно да се движат, да се собираат и да комуницираат. Улицата може да биде обична земјена патека, но најчесто е поплочена со тврда подлога, како: бетон, асфалт или плочки. Таа е оспособена за движење на пешаците и на сообраќајните средства (автомобили, трамваи, автобуси, итн.).
Првобитно, зборот „улица“ означувал поплочен пат (латински: via strata), но и ден-денес, во колоквијалната употреба претставува синоним за „пат“. Сепак, жителите на градовите и урбаните планери прават разлика меѓу овие два поима: главната функција на патот е транспортот, додека улицата ја олеснува јавната интеракција.[5] Навистина, градските улици служат и за транспорт, но патиштата, како што се магистралните патишта и автопатиштата, вообичаено не служат за движење на пешаците и за интеракција меѓу луѓето.[6][7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.