Remove ads

Иако сите основни одлики на панкот (на англиски punk) — верноста на триакордните песни и едноставните мелодии — се содржани во опусот на Лу Рид и Velvet Underground, Iggy & The Stooges и MC5, панкот како жанр се афирмира на двете страни на Атлантикот дури во втората половина на седумдесеттите години на минатиот век. Се претпоставува дека изразот „punk“ го создале двајца критичари, Лестер Бенгс и Дејв Марш, опишувајќи ја музиката и ставот кои го пропагирале групите од типот на MC5 и New York Dolls.

Thumb
„Рамоунс“ на концерт
Remove ads

Потекло и развој

Панкот бил реакција на алчноста на дискографската индустрија, гломазноста и помпезноста на прогресивниот рок, на стадионските глам-рок атракции, слатката поп-продукција и социјалните прилики — посебно во Велика Британија. Поедноставно објаснување дал еден американски рок-критичар: “Панкот настојувал да му врати на рокот сето она што го изгубил станувајќи мегауспешен масовен феномен... да не се појавеше панкот, рокот би исчезнал“. Во САД панк-движењето се развило многу порано отколку во Велика Британија. Помеѓу почетниците треба да се спомнат The Ramones и групите и изведувачите собрани околу Њујоршкиот CBGB клуб, кои во текот на 1975 и 1976 настапуваат Пети Смит, Talking Heads, Heartbreakers и други.

Во Британија во втората половина на седумдесеттите години, минатиот век во првиот ред на панкот се појавуваат The Sex Pistols, чии главни одлики биле провокативниот сценски настап, експлозивни гитариски рифови на трагата на класичниот едноставен рокенрол од педесеттите и шеесеттите како на пример Eddie Cohran, Gene Vincent, The Who, Small Faces итн. како и анархоидни текстови. Претставниците на панкот се залагаат за идејата, рудиментарната енергија на базичниот рок и „направи-сам“ естетиката. Агресивните сценски настапи често биле компензација за слабите инструментални способности на изведувачот, но наспроти тоа панкот за себе го осигура огромниот одзив кај адолесцентската британска публика која, за разлика од американската, ги прифатила како генерациски исказ. Поради тоа тврдењето дека панкот никогаш не е “мртов“, туку менувајќи се, се разгранува и се трансформира, изгледа реално и вистинито.

Remove ads

Жанрови на панк-музиката

Оi Punk е всушност заложба за враќање на панкот од каде што и потекнал — на улицата, наспроти комерцијализацијата на неговиот првобитен бран (многу од првобитните бендови се искомерцијализирале, потпишале милионски договори со што првобитната идеја била компромитирана), потоа за враќање на сировоста и едноставноста наспроти претераната интелектуалност и артизам што довело и до отуѓувањето на панкот од улицата (по згаснувањето на Секс Пистолс еуфоријата Џони Ротен ги формира Public Image Limited и почнува да твори во некои позрели постпанк и психоделични води), како и заложби за обединување на субкултурните движења — панкерите и скинхедите кои претходно веќе постоеле како субкултура уште од крајот на шеесеттите но го прифатиле подоцнежното појавување на панкот.
Автентичното Oi движење било замислено како строго аполитично и како спротивставено и на левицата и на десницата, но постојат извесни исклучоци на заземање лева или десна политичка ориентација, и тоа во случајот со бендот Angelic Upstarts, кои отворено се декларираат како комунисти-троцкисти, Combat 84 кои кокетирале во извесни моменти со десницата од што подоцна ќе се отрнат итн. Автентичните Oi бендови ја критикувале и десницата (напр. се потсмевале на неонацистичката организација British Movement нарекувајќи ја "German Movement"), а од друга страна во текстот на песната "Suburban rebels" групата Business го критикува и лево-ориентираното студенско движење велејќи дека глумат револуционери, дека се од удобни домови на средната класа без никаква врска со пролетаријатот и дека мафтаат со срп и чекан, но никогаш со Британско знаме (осудувајќи ги за недостаток на патриотизам, кој е една од одликите на Oi движењето наспроти оние правци во панкот врзани за анархизмот или нихилизмот).
Битно е да се нагласи дека Oi панкот нема никаква поврзаност со неонацизмот како што тоа обично се тврди, за што впрочем и самиот негов „идеен татко“ сега познатиот британски новинар Garry Bushell постојано нагласува давајќи цврсти аргументи (имено самиот тој всушност бил активен социјалист и тоа токму во тоа време). Неонацистички бендови во рамките на панкот и скинхед движењето секако постојат, но тие не се дел од Oi, но претставуваат засебни правци (nazi-skinheads или nazi-punks, правецот Rock against Communism или RAC именуван како противодговор на Rock against racism и сл.). Сепак недоразбирањата околу евентуалната поврзаност на Oi поддвижењето на панкот со нацизмот и до ден денес постојат, што всушност и довело меѓудругото до недоволна медиумска експонираност на овие групи.
Oi панкот се нарекувал уште и streetpunk, reality punk или „пролетерски панк“ пред дефинитивно да го добие името Oi punk по песната "Oi, Oi, Oi" на групата Cockney Rejects, а самиот назив "Oi!" во англискиот секојдневен жаргон претставува повик за обрнување на вниманието („Еј!“), нагласувајќи дека се врзува за улицата и работничката класа, наспроти студентите најчесто од средната класа итн.
Во поглед на составот на луѓе инволвирани во ова движење имало и панкери и скинхедси, напр. додека групите 4 Skins, The Oppressed, Last resort и др. биле исклучиво составени од скинхедси, бендовите како Business и Blitz биле со мешан состав, а најбројни биле оние составени само од панкери: Sham 69, Infa Riot, Abrasive Wheels, Cockney Rejects итн.
Овој стил се појавува на крајот на седумдесеттите години на дваесеттиот век, а замира некаде во средината на осумдесеттите години, меѓудругото и како последица на „хајките“ и осудувањата за наводен неонацизам, особено по познатите големи нереди во Southall, при што група азиски емигранти го нападнале Oi концертот и неговите посетители сметајќи го за расистички. Овој голем инцидент бил употребен од печатот ненаклонет кон Oi движењето како аргумент дефинитивно да го етикетира како неонацистичко.
Познати Oi панк-бендови се The 4skins, The Business, Infa Riot, The Oppressed, Cockney Rejects и др.

Анархопанкот се раѓа во крајот на седумдесеттите и почетокот осумдесеттите години на дваесеттиот век , во музиката преовладува цврст панк-звук со анархистички текстови со антивоена, еколошка, антифашистичка и антикапиталистичка тематика (сходно на тоа, во поново време и со антиглобалистички пораки). За разлика од првобитниот бран на панкот (напр. Секс пистолс) кој „анархијата“ ја сфаќаше во некоја рудиментирана адолесцентска форма (како „хаос“, тотален нихилизам и просто уништување на се’ и сешто) со намера да го шокира естаблишментот, кај анархо-панкот веќе се гледа едно зрело и правилно сфаќање на анархизмот како борба против секој вид на власт и репресија, а за воспоставување на едно братско уредување на меѓусебните односи на луѓето, што е една идеологија со долго претходно постоење независно од панкот.
Најпозат анархопанк бенд е The Crass.

Горенаведените се само неколку подправци на панкот, а постојат и низа други, при што може да се констатира дека се работи за мошне хетерогена сцена отворена за разни идеи и често неортодоксна. Честопати е тешко да се разграничи точно каде се границите помеѓу одредени стилови. Восекој случај сето тоа влегува во катефоријата панк. Секој правец си има некои свои одлики често создадени под влијание на времето и средината во кои се појавиле, како и музичките влијанија врз нивните исполнители. Така на пример постои: Hard core punk (создаден првобитно во САД, но подоцна раширен низ светот, бендови: Black Flag, Minor Threat, Agnostic front и многу други. Хардкорот и самиот се има разграничено во многу подвидови, речиси како да е засебен правец: Њујоршки хардкор, Мелодичен хардкор, метализиран хардкор итн.), паралелно со него во Британија се формира т.н. UK 82 генерација на бендови (The Exploited, Charged GBH итн.), потоа како пожестока форма на анархопанкот се јавува crust punk, потоа постои ska-punk (со примеси на ска музика), мелодичен панк, punk'a'billy (со рокабили примеси од педесеттите год. на дваесеттиот век), панк со електронска музика (како напр. Sigue Sigue Sputnik) итн.
Како производ на панкот, веднаш по него на крајот на седумдесеттите се јави и мошне важниот и влијателен правец во музиката Новиот бран (New Wave), кој во своите почетоци беше интегрален дел од панкот, како некаков негов „поинтелектуален“ и „поумерен“ подправец (групи и изведувачи како: Devo, Elvis Costello & The Attractions, Blondie, XTC, Talking Heads итн. Во почетоците овие изведувачи и самите се декларираа а и од другите беа сместувани во Панк, за подоцна да се одделат во еден засебен new wave правец. По неговото замирање негови деривати беа помрачниот алтернативен post-punk (напр. бендовите Gang of Four, Joy Division итн.), поискомерцијализираниот New romantics (Duran Duran, Spandau Ballet), потоа Synthpop или electro-pop итн.

Во деведесеттите години на дваесеттиот век дојде до своевиден ривавјл на панкот што доведе до повторно зголемено интересирање за него, создавање на нови и реоформување на многу од старите бендови, вклучително и на Секс Пистолс за Filthy Lucre Live турнејата.

Изведувачи и албуми типични за правецот на панк-музиката

  • New York Dolls, Red Patent Leather (1975)
  • The Sex Pistols, Never Mind The Bollocks… (1977)
  • Ramones, Rocket to Russia (1977)
  • Buzzcocks, Singles Going Steady (1979)
  • The Clash, The Clash (1977)
  • The Jam, In The City (1977)
  • The Damned, Damned, Damned, Damned (1977)
  • The Stranglers, No More Heroes (1977)
  • Wire, Pink Flag (1977)
  • Iggy Pop, Lust For Life (1977)
  • Oi Polloi (сите албуми)
Remove ads

Панкот како тема во популарната култура

  • „Панк! Панк! Панк!“ — песна на македонската рок-група Верка од 2010 година.[1]
  • „Јас не сум панкер“ (англиски: I'm Not A Punk) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[2]
  • „Панкер од плакарот“ (Closet Punk) — песна на американската панк-група D.R.I. од 1983 година.[3]
  • „Сид Вишс беше невин“ (англиски: Sid Vicious Was Innocent) — песна на британската панк-рок група The Exploited од 1982 година.[4]
  • „Панкот не е мртов“ (англиски: Punks Not Dead) — песна на британската панк-рок група The Exploited од 1981 година.[5]
  • „Џуди е панкерка“ (англиски: Judy Is A Punk) — песна на американската панк-рок група Рамоунс (Ramones) од 1976 година.[6]
  • „Шина е панк рокерка“ (англиски: Sheena Is A Punk Rocker) — песна на Рамоунс од 1977 година.[7]
  • „Панкот е мртов“ (англиски: Punk is Dead) — песна на панк-рок групата Крас (Crass) од 1978 година.[8]
  • Сид и Ненси“ (англиски: Sid & Nancy) — британски филм од 1986 година, во режија на Алекс Кокс (Alex Cox).[9]
  • Гнасотијата и бесот“ (англиски: The Filth and the Fury) — британски документарен филм од 2000 година, во режија на Џулиен Темпл.[10]
  • Панкот не е мртов“ — македонски филм од 2011 година, во режија на Владимир Блажевски.
  • Грубо момче“ (англиски: Rude Boy) — британски филм од 1980 година, во режија на Џек Хезан (Jack Hazan) и Дејвид Мингеј (David Mingay).[11]
Remove ads

Статии на Википедија во врска со панк-музиката

Прапанк
Панк-музика
Панк-субкултура
Панк-идеологија
Oi панк
Скинхедси
Движењето „Скинхедси против расните предрасуди“
Street punk
Хардкор-панк
Анархо-панк
Crust punk
UK 82 генерацијата
наци скинхеди
Нацистички панк
Комунистички и Анархистички Скинхеди
Ska-punk
Мелодичен хардкор
Панкабили
Новиот бран
Post-punk

Надворешни врски

Наводи

Remove ads

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads