From Wikipedia, the free encyclopedia
Карфиол (Brassica oleracea var. botrytis) - една од одгледуваните сорти на дива зелка. Името потекнува од италијанскиот збор cavoli fiori.
Карфиол | |
---|---|
припитомен | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Brassicales |
Семејство: | Brassicaceae |
Род: | Brassica |
Вид: | B. oleracea |
Сорта: | Brassica oleracea var. botrytis |
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 104 kJ (25 kcal) |
5 г | |
Шеќери | 1,9 г |
Влакна | 2 г |
Масти | 0.3 г |
1,9 г | |
Витамини | |
Тиамин (Б1) | (4 %) 0,05 мг |
Рибофлавин (Б2) | (5 %) 0,06 мг |
Ниацин (Б3) | (3 %) 0,507 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (13 %) 0,667 мг |
Витамин Б6 | (14 %) 0,184 мг |
Фолна кис. (Б9) | (14 %) 57 μг |
Витамин Ц | (58 %) 48,2 мг |
Витамин Е | (1 %) 0,08 мг |
Витамин К | (15 %) 15,5 мг |
Минерали | |
Калциум | (2 %) 22 мг |
Железо | (3 %) 0,42 мг |
Магнезиум | (4 %) 15 мг |
Манган | (7 %) 0,155 мг |
Фосфор | (6 %) 44 мг |
Калиум | (6 %) 299 мг |
Натриум | (2 %) 30 мг |
Цинк | (3 %) 0,27 мг |
Други состојки | |
Вода | 92 г |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Карфиолот потекнува од Мала Азија и Средоземјето.
Карфиолот е едногодишно растение од семејството зелки, му припаѓа на групата на најквалитетен зеленчук кај кого за исхрана се користи неразвиено соцветие (глава), најчесто со бела боја. Карфиолот се одликува со задебелено и скратено стебло и сочна (најчесто бела) дршка соцветие, заради кое се одгледува. Наведените сочни делови на растението се користат во исхраната на човекот. Соцветието може да се јаде свежо, варено или како туршија.
Деловите кои се консумираат содржат многу сирови белковини со значителна содржина неопходни аминокиселини, витамина C, а особено витамина B2, железо и фосфор. Енергетската вредност на карфиолот е 98 кЈ.
Постојат следните типови карфиол:
Карфиолот е осетлив на високи температури. Оптималната температура за растење му е 18 °C, додека на 25 °C доаѓа до запирање на растот и цветењето. Најдобро успева на средно тешки плодни земјишта со неутрално до слабо кисела реакција на земјиштето.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.